Ашерслебен
Ашерслебен | |
Поглед од Рондел на црквата Свети Стефан | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Залцланд |
Градски единици | 6 |
Градоначалник | Андреас Михелман |
Основни податоци | |
Површина | 156 км2 |
Надм. височина | 114 м |
Население | 26.604 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 171 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SLK |
Пошт. бр. | 06449 |
Повик. бр. | 03473 |
Портал | www.aschersleben.de |
Местоположба на градот Ашерслебен во рамките на округот Залцланд | |
Координати | 51°45′N 11°28′E / 51.750° СГШ; 11.467° ИГД |
Ашерслебен (германски: Aschersleben) — град во округот Залцланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на приближно 22 километри источно од Кведлинбург и 45 километри северозападно од Хале (Зале).
Историја
[уреди | уреди извор]Пред 20 век
[уреди | уреди извор]Ашерслебен бил првпат споменат во 753. Латинското име на градскиот замок, Ascharia, произлегува од името на династијата Асканија. Од 1252–1315 Ашерслебен бил главен град на Анхалт-Ашерслебен, по што влегло во Бискупијата Халберштат. По Вестфалскиот мир во 1648, станал дел од Кнежевство Халберштат. Ашерслебен станал дел од пруската Провинција Саксонија во 1815.
Нацистичка Германија
[уреди | уреди извор]Објект за сериско производство на трупот на Junkers се наоѓале во Ашерслебен во текот на Нацистичка Германија. Во април 1935, алатите биле префрлени во Ашерслебен и од мај 1935 почнале да се прават првите трупови. Објектот се наоѓал на Вилслебенер Штрасе 9 близу т.н. Зевизен, каде бил изграден аеродромот. Фабриката во Ашерслебен достигнала 564.000 метри квадратни и околу 6.000 вработени.
Во текот на Втората светска војна, подкампот на Бухенвалд се наоѓал во градот. Бил основан за да обезбедува ропска работна сила за Junkers (воздухопловство) и Motorenwerk (автомобили).[2]
Од јули 1944 околу 950 затвореници од концентрационите логори биле присилени да работат за Junkers Flugzeugwerke во Ашерслебен. Во април 1945, производството било прекинато. На 17 април, американските сили го окупирале Ашерслебен, но на 23 мај градотр бил предаден на британските трупи и подоцна на 1 јули, конечно, на советските војници.
Ашерслебен бил бомбардиран на следниве датуми во текот на војната:
- 1 април 1942 - првиот британски бомбашки напад
- 20 февруари 1944 - американски напади, неуспешни поради облачното време
- 31 март 1945
- 14 април 1945
На крајот на Втората светска војна Junkers-Ашерслебен бил скоро непроменет и производството било само променето за Хајнкел Хе162. Повеќето инсталации биле размонтирани и транспортирани во Киев во Советскиот Сојуз од страна на Советите во 1946. Останатите згради во Ашерслебен подоцна биле користени од VEB Kombinat Fritz Heckert. Денес, областа е користена од Schiess AG.
По 1945
[уреди | уреди извор]Ашерслебен бил дел од Источна Германија до 1990, кога станал дел од Саксонија-Анхалт во текот на германското повторно обединување. На 1 јануари 2008, општините Дрондорф, Фреклебен и Меринген се припоиле кон Ашерслебен.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Неколку архитектонски стилови се претставени во Ашерслебен. Во историскиот центар доминираат романската (Grauer Hof), готската (Црква „Свети Стефан“), ренесансната (Градска куќа, Krukmannsches Haus) и барокната архитектура.
Постои прстен од згради во неокласичен стил и Југендстил околу историскио Стар град. Овие, пак, се опкружени и прошарани со згради од раниот модернизам како Хекнер-Баутен и згради од ерата на ГДР. Новите големи области, главно се северно и југоисточно од градот.
Има неколку Фахверк-згради во стариот град на Ашерслебен. Причината за ова е достапноста на добар камен материјал и отсуството на големи шуми во околината, како и бројните пожари пред XVI век. Сепак, постојат бројни објекти, кои се делумни во Фахверк, особено горните катови.
Друго
[уреди | уреди извор]Вендел Луис Вилки (18 февруари 1892 - 8 октомври 1944) корпорациски адвокат во Соединетите Американски Држави и кандидат за претседателските избори во 1940 година од Републиканската партија (ГОП), и покрај тоа што никогаш претходно не бил избран на политичка функција. Луис Вендел Вилки е роден во Елвуд, Индијана, тој бил син на Херман Вилки, германски имигрант од Ашерслебен и Хенриета Тиш.
Луѓе
[уреди | уреди извор]- Адам Олеариус (1603–1671), писател и дипломат
- Јохан Езајас Зилбершлаг (1721–1791), теолог и научник
- Јохан Август Ефраим Геце (1731–1793), зоолог
- Вилхелм Фридрих Випрехт (1802–1872), композитор
- Рудолф Кристијан Бетгер (1806–1881), хемичар и физичар
- Герд фон Рундштет (1875–1953), генерал од Втората светска војна
- Херман Гизелер (1889–1948), водач на синдикат
- Валтер Андреас Шварц (1913–1992), пејач
- Лило Рамдор (роден 1913), член на антифашистичката група Бела Роза.
- Ернст Клодвиг (1903–1973), возач во Формула 1
- Ото Арнт (1920–1992), политичар
- Герд Хефер (роден 1943), политичар
- Џон Лојшнер (роден 1980), германски експерт за преживување
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
- ↑ Едвард Виктор. Азбучен список на логори, подлогори и други логори. wwww.edwardvictor.com/Holocaust/List %20 of %20 camps. htm
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ашерслебен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 16 мај 2008 г.
|
|