Пафос (грчки: Πάφος, турски: Baf) е крајбрежен град во југозападниот дел на Кипар. Во минатото неговите два дела биле нарекувани Стар Пафос и Нов Пафос. Во моментот, само новиот дел на градот е населен.
Моменталното население на градот е 47 000 жители.
Според митологијата Пафос бил родниот град на грчката божица на убавината и љубовта, Афродита. Во римско време, овој град ја претставувал престолнината на островот. Во него се зачувани многубројни рушевини кои датираат од времето на Древниот Рим. Во 1 векАпостол Павле на овие простори го ширел и проповедал христијанството. Пафос спаѓа под заштита на УНЕСКО.