Аугуст Цесарец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Аугуст Цесарец (Загреб, 4 декември 1893 - Загреб, 17 јули 1941), истакнат хрватски револуционер и писател. Едно од позначајните имиња во хрватската литература во периодот меѓу двете светски војни. Примарно е револуционер а секундарна му е литературата. Книжевното дело му е проникнато со револуционерно-општествено-политички идеи на комунизмот.

Творештво[уреди | уреди извор]

Книжевното дело е од доменот на поезијата, расказите, романите, драмите, патеписите, есеите, новели, како и преведувач на револуционерните автори од руската и друга литература. Негова прва објавена песна е „Логографи“, во 1908 година во загребскиот весник Побратим, со потпис Цесарец. Во 1910 година како гимназијалец го објавил првиот расказ „Из свјета потлачених“.

Од 1908 до 1919 прави пауза во поезијата. „Стихови“ му е единствената стихозбирка, прво позначајно дело, во издание на „Југ“, Загреб. Во тие единаесет години Цесарец објавил едвај десетина раскази и песни. Во тие години Цесарец ги завршил двете фази:

За време на Првата светска војна не објавува ништо, иако посериозно создавал обемно литературни дела. Особено плодни се овие години од кога е првиот негов напишан роман „Бијели Луталац“, 1915 година во Крушевац, но објавен дури 1982 година, во скоро две појавени изданија на Аугуст Цесарец, Загреб, посебно издание и Младост - втора свеска од собраните дела на Цесарец, во прво коло (22 тома). Во иста свеска со необјавениот роман „Крист и Јуда“.

Цесарец е претставник на револуционерниот експресионизам. Се реализира во контекст на космолошката варијанта на експресионизмот. Песни од тој период: „Црна мачка у буру“, „Паска бијелог ноктурна“, „Монолог с куглом земаљском“, „Ватромет олујне игранке“, песната од расказот „Судите ме“. Во овие песни по форма слободни, несредени стихови, има места од каде проговорува вистинскиот поет. Во целина има глас на интимната и политичка драма на човекот како неразделно двојство - човекот кој е фрлен во хаосот на војната.