Келечки Округ
| Келечки Округ powiat kielecki | |||
|---|---|---|---|
| округ | |||
| |||
Местоположба во Светокришкото Војводство | |||
| Земја | |||
| Војводство | Светокришко | ||
| Седиште | Келце | ||
| Општини | 19 | ||
| Површина | |||
| • Вкупно | 2.247,45 км2 (86,775 ми2) | ||
| Население (2017)[1] | |||
| • Вкупно | 210.102 | ||
| • Густина | 93/км2 (240/ми2) | ||
| • Градскo | 13.867 | ||
| • Селско | 196.235 | ||
| Пошт. бр. | TKI | ||
| Мреж. место | powiat.kielce.pl | ||
Келечки Округ (полски: powiat kielecki) — округ во Светокришкото Војводство, јужно-средна Полска. Создаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа усвоена претходната година. Седиште е градот Келце, иако не е дел од него. Опфаќа пет градови: Хенќини (14 км југозападно од Келце), Хмјелњик (32 км јужно од Келце), Далечице (17 км југоисточно од Келце), Боѕентин (25 км источно од Келце) и Моравица (13,7 км јужно од Келце).
Зафаќа површина од 2.247 км2 и има вкупно население од 208.798 жители (2016), од кои 4.421 живеат во Хенќини, 3.834 во Хмјелњик, 2.913 во Далечице, 2.247 во Боѕентин и 195.383 жители по селата.
Соседни окрузи
[уреди | уреди извор]Освен со градот Келце, округот се граничи со Коњечкиот Округ на север, Скаржискиот на североисток, Стараховичкиот, Островјечкиот и Опатувскиот на исток, Сташувскиот на југоисток, Бускиот и Пињчувскиот на југ, Јенджејувскиот на југозапад и Влошчовскиот на запад.
Управна поделба
[уреди | уреди извор]Округот е поделен на 19 општини, од кои 4 се градско-селски, а 15 се селски.
| Општина | Вид | Површина (км2) | Население (2016) | Седиште |
|---|---|---|---|---|
| Бјелини | селска | 88,1 | 10.197 | Бјелини |
| Боѕентин | градско-селска | 160,3 | 11.642 | Боѕентин |
| Гурно | селска | 83,3 | 14.056 | Гурно |
| Далечице | градско-селска | 222,2 | 15.698 | Далечице |
| Загнањск | селска | 124,4 | 12.969 | Загнањск |
| Лагув | селска | 113,0 | 6.929 | Лагув |
| Лопушно | селска | 176,8 | 8.979 | Лопушно |
| Маслув | селска | 86,3 | 10.638 | Маслув |
| Мјеѓана Гура | селска | 70,8 | 11.295 | Мјеѓана Гура |
| Мњув | селска | 95,3 | 9.357 | Мњув |
| Моравица | градско-селска | 140,5 | 15.898 | Моравица |
| Нова Слупја | селска | 85,9 | 9.594 | Нова Слупја |
| Пјекошув | селска | 102,5 | 16.361 | Пјекошув |
| Пјешхњица | селска | 104,6 | 4.790 | Пјешхњица |
| Ракув | селска | 191,1 | 5.683 | Ракув |
| Стравчин | селска | 86,3 | 10.525 | Стравчин |
| Хенќини | градско-селска | 127,6 | 15.050 | Хенќини |
| Хмјелњик | градско-селска | 142,9 | 11.426 | Хмјелњик |
| Шиткувка-Новини | селска | 45,8 | 7.711 | Ошедле-Новини |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Податоци за Келечкиот Округ — Полска во бројки (полски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Келечки Округ“ на Ризницата ? |
50°53′N 20°37′E / 50.883°N 20.617°E
| |||||||||||||||||
| ||||||||||||