Бекешчаба
| Békéscsaba Бекешчаба | |||
|---|---|---|---|
Воздушен поглед на градот. | |||
| |||
| Координати: 46°40′44″N 21°05′28″E / 46.679°N 21.091°E | |||
| Држава | |||
| Округ | Бекеш | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 193,94 км2 (7,488 ми2) | ||
| Население (2001) | |||
| • Вкупно | 59.732[1] | ||
| • Густина | 342/км2 (890/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| Поштенски број | 5600 | ||
| Повик. бр. | 66 | ||
Бекешчаба (унгарски: Békéscsaba, словачки: Békešská Čaba) — град кој се наоѓа во Унгарија, смештен во југоисточниот дел на земјата. Бекешчаба е административен центар на округот Бекеш.
Градот има население од 64.852 луѓе според пописот од 2008 година. Бекешчаба е главен центар на националното словачко малцинство во Унгарија.
Градот Бекешчаба од главниот град на државата, Будимпешта е оддалечен околу 220 километри југоисточно.
Градот се наоѓа во источниот дел на Панонската низинa. Градот нема река која што поминува низ него, но реката Кереш се наоѓа блиску до него - на само 10 км северно. Климата во градот е умерено континентална.
Население
[уреди | уреди извор]Етнички групи
[уреди | уреди извор]Бекешчаба денеска има околу 64.000 луѓе, а бројот на населението опаѓа веќе 20 години. Некогашното бројно еврејско население целосно исчезнало во Втората светска војна.
Најголем дел од населението денеска го сочинуваат Унгарците (92%), но во градот се присутни и Словаците (6%).[2]
Религија
[уреди | уреди извор]Според религијата Бекешчаба е доста хетерогена:
- Римокатолици - 24,2%
- Протестанти - лутеранци - 20,5%
- Протестанти - калвинисти - 10,9%
- други - 2,1% (најмногу Христијани)
- Атеисти - 30,5%
Галерија
[уреди | уреди извор]- Градската гимназија.
- Католичка катедрала.
- Лутеранска црква.
- Градскиот театар.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Бекешчаба“ на Ризницата ? |
- Официјална страна Бекешчаба на унгарски и англиски јазик
- Слика на градот Архивирано на 8 февруари 2005 г.
- Панорама на градот
|