Градинарско кралство Десау-Верлиц

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Градинарско кралство Десау-Верлиц*
Светско наследство на УНЕСКО

Wörlitzer See mit St. Petri.jpg
Држава Германија
Тип културно
Критериуми ii, iv
Навод 534
Регион** Европа и Северна Америка
Записно минато
Запис 2000  (24-то заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Градинарското кралство Десау-Верлиц, исто така познато како Англиски градини Верлиц, е една од првите и најголемата англиска градина во Германија и континентална Европа. Била создадена во доцниот 18-ти век под водство на војводата Леополд III од Анхалт-Десау (1740-1817), враќајќи се од големата турнеја низ Италија, Холандија, Англија, Франција и Швајцарија, ја преземал акцијата заедно со неговиот пријател архитект Фридрих Вилхелм фон Ердмансдорф. Двајцата силно под влијание на идеалите на просветителството, имале за цел да го надминат концептот на формална градина во време на барокот во корист на натуралистички пејзаж, како што тие ги виделе градините во Сторхед и Ерменонвил. Денес, културниот пејзаж Десау-Верлиц се протега на површина од 142 км², во рамките на биосферниот резерват Средна Елба во германската покраина Саксонија-Анхалт.

Оранинбаум[уреди]

Дворец Оранинбаум

Градините потекнуваат од 17-от век, кога бракот на прадедото на Леополд принцот Јохан Георг II од Анхалт-Десау со холандската принцеза Хенриет Катарина, ќерка на принцот Фредерик Хендрик од Оранје (холандски: Oranje), во 1659 донеле тим на инженери и архитекти од долните земји под контрола на архитектот Корнелис Рикверт. Тие имале план да се постават дворец и барокна градина во поранешната населба Nischwitz, надвор од градот, која била преименувана Оранинбаум во 1673. Холандското влијание останало присуство во кнежеството Анхалт-Десау многу декади.

Дворецот Оранинбаум бил завршен во 1683, како летна резиденција на Хенриет Катарина, каде таа се повлекла по смртта на нејзиниот сопруг во 1693. Богатиот мебел, вклучува кожни позадини и трпезарија опремена со грнчарии од Делфт. Од 1780, војводата Леополд III ги обновил дворецот и парко во кинески стил, според теориите на сер Вилијам Чемберс, со неколку моста во лак, куќа за чај и пагода. Во 1811, била изградена оранжерија, со 175-те метри во должина е една од најголемите во Европа, која сè уште служи за заштита на големата збирка на стебла на цитрони. Дворецот Оранинбаум заедно со паркот и геометриската населба создаваат еден од неколкуте оригинални холандски барокни градски пејзажи во Германија. Кралицата Беатрикс од Холандија, принцеза од династијата Оранје-Насау, ја надгледувала обновата на 3 март 2004.

Парк Верлиц[уреди]

Поглед од гондола
Дворец Верлиц
Камениот остров и вилата Хамилтон

Централниот парк Верлиц се наоѓа во непосредна близина на малиот град Верлиц на бреговите на реката Елба, правејќи го богат со вода и разновидност. Бил направен помеѓу 1769 и 1773 година, како една од првите англиски градини на континентот. Според идеалите на војводата Леополд III, паркот требало да служи како образовна институција по архитектура, градинарство и земјоделство, така што големи делови биле отворени за јавноста од самиот почеток. Повеќето згради биле проектирани од Ердмансдорф, додека градините биле по предлог на Јохан Фридрих Ојзербек (1734-1818), архитект за градини, кој бил задолжен да направи градини како британските пејзажни градини. Градините се заштитени од поплави од реката Елба на северот со брана, која е исто така и појас за прошетка, кој нуди бројни погледи долж панорамата на паркот.

Дворецот Верлиц бил завршен во 1773, резиденција на војводата Леополд и неговата жена Луис од Бранденбург-Швет, бил првата неокласична зграда во денешна Германија. Дворецот и неговата внатрешност со вредни соби од студиото на Абрахам и Давид Рентген, како и големата збирка на порцеланот Wedgwood биле јавно достапни. Луис имала приватен дом во близина на Graues Haus (сива куќа). На источниот крај на градината на палатата се наоѓа синагогата Верлиц, изградена во 1790 како ротонда, направена според античкиот „храм на Веста“ во Тиволи. Градбата ја покажала верската толеранција на Леополд и била сочувана од нередите во погромот наречен „Кристална ноќ“ во 1938 од страна на вработен во паркот, кој веднаш потоа ја загубил работата. Неоготската црква Свети Петар во западниот дел со нејзината 66 метри висока купола била завршена во 1809.

Филозофијата на Жан-Жак Русо и естетиката на Јохан Јоаким Винкелман придонеле за дизајнот на паркот. Русо видел во земјоделството од секојдневниот живот и посочил на образовните функции на природниот пејзаж. Неизненадувачки, најелегантниот пејзаж во околината е островот Русо во градината Нојмарк, каде е извршена имитација на островот во паркот Ерменонвил, каде што филозофот е погребан.

Езерото Верлиц прикажува остров, на кој е направен модел на вулканот Везув. Војводата сакал да прави огномети, кои ќе изгледаат како да еруптира вулканот за да ги забавува своите гости. На подножјето на планината на островот е изградена градба со намера да потсети на домот на Вилијам Хамилтон на Помпеја, каде то ги извршил неговата познати археолошки работи.

Помали градби во градинарското кралство, се протегаат на околу 25 километри, имаат далекусежни последици во архитектурата на Централна Европа. „Готската куќа“, почната од Ердмансдорф во 1774, направена според вилата на Хорас Волпол кај Стробери Хил, била една од првите неоготска градба на континентот. Паркот прикажува реплика на римските храмови, вклучувајќи го Пантеон изградена во 1795. Во раните години на следниот век, пејзажот бил збогатен со неоготските цркви во соседните села Ризигк (1800) и Фокероде (1811).

Во основа, поделен е на четири дела со градбата на железничката линија и автопатот 9 во 1930-тите, кои биле назначени како светско културно наследство од УНЕСКО во 2000. ИКОМОС, меѓутоа, забележува дека „целокупната структура на пејзажот води кон влошување“ [1]. Моментално, поминува пат само на неколку метри од островот Русо.

Други[уреди]

Замок Лујзиум
Замок Георгиум

Други градби во градинарското кралство ги вклучуваат замокот Лујзиум, кој се наоѓа во округот Валдерзе на Десау, бил подарок од војводата Леополд III на неговата жена Луис. Бил граден од 1774 во неокласичен стил како дом според плановите на Ердмансдорф со непосредни градини, пасишта и фарма за коњи. Леополд умрел во замокот на 9 Август 1817 како последица на пад при јавање.

Јохан Георг (1748-1811), помладиот брат на војводата Леополд III, го подигнал замокот Георгиум во 1780 со Ердмансдорф. Се наоѓа во крајбрежните областа северно од Десау, замокот вклучува англиска градина со неколку споменици. Денес, Георгиум е седиште на уметничката збирка на Анхалт, меѓу нив дела од Албрехт Дирер - особено „Меланхолија I“ - и Лука Кранах Постариот.

Замокот Мозигкау на западот од Десау е еден од неколкуте рококо дворци во Централна Германија, сличен на Сансуси во Потсдам, кој бил дизајниран од Георг Венцеслав фон Кнобелсдорф. Бил граден помеѓу 1752 и 1757 за Ана Вилхемина од Анхалт-Десау, ќерка на принцот Леополд I. Комплексот вклучува оранжерија и уметничка збирка на фламански барокни слики, кои произлегуваат од сојузнот на војводата Јохан Георг II со династијата Оранје-Насау, која вклучува дела од Петар Паул Рубенс и Антонис ван Дајк.

Замокот Гроскинау го обележува западниот крај на градинарското кралство. Бил изграден во 1780 за Алберт од Анхалт-Десау, помладиот брат на војводата Леополд III, на езерото Кинау. Паркот вклучува неколку вештачки острови, овоштарници и лозови насади. Денес, замокот е седиште на Kulturstiftung Dessau-Wörlitz, тело за раководење со паркот. Исто така, градинарското кралство вклучува и шумска колиба на планината Лајнер, изградена во 1830, сега ресторан близу велосипедската патека Елба и шумскиот парк Зиглицер Берг утврден во 1777.

Извор[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]