Дабаш
Dabas Дабаш | |||
---|---|---|---|
град | |||
Црква во Дабаш. | |||
Округ | Унгарија | ||
Округ | Пешта | ||
Дистрикт | Дабаш | ||
Површина | |||
• Вкупна | 165,99 км2 (6,409 ми2) | ||
Население (2004) | |||
• Вкупно | 16.093 | ||
• Густина | 96,95/км2 (25,110/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Пош. код | 2370 | ||
Тел. број | (+36) 29 | ||
Мреж. место | dabas.hu |
Дабаш ( унгарски: Dabas) — град во округот Пешта, Унгарија и центар на микрорегион. Има население од 16.000 жители.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот се состои од четири различни делови: Горен Дабаш , Долен Дабаш , Гион и Шари. Селото Дабаш веќе било населена населба во 1270 година, но во отоманската ера целиот регион станал целосно напуштен. Во 18 век, сопствениците на територијата создале четири нови села. Жителите на Горен Дабаш биле католички унгарски кметови, Долен Дабаш бил центарот на посиромашното благородништо (особено познатото семејство Халас), Шари бил населен со католички словачки колонисти и Гион од реформираните Унгарци и Евангелски словаци. Словаците од Шари го задржале својот национален идентитет до ден денес. Во 19 век, благородништвото во Долен Дабаш изградило неколку неокласични куќи - тие се главните атракции на градот денес. Двата Дабаши биле обединети во 1947 година, а во 1966 се приклучиле и другите две села. Во 1970те, Дабаш бил урбанизиран и бил изграден модерен градски центар со судска куќа, јавна школа, канцелариски блокови и голема стоковна куќа. Дабаш станал град во 1989 година.
Спорт
[уреди | уреди извор]Дабаш е дом на фудбалските клубови ФК Дабаш и Дабаш-Гион ФК кои моментално играат во Немзети Бајнокшаг III .
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Дабаш, Унгарија е збратимен со:
- Албенга , Италија
- Стонтон, Вирџинија , САД
- Банска Бистрица, Словачка
- Бараолт, Романија
- Тржич , Словенија
- Сента , Србија
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Дабаш“ на Ризницата ? |
- Матична страница - унгарски
- Видео за Дабаш Архивирано на 19 мај 2008 г.