Светокришко Војводство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светокришко Војводство
województwo świętokrzyskie
војводство
Знаме на Светокришко Војводство
Знаме
Грб на Светокришко Војводство
Грб
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Светокришкото Војводство
Окрузи во Светокришкото Војводство
Земја  Полска
Седиште Келце
Окрузи 1 градски, 13 земски *
Површина
 • Вкупно 11.672 km2 (4,507 sq mi)
Население (2014)
 • Вкупно 1.263.176
 • Густина 110/km2 (300/sq mi)
 • Градскo 581.322
 • Селско 700.474
Рег. таб. T
Мреж. место kielce.uw.gov.pl

Светокришко Војводство (полски: województwo świętokrzyskie, Швјентокшиско Војводство) — војводство во југоисточна Полска, во рамките на историската област Малополска. Наречено е по Светокришките Планини. Главен и најголем град е Келце.

Се граничи со шест други војводства: Мазовското на север, Лублинското на исток, Поткарпатското на југоисток, Малополското на југ, Шлеското на југозапад и Лоѓското на северозапад.

Создадено е на 1 јануари 1999 г. од Келечкото, источниот дел на Ченстоховското и западниот дел на Тарнобжешкото војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година. Зафаќа површина од 11.672 км2 и има 1.263.176 жители (2014).

Градови и гратчиња[уреди | уреди извор]

Келце — седиште на војводството.
Островјец Швјентокшиски — втор град по големина.
Сандомјеж — едно од најпосетуваните места во војводството.
Дворецот во Курозвенки.

Војводството има 32 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[1]

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Светокришкото Војводство е поделено на 14 окрузи, од кои 1 е градски, а 13 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 102 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2006)
Седиште Други градови Општини
Градски окрузи
Келце
Kielce
110 207.718 1
Земски окрузи
Буски
powiat buski
967 73.940 Буско-Здруј 8
Влошчовски
powiat włoszczowski
906 47.137 Влошчова 6
Јенджејувски
powiat jędrzejowski
1.257 89.304 Јенджејув Сенѓишув, Малогошч 9
Кажимјешки
powiat kazimierski
422 35.770 Кажимјежа Вјелка Скалмбмјеж 5
Келечки
powiat kielecki
2.247 198.581 Келце * Хенќини, Хмјелник, Далешице, Боѕентин 19
Коњечки
powiat konecki
1.140 84.239 Коњске Стомпоркув, Радошице 8
Опатувски
powiat opatowski
912 56.645 Опатув Ожарув 8
Островјечки
powiat ostrowiecki
616 116.179 Островјец Швјентокшиски Ќмјелув, Кунув 6
Пињчувски
powiat pińczowski
611 42.127 Пињчув Ѓалошице 5
Сандомјешки
powiat sandomierski
676 81.733 Сандомјеж Копшивница, Завихост 9
Скаржиски
powiat skarżyski
395 80.024 Скаржиско-Камјена Сухедњув 5
Стараховички
powiat starachowicki
523 94.395 Стараховице Вонхоцк 5
Сташувски
powiat staszowski
925 74.004 Сташув Полањец, Ошек 8
* седиштето не е дел од округот

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Статистички податоци“. архивирано од изворникот на 27 декември 2007 г.. https://web.archive.org/web/20071227152516/http://www.stat.gov.pl/gus/45_655_PLK_HTML.htm. посет. 2 јануари 2008 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]