Печ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Не го поистоветувајте со градот Пеќ во Косово.
Pécs
Печ
Грб на Pécs  Печ
Грб
Pécs  Печ се наоѓа во Унгарија
Pécs
Печ
Координати: 46°04′16.5″ СГШ 18°13′59.19″ ИГД / 46.07125, 18.23311
Држава  Унгарија
Округ Барања
Површина
 • Вкупна 162,61 km2 (6,278 sq mi)
Население (2009)
 • Вкупно 156.974
 • Густина 963,43/km2 (249,530/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски код 7600
Повик. бр. 72
Мреж. место http://www.pecs.hu/
Светско наследство на УНЕСКО
Рано-христијански комплекс на Печ
Назив според описот на списокот
Remnants of a Paleochristian Church, 4th century AD.
Вид Културен
Критериуми iii, iv
Навод 853
Регион по УНЕСКО Европа и Северна Америка
Запис
Прогласено 2000 (24th. заседание)

Печ (на унгарски: Pécs) е петти по ред најголем град во Унгарија, сместен на падините на планината Мечек во југо-западниот дел на земјата, во близина на границата со Хрватска. Тој е административен и економски центар на округот Барања. Во Печ исто така се наоѓа и седиштетото Римокатоличката епархија Печ.

Градот Сопиане (Sopianae) бил подигнат од страна на Римјаните кон почетокот на 2 век, на област која била населена со келтски и панонски племиња. Во 4 век станал главен град на провинцијата Валерија, како и значаен христијански центар. Раниот христијански комлекс кој се наоѓа во градот е од тој период и денеска тој се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО од декември 2002.[1]

Нејзиниот епископат за прв пат бил основан во 1009 година од страна на Иштван I, а исто така и првиот унгарски универзитет е основан во Печ во 1367 година од страна на Луј I Унгарски. Тој универзитет и денеска постои и е најголемиот во Печ со околу 34.000 студенти[2]. Печ бил претворен во културен и уметнички центар на земјата од страна на владката Јанус Панонијски голем унгарски хуманист и поет.[3] Печ има богато наследство и од 150 годишната Отоманска окупација, како џамијата на Паша Газим и Сечени плоштадот.

Печ од секогаш бил мултикултурен град, каде што многу културни слоеви ги претопиле нивните заеднички култури во една за време на две илјади години историја. Унгарците, Хрватите и дунавските Германци и денеска продолжуваат да живеат во мир во економскиот и културен град. Затоа не е изненадувачки што Печ бил избран за Европски град на културата за 2010 година и ја споделува таа титула заедно со Есен и Истанбул. Мототo на градот е: Безграничниот град. После примањето на титулата голем број на иновации започнаа да се случуваат во градот.[4][5] Реномирани јавни места, улици, плоштади и градски делови, нови културни центри, концертна сала, модерна библиотека и нове центар биле дизајнирани.[6][7] Most of them are still under construction.

Во 1998 Печ од страна на УНЕСКО ја добил наградата „Град на мирот“ за одржување на културите на малцинствата во градот, како и за нивниот став и толеранцијата на бегалците од Балканските војни.[8] Во 2007 бил трет, во 2008 втор град рангиран во категоријата „Најдобар град за живеење“.[9] in the category of cities between 75-200 thousand inhabitants.[10]

Население[уреди | уреди извор]

Етнички групи[уреди | уреди извор]

Население според националност: (попис 2001):

Религии[уреди | уреди извор]

Население според деноминации: (попис 2001):

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]