Подласко Војводство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Подласко Војводство
województwo podlaskie
војводство
Знаме на Подласко Војводство
Знаме
Грб на Подласко Војводство
Грб
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Земја Полска
СедиштеБјалисток
Окрузи3 градски, 14 земски *
Површина
 • Вкупно20.180 км2 (7,790 ми2)
Население (2014)
 • Вкупно1.193.348
 • Густина59/км2 (150/ми2)
 • Градскo712.675
 • Селско484.935
Рег. таб.B
Мреж. местоbialystok.uw.gov.pl

Подласко Војводство (полски: województwo podlaskie) — војводство во североисточна Полска. Се граничи со Мазовското Војводство на запад, Варминско-мазурското на северозапад и Лублинското на југ. На исток се Гродненската и Брестовската област во Белорусија, на североисток се Алитушкиот и Маријамполскиот округ во Литванија, а на север е Калининградската област, која е ексклава на Русија. Војводството е наречено по историската област Подласје (Подлаше). Во 2014 г. војводството имало 1.193.348 жители на површина од 20.180 км2.

Главен град е Бјалисток. Војводството е создадено на 1 јануари 1999 г. согласно управната реформа усвоена претходната година, а сочинето е од дотогашните војводства Бјалисточко и Ломжанско, како и источната половина од Сувалското Војводство.

Народности[уреди | уреди извор]

Поради неговата местоположба, војводството се одликува со мешавина од култури, имено полската, белорускта, украинската и литванската. Денес се говорат претежно полскиот и русинскиот, додека пак литванскиот е западен меѓу малобројното литванско малцинство во Сејненскиот округ.

Градови и грачиња[уреди | уреди извор]

Војводството има 40 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[1]

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Улица во центарот на Бјалисток.
Центарот на Сувалки.
Широк поглед на Ломжа.
Базиликата „Свето Срце“ во Аугустув.
Градскиот дом и плоштадот во Бјелск Подласки

Подлаското Војводство е поделено на 17 окрузи, од кои 3 се градски, а 14 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 118 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2006)
Седиште Други градови Општини
Градски окрузи
Бјалисток
Białystok
102,12 295.210 1
Ломжа
Łomża
32,72 63.572 1
Сувалки
Suwałki
65,24 69.234 1
Земски окрузи
Аугустувски
powiat augustowski
1.658,27 58.966 Аугустув Липск 7
Бјалисточки
powiat białostocki
2.984,64 136.797 Бјалисток * Лапи, Чарна Бјалостоцка, Василкув, Хорошч, Супрашл, Михалово, Заблудув,Тикоќин, Сураж 15
Бјелски
powiat bielski
1.385,2 60.047 Бјелск Подласки Брањск 8
Високомазовјечки
powiat wysokomazowiecki
1.288,49 59.719 Високе Мазовјецке Ќехановјец, Чижев, Шепјетово 10
Грајевски
powiat grajewski
967,24 50.120 Грајево Шчучин, Рајгруд 6
Замбрувски
powiat zambrowski
733,11 44.798 Замбрув 5
Колненски
powiat kolneński
939,73 39.676 Колно Стависки 6
Ломжански
powiat łomżyński
1.353,93 50.887 Ломжа * Новогруд, Једвабне 9
Моњечки
powiat moniecki
1.382,39 42.960 Моњки Книшин, Гоњонѕ 7
Сејненски
powiat sejneński
856,07 21.331 Сејни 5
Сокулски
powiat sokólski
2.054,42 72.424 Сокулка Домброва Бјалостоцка, Кринки, Суховола 10
Сувалски
powiat suwalski
1.307,31 35.136 Сувалки * 9
Хајнувски
powiat hajnowski
1.623,65 48.130 Хајнувка Клешчеле 9
Шемјатички
powiat siemiatycki
1.459,58 48.603 Шемјатиче Дрохичин 9

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]