Капошвар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
унг: Kaposvár
мак: Капошвар
Воздушен поглед

Грб
Држава  Унгарија
Округ Шомоѓ
Површина
 • Вкупна 113,59 км2
Население (2005)
 • Вкупно 67.954 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски код 7400
Повик. бр. 82

Капошвар (унг: Kaposvár; германски: Kopisch, Ruppertsberg, Ruppertsburg, словенечки: Rupertgrad , турски: Kapoşvar) е значаен град во Унгарија, сместен во југозападниот дел од државата. Капошвар е главен административен центар на округот Шомоѓ.

Градот има население од 67.464 луѓе, според податоците на пописот од 2008 год.

Географија[уреди]

Градот Капошвар се наоѓа во југозападниот дел на унгарската држава. Од престолнината Будимпешта градот е оддалечен 186 километри југозападно. Со Будимпешта е поврзан со добри сообраќајни врски (магистралната пруга Будимпешта - Загреб - Јадран и современиот автопат М7 поминуваат на само 20 километри северно од градот).

Капошвар се наоѓа во западниот дел Панонската низина и низ него не тече река. Околу градот има ридест предел, кој на јужната страна се издига во планината Мечек. Климата во градот е умереноконтинентална.

Историја[уреди]

Населби на територијата на градот постоеле уште во 5-от милениум п.н.е. Првата населба ја изградиле Келтите во периодот околу 400-тата година п.н.е., а во 1009 година кралот Иштван I го споменува гадот под името Copus (Kapos).

Градот нема некое големо значење во Средниот век и за време на отоманското владеење (1555-1686). Неколку децении по ослободувањето од Отоманците, градот станал главен административен центар на новооснованиот округ Шомоѓ во 1749 год. со што се довело до развитокот на градот. Во 19 век во градот започнала индустријализација.

Во 20-от век градот поминал без поголеми последици за време на војните и во втората половина на векот доживеал нагла урбанизација. После падот на комунизмот во државата и развојот на пазарот, градската економија наишла на тешкотии поради релативната оддалеченост на градот, поради што Капошвар и денеска го губи поголем дел од своето население.

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]