Од Википедија — слободната енциклопедија
Ораниенбаум (германски: Oranienbaum) — поранешен град и поранешна општина во округот Витенберг, во Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2011 е дел од градот Ораниенбаум-Верлиц. Се наоѓа јужно од реката Елба, источно од Десау.
Поранешната населба Nischwitz (Нишвиц) била преименувана во 1673 по грофицата Хенриета Катерина од Насау, дел од династијата Орање-Насау (холандски: Oranje-Nassau) и принцеза на принцот Јохан Георг II од Анхалт-Десау. Од 1683, таа го градела дворецот Ораниенбаум, според плановите на холандскиот архитект Корнелис Рикверт. Денес, парковите се вклучени во градинарското кралство Десау-Верлиц, светско културно наследство на УНЕСКО од 2000.
- Дворец Ораниенбаум, парк и кинеска градина со пагода
- Барокна парохиска црква, изградена во 1712
- Монументална патека со 29 станици
- Историски плоштад
- Холандски архитектонски стил од 19. век
Внатрешноста на дворецот во Ораниенбаум
Внатрешноста на дворецот во Ораниенбаум