Музејски Остров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Светско наследство на УНЕСКО
Музејски Остров
Назив според описот на списокот
Стариот музеј, јуни 2003.
Вид Културен
Критериуми ii, iv
Навод 896
Регион по УНЕСКО Европа и Северна Америка
Запис
Прогласено 1999 (23то. заседание)

Музејскиот Остров (герм. Museumsinsel) во Берлин е името на северната половина од островот во реката Шпре која протекува низ центарот на Берлин, и на кој се наоѓаат неколку светски познати музеи кои ги поставил уште прускиот крал Фридрих Вилхелм IV во 1841. Изградени од неколку последователни Пруски кралеви, колекциите на уметност и археологија биле преобразени во јавна фондација (Фондација за Пруско културно наследство) по 1918 г., и таа се грижи за музеите до денес.

Колекциите биле ограбени и поделени по Втората светска војна, но денес се обединети и прибрани, со исклучок на Пријамовото азно, исто познато и како Златото на Троја, откопано од Хајнрих Шлиман во 1873, потоа прошверцувано од Турција во Берлин, а денес се наоѓа во Пушкиновиот музеј во Москва, Русија.

Постојат неколку музејски поставки во посебни згради:

  • Новиот музеј се наоѓа позади Стариот музеј, бил завршен во 1859. год., бил скоро целосно уништен во Втората светска војна, а денес се реконструира. Кога ќе биде завршен во 2009., се планира да ја содржи Египетската и предисториската поставка, како и пред војната.
  • Старата национална галерија била изградена во 1876. и во неа е изложена уметност од 19. век донирана од банкарот Јоаким Х.В. Вагенер. Колекцијата била значајно зголемена, и денес е една од најголемите збирки на скулптури и слики од 19. век во Германија. Денес, галеријата ги изложува само сликите, а скулптурите се изложени во блиската Фридрихсвердерска црква.
  • Кајзерфридриховиот музеј бил отворен во 1904., денес е Музеј „Боде“. Сместен е на северниот врв на островот и лесно е препознатлив по бакарната купола. Содржи колекции од антички и византиски скулптури и уметнички предмети.
  • Последниот изграден, и можеби највреден музеј е Пергамон, завршен во 1930. година, кој изложува реконструкции во оригинална големина на монументални антички згради, како што се Пергамонскиот олтар, портата Иштар на Вавилон и портата на пазарот во Милет. Овие реконструкции се состојат од оригиналните делови пренесени од местата кајшто се пронајдени.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]