Доротеја Еркслебен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Доротеа Еркслебен
Dorothea Erxleben.jpg
Роден13 ноември 1715
Кведлинбург, Кралство Прусија
ПочиналПредлошка:Почината на и возраст
Кведлинбург, Кралство Прусија
НационалностГерманка
Полињамедицина
Влијание одЛаура Баси

Доротеа Кристијане Еркслебен (германски: Dorothea Christiane Erxleben; р. како Лепорин; 13 ноември 1715 во Кведлинбург13 јуни 1762 во Кведлинбург[1]) ― прва лекарка во Германија и прва жена со лиценца за лекар од службено медицинско тело.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Еркслебен се запознала со медицина од рана возраст благодарение на нејзиниот татко.[3] Италијанската научничка и академик, Лаура Баси, ја инспирирала Еркслебен во борбата за нејзиното право да практикува медицина. Во 1742 година, таа објавила Трактат во кој го изразила своето тврдење дека на жените треба да им се дозволи да студираат на универзитет.[4]

Откако била примена на студии со специјално одобрение од тогашниот владетел на Кралството Прусија, Фридрих Велики,[3] Еркслебен ја добила својата титула како доктор по медицина од Универзитетот во Хале во 1754 година.[4] Со ова таа станала првата Германка која ја добила оваа титула.[5] Таа продолжила да ги анализира препреките што ги спречуваат жените да студираат, со особен акцент на домаќинство и мајчинството/децата.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Таа била мајка на Јохан Кристијан Поликарп Еркслебен. Еркслебен и нејзиниот брат Кристијан Поликарп Лепорин студирале основни науки, латински јазик и медицина со нивниот татко Кристијан Поликарп Лепорин.[6][7] Нејзиниот татко бил лекар во Кведлинбург во Прусија. Таа главно лекувала сиромашни луѓе. Идејата жена да студира медицина во тоа време била шокантна, особено затоа што во тоа време со закон било забрането за жените да вршат јавни функции, па според тоа се сметало дека жените не треба да практикуваат медицина или да добијат медицинска диплома. Тројца лекари од Кведлинбург ја обвиниле Еркслебен за дилетантизам и побарале да се преиспита нејзината работа и знаење. Ректорот на Универзитетот „Мартин Лутер“ во Хале-Витенберг одлучил дека практикувањето медицина не е исто што и извршувањето јавни функции и ѝ дозволил на Еркслебен да го полага испитот. Откако го положила испитот, неа ѝ била доделена медицинска диплома на 12 јуни 1754 година.[8]

Трактат[уреди | уреди извор]

Еркслебен ја проучувала медицинската теорија на Георг Ернст Стал, поврзана со пиетизмот. Ова ја инспирирало Еркслебен да ги преиспитува теолошките и филозофските основи според кои жените биле ставени во подредена положба. Предвидувајќи критики за нејзиниот став од двата пола, Еркслебен во својот текст им се обраќа на сите читатели, мажи и жени. Таа се служела со јазикот на „скромност“, вообичаен метод што го користеле жените во Кверел де Фемс (Querelle Des femmes), додека им се обраќала на машките читатели. Била директна и критична кон изговорите на жените што се користеле за да се избегне едукација за подобрување на нивниот живот. Била свесна дека некои жени се изложени на тешка физичка работа при грижа за домаќинството и имаат малку време да се образоваат. И покрај ова, таа го критикувала недостатокот на желба за образование.[9]

Почит[уреди | уреди извор]

На 13 ноември 2015 година, Гугл го прослави нејзиниот 300. роденден со Google Doodle.[10]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Buchheim, Liselotte (1959) "Erxleben, Dorothea ". Нова германска биографија (NDB). 4. Berlin: Duncker & Humblot. стр. 637. (цел текст)
  2. Schiebinger, L. (1990): "The Anatomy of Difference: Race and Sex in Eighteenth-Century Science", pg. 399, Eighteenth Century Studies 23(3) pgs. 387-405
  3. 3,0 3,1 Sutherland, M. (1985): Жени кои предаваат на универзитети (Trentham Books) стр. 118
  4. 4,0 4,1 Offen, K. (2000): European Feminisms, 1700-1950: A Political History (Stanford University Press), pg. 43
  5. Schiebinger, Londa, The mind has no sex?: Women in the origins of modern science (Harvard University Press, 1991).
  6. "Erxleben, Dorothea (1715–1762)." Encyclopedia.com. HighBeam Research, n.d. Web. 24 Nov. 2014.
  7. „Erxleben, [née Leporin] Dorothea (Christiana) - The Palgrave Macmillan Dictionary of Women's Biography - Credo Reference“. search.credoreference.com.
  8. "Erxleben, Dorothea Christiana Leporin (1715 - 1762)." The Cambridge Dictionary of Scientists. Cambridge: Cambridge University Press, 2002. Credo Reference. Web. 24 November 2014.
  9. Poeter, Elisabeth. “Gender, Religion, and Medicine in Enlightenment Germany: Dorothea Christiane Leporin’s Treatise on the Education of Women.” NWSA Journal 20.1 (Spring 2008): 99-119. JSTOR. Web. 24 November 2014.
  10. „Dorothea Christiane Erxleben's 300th Birthday“. Google. 13 November 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]