Радомско

Од Википедија — слободната енциклопедија
Радомско
Градскиот музеј
Градскиот музеј
Знаме на РадомскоГрб на Радомско
Радомско is located in Полска
Радомско
Радомско
Координати: 51°4′N 19°27′E / 51.067° СГШ; 19.450° ИГД / 51.067; 19.450
ЗемјаПолска
ВојводствоЛоѓ
ОкрузиРадомски округ
ОпштинаРадомско(градска општ.)
Управа
 • ГрадоначалникЈарослав Ференц
Површина
 • Вкупна62,01 км2 (2,394 ми2)
Најг. вис.&10000000000000254000000254 м
Најм. вис.&10000000000000220000000220 м
Население (2006)
 • Вкупно50,618
 • Густина0,0.082/км2 (0,021/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код97-500
Регистарски табличкиERA
Мреж. местоhttp://www.radomsko.pl

Радомско (полски: Radomsko) — град кој се наоѓа во централна Полска, во Лоѓското Војводство (од 1999 година), со население од 50,618 жители според податоци од 2006 година. Во градот поминува реката Радомка. Радомско е седиште на Радомскиот округ.

Историја[уреди | уреди извор]

Радомско добил статус на град од страна на Лешко II Пјаст во 1266 година. Бона Сфорца, сопругата на полскиот крал Сигисмунд I изградила манастир во градот.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

По инвазијата на Полска од страна на Нацистичка Германија, Радомско бил освоен од страна на Вермахтот на 3 септември 1939 година[1]. Во април 1940 година бил формиран нацистички логор во областа Пшедбож за локалните полски Евреи. Првата депортација се одржала во почетокот на октомври 1942 година кога затворениците биле испратени во странство со товарни возови во Треблинка. На 12 октомври, околу 9.000 Евреи биле депортирани. На една мала група еврејски робови им било дозволено да остане. Тие биле испратени во Треблинка во јануари 1943 година. Во знак на одмазда, единица на Армија Крајова направила заседа и го застрелала шефот на Гестапо, Вили Бергер и неговиот заменик Јохан Вагнер на 27 мај 1943 година. Германскиот одговор следел на 3 август 1943 година кога населбата била срушена до темел. Нацистичкиот затвор во Радомско бил нападнат од Армија Крајова на ноќта на 7-8 август 1943 а затворениците биле спасени. Нападот бил предводен од поручникот Станислав Збигњев.[2]

За да ги елиминира полските сили во близина на Радомско, околу 1.000 нацистички војници биле повикани од страна на германската администрација. Битката се водела на 1 јуни 1944 година во близина на Крзетов. Германската армија имала 250 жртви и била принудена да се повлече. Втората битка се одвила на 12 септември 1944 година во близина на Евина. Битката била една од најголемите битки на полските сили во Втората светска војна. Третата бригада на Армија Лудова (PAL) со 600 партизани, застанала против германските сили кои биле десет пати повеќе за разлика од полските. Загубите на непријателот се проценуват на околу 100 загинати и 200 повредени. Полските загуби изнесувале 12 загинати партизани, 11 повредени, а неколку исчезнати. По битаката, Радомско од страна на Германија го добила нацистичкиот прекар „Banditenstadt“ или „град на бандити“[3].

Население[уреди | уреди извор]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Католичката црква Св. Ламберт
Манастир посветен на Светиот Крст

Градот има пристап на железничката линија од Варшава до Катовице, управувана од страна на Полските државни железници (ПКП). Градот исто така е поврзан и со патна мрежа, бидејќи покрај него поминува автопатот А1.

Спорт[уреди | уреди извор]

Во градот постои фудбалскиот клуб Радомско, однован во 1979 година.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Muzeum Regionalne w Radomsku (2016). „Areszt Miejski“. Muzeum Regionalne w Radomsku.
  2. Radomsko Museum (2012). „Historia regionu w datach - lata 1939-1945“. Radomsko.pl.
  3. „Historia - Strona Miasta Radomska“. Архивирано од изворникот на 2020-10-07. Посетено на 2016-10-07.
  4. „Makó külkapcsolatai – előtérben a kultúra és a gazdaságélénkítés“. Mako.hu. 2005-07-11. Посетено на 2009-05-05.[мртва врска]
  5. Fenn, Kate. „Lincoln's Twin Towns“. City of Lincoln Council, City Hall, Beaumont Fee, Lincoln. Посетено на 2013-06-11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]