Пантеон (Рим)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Rmn-social-header-1-.svg
Пантеон
Пантеон
Пантеон
Место Порачје IX „Циркус Фламиниус“
Изградено 126 н.е.
Градител Публиј Елиј Адријан
Тип на градба Римски храм
Поврзани статии Марко Випсаниј Агрипа, Адријан, Аполодор Дамаски
Blue pog.svg
Пантеон

Пантеонот во Рим (од грч. Πάνθειον = за сите богови) е една од најдобро сочуваните монументални згради од антиката. Изграден е во 125 год. и оттогаш е во постојана употреба. Првобитно бил изграден од Марко Агрипа, конзул на Рим, во 27 година пне, но по уништувањето од пожар во 80 година, бил целосно обновен од императорот Адријан во 125 година од новата ера. Со сигурност не се знае дали Пантеонот навистина служел како храм на сите божества или само за некои од нив. Се смета дека негов архитект е Аполодор Дамаски.

Пантеонот е огромна градба, која се состои од влезен правоаголен дел кој се потпира на колонада од столбови, и главен цилиндричен дел покриен со купола. На врвот куполата е отворена, отворот е со дијаметар од 6 m, и кога врне дождот паѓа во храмот. Висината на куполата е 43,3 m, исто како и нејзината ширина. Огромната бронзена порта на влезот е оригинална, од античко време. Во своето време, Пантеонот бил импозантна градба, и бил инспирација за градителите во ренесансата од 13-14 век кога за првпат се направени и поголеми градби.

Една од причините што Пантеонот не бил уништен како многу други пагански градби од страна на христијаните, е што од VII век до денешен ден функционира како црква. Во него се погребани италијанските кралеви Умберто I и Виторио Емануеле II, како и познатиот сликар од XVI век Рафаел.