Маркгрофовска оперска куќа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Светско наследство на УНЕСКО
Маркгрофовска оперска куќа Бајројт
Назив според описот на списокот
Bayreuth, Markgr Opernh 1995.jpg
Маркгрофовска оперска куќа

Вид културно
Критериуми i, iv
Навод 1379
Регион по УНЕСКО Европа и Северна Америка
Запис
Прогласено 2012 (36. заседание)

Маркгрофовска оперска куќа (германски: Markgräfliches Opernhaus) или Маркгрофовска опера е барокна оперска куќа во градот Бајројт, Германија, изградена помеѓу 1744 и 1748 од Јозеф Сен-Пјер. Таа е една од неколку преостанати театри во Европа од овој период и била во голема мера обновена. Внатрешноста била дизајнирана од Џузепе Гали Бибјена и неговиот син Карло од Болоња во доцен барокен стил. Принцезата Вилхелмина од Прусија (постарата сестра на Фридрих Велики), жена на Фридрих (маркгроф на Бранденбург-Бајројт), учествувала како писател, играч, композитор, актер и режисер.

Големината на сцената (27 метри)[1] го привлекла Рихард Вагнер, кој подоцна ја изградил својата Фестивалска сала во Бајројт, северно од градот.

Секој септември, театарот е домаќин на Бајројтскиот барокен фестивал, со изведби на ретки оперски дела.

На 30 јуни 2012, оперската куќа била впишана во списокот за светско културно наследство на УНЕСКО.[2]

Театарот е затворен од август 2012 поради опсежно реновирање и реконструкција, процес кој се очекува да трае неколку години.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]