Од Википедија — слободната енциклопедија
- За останати значења на поимот Бистрица видете ја страницата за појаснување.
Банска Бистрица
Банска Бистрица (словачки: Banská Bystrica, германски: Neusohl, унгарски: Besztercebánya) — град во централна Словачка кој се наоѓа на реката Хрон и долина опколена од планините Ниски Татри, Голема Фатра и Кремница. Со околу 81.281 жител, Банска Бистрица е шестата најнаселена општина во Словачка[1] Местото за првпат било населено како постојана населба во 9 век и се стекнал со статус на општина за време на Кралството Унгарија во 1255. Градот е центар на регионот Банска Бистрица и округот Банска Бистрица.
Банска Бистрица е збратимена со неколку градови:[2]
- Алба, Италија (од 1967)
- Чарлстон, Западна Вирџинија, САД (од 2009)
- Дурхам, Обединетото Кралство (од 1967)
- Храдец Кралове, Чешка (од 1967)
- Шалготарјан, Унгарија (од 1967)
- Тула, Русија (од 1967)
- Херзлија, Израел (од 1995)
- Лариса, Грција (од 1995)
- Монтана, Бугарија (од 1995)
- Тарнобрег, Полска (од 1995)[3]
|
|