Мазовско Војводство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мазовско Војводство
województwo mazowieckie
војводство
Знаме на Мазовско Војводство
Знаме
Грб на Мазовско Војводство
Грб
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Мазовското Војводство
Окрузи во Мазовското Војводство
Земја  Полска
Седиште Варшава
Окрузи 5 градски, 37 земски *
Површина
 • Вкупно 35.580 km2 (13,740 sq mi)
Население (2014)
 • Вкупно 5.324.500[1]
 • Густина 151/km2 (390/sq mi)
Рег. таб. W
БДП (ном.)[2] 2015
   Вкупен 107 млј. $
   ПГЖ 20.000 $
Мреж. место mazovia.pl

Мазовско Војводство (полски: województwo mazowieckie) — војводство во средно-источна Полска, претежно на подрачјето на историската област Мазовија. Зафаќа површина од 35.580 км2 и има население од 5.324.500 жители.[1]Најголеми градови се Варшава (1.749.000) и Радом (226.000) на југ, Плоцк (127.000) на запад, Шедлце (77.000) на исток и Остроленка (55.000) на север. Седиште на војводството е државната престолнина Варшава.

Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Варшавско, Плочко, Ќеханувско, Остроленско, Шедлечко и Радомско, согласно управната реформа усвоена претходната година. Го носи името на историската област Мазовија, и претежно совпаѓа со неа; исклучок е јужниот дел околу Радом, кој е во Малополска, додека пак Ломжа и околината историски се во Мазовија, но денес припаѓаат на Подлаското Војводство.

Се граничи со шест други војводства: Варминско-мазурското на север, Подлаското на североисток, Лублинското на југоисток, Светокришкото на југ Лоѓсското на југозапад и Кујавско-поморското на северозапад.

Војводството е центар на науката, образованието, производството и сообраќајот во земјата.[3] Има најмала невработеност и највисоки примања.[3] Учествува со 22 % од БДП на Полска, што по глава на жител изнесува 160 % од државниот просек. Ужива значајна посетеност поради историските споменици и има привлечни природни предели; 20 % од војводството покриено со борова и дабова шума.[4] Тука се вбројува и националниот парк Кампинос, прогласен за биосферен резерват на УНЕСКО.

Градови и гратчиња[уреди | уреди извор]

Војводството има 85 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[5]

  1. Варшава (1.700.536)
  2. Радом (219.703)
  3. Плоцк (127.307)
  4. Шедлце (77.047)
  5. Прушкув (61.789)
  6. Остроленка (53.982)
  7. Легионово (50.698)
  8. Ќеханув (45.902)
  9. Отвоцк (43.247)
  10. Жирардув (41.161)
  11. Сохачев (37.925)
  12. Мињск Мазовјецки (40.211)
  13. Пјасечно (37.508)
  14. Воломин (36.711)
  15. Млава (29.702)
  16. Нови Двур Мазовјецки (27.545)
  17. Гроѓиск Мазовјецки (27.055)
  18. Вишкув (27.010)
  19. Зомбки (24.422)
  20. Марки (23.376)
  21. Пјастув (23.273)
  22. Острув Мазовјецка (22.560)
  23. Плоњск (22.233)
  24. Пјонки (19.788)
  25. Пултуск (19.229)
  26. Гостињин (19.119)
  27. Шерпц (18.791)
  28. Сулејувек (18.676)
  29. Кожењице (18.541)
  30. Соколув Подласки (18.419)
  31. Јузефув (18.353)
  32. Кобилка (17.897)
  33. Желонка (17.180)
  34. Пшасниш (17.069)
  35. Констанќин-Јежорна (16.579)
  36. Гарволин (16.072)
  37. Ломјанки (15.744)
  38. Миланувек (15.660)
  39. Грујец (14.990)
  40. Венгрув (12.606)
  41. Блоње (12.259)
  42. Шидловјец (12.030)
  43. Брвинув (11.968)
  44. Гура Калварија (11.130)
  45. Варка (11.028)
  46. Карчев (10.396)
  47. Макув Мазовјецки (9.880)
  48. Журомин (8.647)
  49. Ожарув Мазовјецки (8.237)
  50. Зволењ (8.176)
  51. Раѕимин (7.864)
  52. Нашелск (7.364)
  53. Бјалобжеги (7.320)
  54. Тлушч (7.283)
  55. Лосице (7.252)
  56. Лохув (6.452)
  57. Пшисуха (6.245)
  58. Мшчонув (6.231)
  59. Липско (5.826)
  60. Илжа (5.165)
  61. Ласкажев (4.908)
  62. Раќонж (4.752)
  63. Пилава (4.196)
  64. Гомбин (4.137)
  65. Желехув (4.016)
  66. Скаришев (3.989)
  67. Тарчин (3.886)
  68. Нове Мјасто над Пилица (3.832)
  69. Подкова Лешна (3.824)
  70. Сероцк (3.721)
  71. Халинув (3.369)
  72. Закрочим (3.367)
  73. Глинојецк (3.052)
  74. Мишињец (3.014)
  75. Дробин (2.980)
  76. Калушин (2.905)
  77. Хожеле (2.783)
  78. Вишогруд (2.772)
  79. Ружан (2.661)
  80. Могелњица (2.461)
  81. Косув Лацки (2.135)
  82. Бјежуњ (1.874)
  83. Брок (1.859)
  84. Морди (1.840)
  85. Вишмјежице (889)

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Мазовското Војводство е поделено на 42 окрузи, од кои 5 е градски, а 37 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 314 општини, од кои 85 се градски.

Варшава — државна престолнина.
Радом — важен град во Малополска.
Плоцк — историска престолнина на Мазовија и Полска.
Шедлце — важен град во Малополска.
Остроленка — дел од етнокултурната област Курпје.
Пултуск — еден од најстарите градови во Полска.
Ќеханув — поранешен кралски град.
Жирардув — еден од најмладите градови во војводството.
Мињск Мазовјецки — дел од Варшавската агломерација.
Прушкув — дел од Варшавската агломерација.
Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2014)
Седиште Други градови Општини
Градски окрузи
Варшава
Warszawa
517 1.729.119 1
Остроленка
Ostrołęka
29 52.792 1
Плоцк
Płock
88 122.572 1
Радом
Radom
112 217.834 1
Шедлце
Siedlce
32 76.585 1
Земски окрузи
Бјалобжешки
powiat białobrzeski
639 33.669 Бјалобжеги Вишмјежице 6
Венгрувски
powiat węgrowski
1.219 67.490 Венгрув Лохув 9
Вишкувски
powiat wyszkowski
876 73.929 Вишкув 6
Воломински
powiat wołomiński
955 230.287 Воломин Зомбки, град, Кобилка, Желонка, Раѕимин, Тлушч 12
Гарволински
powiat garwoliński
1284 108.551 Гарволин Ласкажев, Пилава, Желехув 14
Гостињински
powiat gostyniński
616 46.345 Гостињин 5
Гроѓиски
powiat grodziski
367 89.136 Гроѓиск Мазовјецки Миланувек, Подкова Лешна 6
Грујечки
powiat grójecki
1.269 98.692 Грујец Варка, Нове Мјасто над ПилицаPilicą, Могелњица 10
Жирардувски
powiat żyrardowski
533 76.413 Жирардув Мшчонув 5
Журомински
powiat żuromiński
805 39.885 Журомин Бјежуњ 6 10
Западноваршавски
powiat warszawski zachodni
533 111.550 Ожарув Мазовјецки Ломјанки, Блоње 7
Зволењски
powiat zwoleński
571 36.892 Зволењ 5
Кожењички
powiat kozienicki
917 61.874 Кожењице 7
Легионовски
powiat legionowski
390 111.660 Легионово Сероцк 5
Липски
powiat lipski
748 35.426 Липско 6
Лосички
powiat łosicki
772 32.046 Лосице 6
Макувски
powiat makowski
1.065 46.435 Макув Мазовјецки Ружан 10
Мињски
powiat miński
1.164 150.495 Мињск Мазовјецки Сулејувек, Халинув, Калушин 13
Млавски
powiat mławski
1.182 73.919 Млава
Новодвурски
powiat nowodworski
692 78.604 Нови Двур Мазовјецки Нашелск, Закрочим 6
Остроленски
powiat ostrołęcki
2.099 88.240 Остроленка * Мишињец 11
Острувски
powiat ostrowski
1.218 74.464 Острув Мазовјецка Брок 11
Отвочки
powiat otwocki
615 122.661 Отвоцк Јузефув, Карчев 8
Пјасечински
powiat piaseczyński
621 172.929 Пјасежно Констанќин-Јежорна, Гура Калварија, Тарчин 6
Плоњски
powiat płoński
1.384 88.612 Плоњск Раќонж 12
Плочки
powiat płocki
1.799 111.067 Плоцк * Гомбин, Дробин, Вишогруд 15
Прушкувски
powiat pruszkowski
246 158.765 Прушкув Пјастув, Брвинув 6
Пултуски
powiat pułtuski
829 51.409 Пултуск 7
Пшаснишки
powiat przasnyski
1.218 53.448 Пшасниш Хожеле 7
Пшисушки
powiat przysuski
801 42.869 Пшисуха 8
Радомски
powiat radomski
1.530 145.232 Радом * Пјонки, Илжа, Скаришев 13
Соколувски
powiat sokołowski
1.131 55.511 Соколув Подласки Косув Лацки 9
Сохачевски
powiat sochaczewski
731 85.103 Сохачев 8
Ќеханувски
powiat ciechanowski
1.063 90.823 Ќеханув Глинојецк 9
Шедлечки
powiat siedlecki
1.603 81.685 Шедлце * Морди 13
Шерпечки
powiat sierpecki
853 53.215 Шерпц 7
Шидловјечки
powiat szydłowiecki
452 40.340 Шидловјец 5
* седиштето не е дел од округот

Најчести презимиња[уреди | уреди извор]

  1. Ковалски: 26.270
  2. Вишњевски: 21.940
  3. Ковалчик: 21.586
  4. Лукашик: 15.562
  5. Мазурчевич

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]