Жирардув
| Жирардув Żyrardów | |||
|---|---|---|---|
Плоштадот на Жирардув зиме | |||
| |||
| Земја | |||
| Војводство | Мазовско | ||
| Округ | Жирардувски | ||
| Општина | Жирардув | ||
| Основан | 1830 | ||
| Градски права | 1916 | ||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Војќех Јашињски | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 14,4 км2 (56 ми2) | ||
| Население (2006) | |||
| • Вкупно | 40.243 | ||
| • Густина | 2.823/км2 (7,310/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| Пошт. бр. | 96-300 | ||
| Повик. бр. | +48 046 | ||
| Рег. таб. | WZY | ||
| Мреж. место | zyrardow.pl | ||


Жирардув (полски: Żyrardów) — град во Мазовското Војводство, средна Полска, седиште на Жирардувскиот Округ. Сместен е на 45 км западно од Варшава и има население од 40.243 жители (2017)[1]. Во минатото бил важен центар на текстилната индустрија во тој дел на Европа.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот настанал во како работничка населба 1833 г. кога браќата Лубјењски отвориле ткајачки погони во месноста Руда Гузовска. Меѓу раководителите бил францускиот инженер и пронаоѓач Филип де Жирар (1775 - 1845) од Лурмарен. Во текот на XIX век местото се развило во значаен текстилен центар. Подоцна Руда Гузовска е преименувана во Жирардув во негова чест.
На 13 септември 1939 г. градот е зазаден од Германците Во 1941 г. еврејското население е преселено во Варшавското гето.
Крај влезот градот стои табла на која се вели дека Жирардув е единствениот град во Европа создаден исклучиво поради фабрика. Во 2012 г. градот е прогласен за историски споменик на Полска и ставен во надлежност на Националниот институт за културно наследство.
Забележително е тоа што Жирардув се смета за единствениот целосно зачуван индустриски град од XIX век.
Образование
[уреди | уреди извор]- Јавен училиштен комплекс бр. 7 „Хенрик Шенкевич“
- Средно училиште „Стефан Жеромски“
- Школа за велосипедизам
- Виша школа за месен развој
Спорт
[уреди | уреди извор]- ФК „Жирардовјанка Жирардув“ (осн. 1923) — фудбалски клуб од IV лига
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Станислав Каролак (1931 - 2009) — македонист
- Лешек Милер (р. 1946) — премиер на Полска (2001 - 2004)
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Жирардув е збратимен со следниве градови:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Податоци за Жирардув на 31 декември 2017 г. — Полска во бројки (полски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Жирардув“ на Ризницата ? |
| |||||||||||||||||