Остроленка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Остроленка
Знаме на ОстроленкаГрб на Остроленка
Остроленка is located in Полска
Остроленка
Остроленка
Координати: 53°4′N 21°34′E / 53.067° СГШ; 21.567° ИГД / 53.067; 21.567
Земја Полска
ВојводствоМазовско
ОкругОстроленски регион
Основање11 век
Како град од1373
Управа
 • ГрадоначалникЈануш Котовски
Површина
 • Вкупна29,00 км2 (1,100 ми2)
Надм. вис.&1000000000000009200000092 м
Население (2014)
 • Вкупно52.792
 • Густина18/км2 (47/ми2)
Часовен појасEET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+2)
Поштенски код07-400 to 07-417
Повик. бр.+48 029
Регистарски  табличкиWO
Мреж. местоhttp://www.ostroleka.pl
Градска управа
Мостот Мадалински
Улицата Гловацки
Културен центар
Црквата Св. Франциск

Остроленка (полски: Ostrołęka — град кој се наоѓа во Полска, во Мазовското Војводство, со население од 52,792 жители според податоци од 2014 година. Остроленка е седиште на Остроленскиот регион.

Историја[уреди | уреди извор]

Основање[уреди | уреди извор]

Името на градот однесува на песоот кој се наоѓа на левата страна на реката Нарев, која редовно го поплавувала регионот низ вековите. Една мала тврдина била изградена на еден остров во 11 или 12 век, која во моментов се наоѓа на само еден километар западно од модерниот центар на градот. Тврдината била една од ретките изградени утврдувања по должината на реката Нарев во тоа време. Населбата започнала да се развива околу тврдината со текот на времето, и била поврзана со населбата Остроленка. И покрај недостатокот на точен датум за основање, Остроленка за првпат се споменува во Законот за Провинцијата од 1373 од страна на принцот Семовит III.

15 и 16 век[уреди | уреди извор]

До почетокот на 15 век, градот прераснал во важен стопански центар во Мазовско Војводство за трговија со соседниот Тевтонски ред. Најчесто се тргувало со дрво, килибар и мед. Во 1526 година војводството станало дел од Полското кралство. Ова резултирало со економски развој и до Златно доба на денешниот град. Во тоа време, кралицата Бона Сфорца основала фолварк во Помијан, која била соседна населба во тоа време но денеска се наоѓа во рамките на границите на модерниот градот. Златното доба траело околу 40 години, чиј период се одликува со три големи катастрофи што го погодил градот во 1564 и 1571 година. Во 1564 година градот бил погоден од епидемија која сериозно ги раселила жителите по околните региони. Истата година избувнал голем пожар кој го зафатил поголемиот дел од градот. Во 1571 година настанала нова епидемија по кој период официјално бил ставен крај на Златното доба на градот. Во рок од 20 години градот бил повторно изграден. Во тој период било изградено и првото училиште, додека до крајот на 1590-тите градот станал центар на голема административна област, опфаќајќи површина од околу 1,980.5 км2.

XVII и XVIII век[уреди | уреди извор]

И покрај брзото закрепнување, во почетокот на 17 век градот поминал низ период на осиромашување и стагнација. На 25 јули 1656 година, во време на т.н. Шведски потоп, градот бил разрушен откако претходно неговите сили се спротивставиле на Швеѓаните. Во 1665 година овде се населил монашкиот ред на Бернард и во тоа време бил изграден и манастир посветен на Свети Антониј во Падова во доцен барокен стил.

И покрај тоа што населението броело само 400 луѓе во 1676, градот сè уште се сметал за најнаселен град во регионот. Во наредниот век, градот бил уништен на неколкупати од страна на шведски, руски или саксонски армии. Како резултат на тоа, натамошниот економски развој бил спречен и градот останал во состојба на стагнација за повеќе од еден век.

Во текот на Кошчушковото востание, Националната коњичка бригада била стационирана во Остроленка. По крајот на неуспешното востание, Полска била поделена, додека градот припаднал во териториите на Прусија за десет години. Кон крајот на 18 век, во градот во овој период започнале да се населуваат еврејско и германско население.

19 век[уреди | уреди извор]

Од крајот на 1806 до јуни 1807 година, Остроленка била окупирана од страна на француските војници. На 16 февруари 1807 година се случи Битката за Остроленка (1807), во која француските сили издвојувале победа. Поради овој успех на француската армија, Остроленка се појавува на Триумфалната капија во Париз. Во мај 1807 година била направена првата карта на градот, која денеска се наоѓа во Париз.

Во 1826 година била изградена населба на десниот брег од реката Нарав, која главно се занимавала со производство на лен и памук. Во овој период биле изградени два моста. Новиот пат кој ги поврзувал Варшава со Петерсбург поминувал покрај Остроленка. Во периодот од 1830 до 1831 година траело Полското востание против Русија. На 26 мај 1831 година се одвила битката на Остроленка во која Русите издвојувале победа. Руските загуби при Остроленка изнесувале околу 5.000 војници, а полските над 9.000 (вклучувајќи 2.000 заробеници).

20 век[уреди | уреди извор]

До Првата светска војна, градот успеал да се развие, но таа сè уште претставувала релативно незабележителна мала населба. По крајот на војната започнала конфискација и принудна работа која го уништила економијата. Во 1915 година Германците поминале покрај разрушениот град. Во периодот помеѓу 1916 и 1918 година, Германците во голема мера ги експлоатирале шумите за дрва.

По Првата светска војна, 75% од градот и населението било уништено. Во тој период биле изградени нови училишта. За време на Полско-советската војна, градот повторно станал центар за воени операции. По војната, градот влегол во процес на индустријализација.

На 10 септември 1939 година германските сили влегле Остроленка, за време на Втората светска војна. Името на градот веднаш било променето. Во тој период црквите и училиштата биле преструктуирани во фабрики. Партизаните честопати ја напаѓале Остроленка. Поголемиот дел од еврејското население во било убиен во Треблинка.

Градот многу бавно се справил со обнова по крајот на Втората светска војна. По започнување на планот за обнова, градот станал административен центар во реонот на Варшава. Во 1959 година била изградена фабрика „Целулоза“, за производство на хартија. Освен тоа била изградена и канализација. Во 1970 била отворена нова фабрика „Иднина“, за производство на дрвени производи.

По падот на комунизмот животот на месните жители бил отежнат бидејќи започнала приватизацијата. Фабриката Иднина отишла под стечај, но биле отворени поголем број на мали претпријатија. Во овој период била изградена нова болница, трговски центри и нови мостови. Фабриката „Целулоза“ по приватизацијата го променила своето име во „Интерцел“.

21 век[уреди | уреди извор]

Во новиот век, градот продолжил да се развива. Во овој период биле изградени и отворени: аквапарк (2010), модернизација на градскиот стадион, нова електрична централа итн.

Географија[уреди | уреди извор]

Остроленка се наоѓа во североисточниот дел на Полска на реката Нарев, на околу 120 километри североисточно од Варшава. градот има површина од 29 км2. До крајот на 1980-тите, градот бил користен како локална железничка крстосница, со четири линии кои кои ја поврзувале железничката станица со околните градови.

Население[уреди | уреди извор]

Образование[уреди | уреди извор]

Во градот постојат две високи образовни институции и тоа:

  • Колеџ за јавна администрација
  • Висока школа за економија

Спорт[уреди | уреди извор]

*Фудбал

    • ФК Нарев - фудбалски клуб основан во 1962 година
    • ФК Корона - фудбалски клуб основан во 1998 година

*одбојка

    • ОК Пекпол - машки одбојкарски тим
    • ОК Хајк - женски одбојкарски тим

*ракомет

    • РК Тројка - машки ракометен клуб

*кошарка

    • КК Остроленка - машки кошаркарски тим
    • КК Унија Остроленка - женски кошаркарски тим

Надворешни врски[уреди | уреди извор]