Втора грчка република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грчка република
Ἑλληνικὴ Δημοκρατία
Ellīnikī́ Dīmokratía

1924–1935
Знаме Грб
Химна
Химна кон слободата
Ὕμνος εἰς τὴν Ἐλευθερίαν
Location of the Hellenic Republic (1935) in Europe.
Главен град Атина
Јазици грчки
Вероисповед Православие
Уредување Парламентарна република
Претседател
 -  1924–1926 Павлос Кунтуриотис
 -  1926 Теодорос Пангалос
 -  1926–1929 Павлос Кунтуриотис
 -  1929–1935 Александрос Зајмис
Премиер
 -  1924 (прв) А. Папанастасиу
 -  1933–1935 (последен) Панагис Цалдарис
Законодавство Парламент
 -  Upper Chamber Senate
 -  Lower Chamber Chamber of Deputies
Историски период Interwar period
 -  Прогласување на републиката 25 март 1924
 -  Референдум (за републиканско уредување) 13 април 1924
 -  Диктатурата на Пангалос 24 јуни 1925
 -  Изборна победа на Венизелос 5 јули 1928
 -  Обид за државен удар од страна на Венизелистите март 1935
 -  Референдум (за враќање на монархијата) 11 ноември 1935
 -  4th of August Regime 4 август 1936
Валута Драхма
Coat of arms of Greece.svg

Оваа сторија е дел од серијалот за:

Историја на Грција

Преаисториска Грција
Хеленски период
Кикладички период
Минојска цивилизација
Микенска цивилизација
Грчки стар период
Стара Грција
Архаичен период во Грција
Класична Грција
Хеленска Грција
Римска Грција
Средновековна Грција
Византиска Империја
Отоманска Грција
Модерна Грција
Грчка војна за независност
Кралство Грција
Грција во II светска војна
Граѓанска војна во Грција
Воена хунта
Хеленска Република
Тематска историја
Економска историја на Грција
Воена историја на Грција
Уставна историја на Грција
Имињата на Грците
Грчка уметност


Втора грчка република (грчки: Β΄ Ελληνική Δημοκρατία) е историографски термин за политичкиот режим во Грција во периодот помеѓу 1924 и 1935. Следеше после периодот на уставна монархија под монарсите од династијата Глуксбург, и траела до нејзиното отфрлање со воен пуч со која била обновена монархијата. Втората република го означува вториот период во современата грчка историја во кој Грција не била водена од крал, при што собранијата и привремените влади за време на Грчката револуција се сметаат за Прва република.

Втората република била прогласена на 25 март 1924, како последица на поразот на Грција во Грчко-турска војна (1919-1922), за кој била обвинувана ројалистичката влада. За време на нејзиното кратко постоење, Втората република се покажала за нестабилна. Грчкото општество и понатаму останало поделено, како и по Националниот раскол, помеѓу прорепубликанските Венизелисти и монархистите претставени од Народната партија, кои одбивале дури и да ја признаат легитимноста на Републиката.

Расколот во општеството се проширил и на културни и социјални прашања како разликите за употребата на грчкиот јазик до архитектонските стилови. На оваа поларизација било додадено и дестабилизирачкото вклучување на војската во политиката кое резултирала со неколку удари и обиди за државен удар. Економијата била во пропаст после една декада на војување како и неможноста да се поддржат 1.5 милион бегалци кои пристигнале со размената на население со Турција.

И покрај напорите на реформистичката влада на Елефтериос Венизелос во 1928–1932, Големата депресија имала катастрофално влијание врз грчката економија. Победата на Народната партија во 1933, и двата неуспешни државни удари од страна на Венизелистите, го отвориле патот за повторно стапување на власт на кралот Георги II.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]