Југословенска круна
Круната ― краткотрајна, привремена валута што била користена во делови од тогаш новосоздаденото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, чии делови претходно биле дел од Австроунгарија. Вредела 1⁄4 од динарот или 25 пари.
Историја
[уреди | уреди извор]По Првата светска војна, Австроунгарија била распадната на голем број држави, а нејзиниот југоисточен дел станал Држава на Словенците, Хрватите и Србите. Тоа и Кралството Србија набргу потоа се споиле и го створиле Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, кое подоцна било преименувано во Југославија. Круната ја заменила австроунгарската круна на исто ниво на 12 ноември 1918 година. Таај кружела заедно со српскиот динар во Државата на Словенците, Хрватите и Србите со курс од 1 динар = 4 круни во меѓувреме пред усвојувањето на југословенскиот динар. Точниот датум на кој круната престанала да кружи е нејасен, а еден извор покажува дека круната сè уште била во оптек на крајот на 1922 година.[1]
Банкноти
[уреди | уреди извор]Првата привремено издавање на југословенската круна од 1919 година била (многу слична на банкнотите на чехословачката круна (1919 година) издадени на австроунгарските банкноти од 1912 година (со црн валидувачки овален препечаток) во апоени од 10, 20, 50, 100 и 100 круни.[2] Второто привремено издавање од 1919 година ги содржел истите деноминации на австроунгарските банкноти од 1912 година, но наместо овален отпечаток, биле користени лепливи марки за валидација.[3] Печатите на 10, 20 и 50 круни биле двојазични (српско-хрватски и словенечки), додека печатите на банкнотите од 100 и 1000 круни можеле да бидат на кој било признат јазик и писмо (латиница или кирилица).[3]
Краткото издание на динари од 1919 година ( 1⁄2, 1 и 5 динари)[3] било заменет од страна на Министерството за финансии на КСХС со привремена круна од 1919 година (банкноти „круна врз динар“), кои биле испечатени како динари и препечатени со круни[4] во однос 1 динар = 4 круни. Издадените деноминации биле 2, 4, 20, 40, 80, 400 и 4000 круни на 1⁄2, 1, 5, 10, 20, 100 и 1000 динари.[4] Само 2 круни на 1⁄2 динар и 4 круни на 1 динар имале варијанти без отпечаток.[се бара извор] Сè уште е нејасно дали препечатената верзија била издадена пред или потоа.[се бара извор]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Ријечка круна, користена во Слободната држава Фјуме до 1920 година
Наводи
[уреди | уреди извор]Книжевност
[уреди | уреди извор]- Cuhaj, George S. (2010). Standard Catalog of World Paper Money General Issues (1368-1960) (13. изд.). Krause Publications. ISBN 978-1-4402-1293-2.[мртва врска]
- Предлошка:Numis cite SCWPM
- Предлошка:Numis cite SCWPM