Ломжа
Ломжа | |||
---|---|---|---|
Панорама од градот | |||
Координати: 53°10′N 22°5′E / 53.167° СГШ; 22.083° ИГД | |||
Земја | Полска | ||
Војводство | Подласко | ||
Округ | Ломжа | ||
Основање | 9 век | ||
Градски статус | 1416 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Кацпер Сикорски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 32,67 км2 (1,261 ми2) | ||
Надм. вис. | 95 м | ||
Население (31 декември 2014) | |||
• Вкупно | 62 779[1] | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 18-400 to 18-404 | ||
Повик. бр. | +44 86 | ||
Регистарски таблички | BL | ||
Мреж. место | http://www.lomza.pl/ |
Ломжа (полски: Łomża) — град кој се наоѓа во Полска, во Подлаското Војводство, со население од 62 779 жители според податоци од 2014 година. Жори е седиште на истоимениот регион. Претходно, градот бил главен град на Ломшкото Војводство во периодот од 1975 до 1998 година. Градот исто така е седиште на епархија од 1925 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот бил основан во 10 век, на местото на денешното село Стара Ломжа. За првпат местото се споменува во службена евиденција во 14 век. Ломжа своите градски права ги добил во 1416 година и станал важен политички и економски центар во средината на 16 век[2][3].
Полскиот принц Болеслав IV изградил палата во 12 век. Во 1444 година градот вовел посебен данок за превоз покрај реката Нарев, што дополнително придонело за развој на градот. Во 16 век во градот се одржувале саеми трипати годишно. Во 1618 година голем пожар уништил поголем дел од градот, а шест години подоцна епидемија убиела 5.021 лица. Серијата на катастрофи (вклучувајќи ја и шведската инвазија и козачките напади) резултирале со брзо опаѓање на градот[2][3].
Први извори за еврејски жители во градот датираат од 1494 година. Бројот на еврејското население во 1808 година изнесувало 157. Во 1881 година еврејското население изградило синагога и таа била дизајнирана од страна на Енрико Маркони по кое градот станал центар на ционистичкото движење.[2]. Во 1931 година во градот живееле мало 8.912 Евреи.
За време на Полско-советската војна од 1919-1921, Ломжа се нашол директно на патот кога започнало повлекување на руската армија по поразот во Битката кај Варшава[4].
Во септември 1939 година, за време на заедничката советска и германска инвазија на Полска, Ломжа во голема мера била разрушена од страна на нацистите за време на Битката кај Ломжа, а потоа била предадена на Црвената армија[5]. Градот останал под советска окупација до започнувањето на Операција Барбароса, кога германските сили го зазеле градот. На 12 август 1941 година во градот било создадено гето во близина на стариот пазар. Нацистите во овој период извршиле масовни убиства. Бројот на евреите кои биле одведени во гето од околните села и градови се движел од 10.000 до 18.000. Повеќе од 2,000 луѓе биле убиени на планината Гелцин. Многу Евреи од неисхранетост и болести починале од дизентерија и тифус. Останатите евреи биле испратени во Аушвиц. Гетото било ликвидирано во крајната депортација на 1 ноември 1942 година[2][3][6][7]. Само мал број на Евреи од Ломжа го преживеале холокаустот. Дел од еврејското население пронашле засолниште кај католичките полски семејства[2]. На крајот на 1944 година, советските сили го ослободиле регионот. По конференцијата од Јалта, советските сили се повлекле. Бројот на население во овој период изнесувал 12.500 жители.
Во годините 1946-1975 најстариот дел на градот бил повторно изграден. Во овој период биле изградени нови станбени објекти, неколку индустриски капацитети како фабриката за памук и мебел, како и термоцентрала. Во овој период бројор на населението се зголемил на 30.000 жители[8].
Географија
[уреди | уреди извор]Ломжа е град во североисточниот дел на Полска, на околу 150 километри од Варшава и 80 километри од Бјалисток. градот се наоѓа по должината на реката Нарев и е дел од како дел од Подлаското Војводство од 1999 година.
Економија
[уреди | уреди извор]Економијата на градот е тесно поврзана со неговата природна средина, со земјоделски и шумарски индустрии кои претставуваат главни гранки на економскиот развој на регионот. Во градот е развиена прехранбената индустрија, електрониката, производство на градежни материјали и мебел, производство и преработка на земјоделски култури, како и туризмот и агро-туризмот.
Најголемите компании вработуваат помалку од 1.000 работници, иако голем број на фирми се вбројуваат во првите сто претприемачи. Меѓу нив најпознати се Пивара Ломжа, DOMEL (производител на прозорци), FARGOTEX, Konrad, фабрика за мебел Łomżaитн.
До крајот на 2007 година, бројот на население кои постојано биле вработени бил 13.408 жители, вклучувајќи 7.170 жени[9]. Сепак, стапката на невработеност (од 2009 година) останала значително висока на 14,1%[10]. Бројот на регистрирани компании до крајот на 2008 година изнесувал 6.421 од кои 6.280 припаѓале на приватниот сектор[9].
Население
[уреди | уреди извор]Опис | Вкупно | Жени | % | Мажи | % |
---|---|---|---|---|---|
Население | 63,036 | 32,652 | 51.8 | 30,384 | 48.2 |
Густина на населеност (people/км2) |
1,929.5 | 999.4/км2 | 930.0/км2 |
Ломжа е трет по големина град во Подлаското Војводство со 63.036 жители. На крајот на 2006 година, порастот на населението е позитивно и изнесува 1,3% на 1.000 жители со оглед на состојбата на миграција која била негативна (-520). Стапката на невработеност во мај 2008 година изнесувала 10,2%[11]. Според податоците од 2006 година[12], просечниот приход по глава на жител изнесува 2,942.31 полски злоти[12].
Население по години[13]:
[уреди | уреди извор]Старосна структура
[уреди | уреди извор]Религија
[уреди | уреди извор]Жителите на Ломжа се претежно римокатолици, иако во текот на вековите во градот живееле еврејско и протестантско население. Постојат докази за многу еврејски и протестантски надгробни споменици на гробиштата. Освен римокатоличко население, градот е исто така дом на една голема група на муслимани од чеченско потекло.
-
Катедрала Св. Михаил
-
Влезот на катедралата
-
Надгробен споменик од 1589 година
-
Црква од 18 век
Образование
[уреди | уреди извор]Историјата на образованието во Ломжа датира од почетокот на 15 век, кога за првпат била основана парохија. Во 1614 година, Језуитите кои живееле во градот основале свое училиште.
Во моментов во градот постои добро развиена мрежа на јавни и приватни училишта на сите нивоа. Постојат седум основни училишта, десет средни училишта, шест универзитети (вклучувајќи и три приватни) и две училишта на уметноста. Нивото на образование во Ломжа е високо, според резултатите од испитите и листите на целата земја.
-
Академија за компјутерски науки и бизнис администрација
-
Зградата на првата гимназија, именувана по Тадеуш Кошќушко
-
Зградата на Богословско училиште
Спорт
[уреди | уреди извор]Историјата на спортот во Ломжа датира од крајот на 19 век, кога првите аматерски трки биле одржани во 1897 година. Две години подоцна, во градот бил основан спортски клуб за веслање.
Првиот фудбалски клуб бил основан на 16 април 1926 година, кој денес се вика ФК Ломжа. Постојат неколку спортски клубови во градот, кои се натпреваруваат во одбојка, кошарка, атлетика и боречки вештини. Во јуни 2009 година во градот се одржало финалето на фудбалскиот натпревар во кадетска категорија. Спортот во градот е поддржан од страна на Здружението за унапредување на физичката култура и спорт. Во 1998 година била отворена спортска арена за национални и меѓународни спортски настани, вклучувајќи затворени фудбалски натпревари и турнири во боречки вештини.
Во 2009 година бил потпишан договор за изградба на општински базен.
-
Стадион на кој се натпреварува ФК Ломжа
-
Спортски комплекс
Луѓе
[уреди | уреди извор]- Јулија - полска пејачка
- Јицхак Ајзик Херцог - израелски рабил
- Самуел Левин - американски лекар
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]- САД Маскатин (САД)
- Украина Новоград Волински (Украина)
- Литванија Шолечники (Литва)
- Литванија Ковно (Литва)
- Естонија Талин (Естонија)
- Шведска Седертелје (Шведска)
- Шведска Сигтуна (Шведска)[14]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Central Statistical Office (Poland): Population of cities in Podlaskie Voivodeship“. Архивирано од изворникот на 2020-02-28. Посетено на 2016-10-10.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Qiryat Tiv'on, "Łomża from its beginnings," translated from Hebrew by Stan Goodman, original published by Pinkas haKehilot branch of Yad Vashem
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Marian Bagiński, Ph.D., "A Different View on the Łomża Region," published by PolishNews.com, 2010
- ↑ Zamoyski, Adam (2008). Warsaw 1920 Lenin's failed conquest of Europe. Harpercollins Pub Limited. ISBN 9780007225521.
- ↑ Chaim Shapiro, "Go, My Son: A Young Jewish Refugee's Story of Survival", New York: Feldheim, 1989.
- ↑ „Łomża webpage at www.shtetlinks.jewishgen.org“. Архивирано од изворникот на 2011-11-01. Посетено на 2016-10-10.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Edelheit, Hershel; Edelheit, Abraham J. (1991). A World in Turmoil An Integrated Chronology of the Holocaust and World War II. Greenwood Publishing Group. стр. 216. ISBN 978-0-313-28218-8.
- ↑ „Liczba mieszkańców Łomży, world-gazetteer.com“. Архивирано од изворникот на 2012-05-15.
- ↑ 9,0 9,1 Bank Danych Regionalnych Głównego Urzędu Statystycznego, Łomża
- ↑ Statystyka Lokalnego Rynku Pracy, Powiatowy Urząd Pracy w Łomży Архивирано на 21 септември 2013 г.
- ↑ (полски) County Labour Bureau in Łomża: Statistics of the local job market Архивирано на 21 септември 2013 г.
- ↑ 12,0 12,1 (полски) Central Statistical Office, Poland - data of 2007 year Архивирано на 23 септември 2012 г.
- ↑ Предлошка:Cytuj stronę
- ↑ http://www.lomza.pl/index.php?wiad=1538
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ломжа“ на Ризницата ? |
- Official website of Łomża City
- Official website of Łomża City for mobile devices Архивирано на 4 мај 2019 г.
- Łomża City in old documents Архивирано на 11 декември 2007 г.
- Historical Łomża Архивирано на 25 јуни 2008 г.
- Łomża City in "Geographical Dictionary of Polish Kingdom and other Slavic countries, Vth volume" p. 699-704
- The website about monuments in Łomża
- „Lomza (англиски)“. Encyclopedia Americana. 1920.
- Water Tower Sikorskiego street
|
|