Прејди на содржината

Бернбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бернбург
Грб на Бернбург
Бернбург во рамките на Германија
Бернбург
Управа
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
ОкругЗалцланд
Градски единици7
ГрадоначалникХенри Шице
Основни податоци
Површина113 км2
Надм. височина85 м
Население 32.261 (31 декември 2022)[1]
 - Густина285 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.SLK
Пошт. бр.06406
Повик. бр.03471, 034692
Порталwww.bernburg.de
Местоположба на градот Бернбург во рамките на округот Залцланд
Карта
Карта
Координати51°48′N 11°44′E / 51.800°N 11.733°E / 51.800; 11.733

Бернбург (германски: Bernburg) — град во Саксонија-Анхалт, Германија, главен град на округот Залцланд. Се наоѓа на реката Зале, околу 30 километри низводно од Хале. Во градот доминира неговиот огромен ренесансен замок, кој служи како музеј.

Црквата Свети Стефан во селото Валдау (кое станало дел од Бернбург во 1871) била првпат спомената во 964; сегашната зграда потекнува од околу 1150. Таа е попатна станица на Патот на романиката или Strasse der Romanik.

Бернбург има еден од кампусите на регионалните универзитети. Во нацистичко време во текот на Втората светска војна, градската психијатриска болница била неколку години користена за програмата за евтаназија Т-4.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Бернбург е збратимен со:

  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]