Драхма

Од Википедија — слободната енциклопедија

Драхма (грчки: δραχμή, „фат“ или „грст“) – античка мерка за тежина и метални пари, како и за паричната единица на Грција од 1831 до 2001 година. Од 1923 година, драхмата ја издавала Националната банка на Грција.

Античка драхма[уреди | уреди извор]

Аверс и реверс на тетрадрахма

Античката драхма ја означувала мерката за тежина и паричната единица од сребро, поретко од бакар или злато (во времето на Птоломеј). Биле во употреба во целото културно подрачје зафатено од хеленизмот и ги ковале многу градови. Првите примероци потекнуваат од 6 век п.н.е. и на нив се прикажани слики на животни кои биле најчести симболи на градовите/

Заради техниката на ковање драхмите најчесто се конвексни одозгора и рамни на опачината. Конвексниот дел е релјефно обработен. Ковачниците на пари покажувале висок степен на вештини и уметнички занает.

Златна октадрахма со портрет на Птолемеј IV

Номинална вредност[уреди | уреди извор]

Старогрчкиот паричен систем на монети се засновал на малоазискиот сребрен талент, кој се состоел од околу 30,25 кг сребро. Тој се делел на 60 мини, кои понатаму се делеле на 50 статери. Атичката мина содржела 425 грама сребро. Некои градови ковале статери, а други драхми. Драхмата била половина од тежината на статерот.

Варијанти[уреди | уреди извор]

Покрај паричките од 1 драхма во источните краишта се ковале тетрадрахми (4 драхми), додека во Голема Грција (јужна Италија и Сицилија), дидрахми (2 драхми) биле во стандардна употреба. Поретко се изработувале декадрахми (10 драхми) или октадрахми (8 драхми) во злато во хеленистичкото доба на Птоломеј. Чести биле хемидрахма (половина драхма) и 1 трибол (паричка во вредност од 3 обола).

Сребрена драхма
Слика Назив Вредност Тежина
декадрахма 10 драхми 43 гр
тетрадрахма 4 драхми 17,2 гр
дидрахма 2 драхми 8,6 гр
драхма 6 обола 4,3 гр
тетробол 4 обола 2,85 гр
трибол
(хемидрахма)
3 обола
(12 драхма)
2,15 гр
дибол 2 обола 1,43 гр
обол 4 тетартемории
(16 драхма)
0,72 гр
тритартеморион 3 тетартемории 0,54 гр

}

хемиобол 2 тетартемории
(12 обол)
0,36 гр
трихемитетартеморион 32 тетертеморион 0,27 гр
тетартеморион 14 обол 0,18 гр
хемитетартеморион 12 тетартеморион 0,09 гр

Датирање[уреди | уреди извор]

Драхмите често биле ковани без наведување датум. Датирањето се врши врз основа на стилските особини и не е егзактно.

Современа драхма[уреди | уреди извор]

Драхма
Δραχμή
Податотека:Drachmas.jpg
Ковани драхми
ISO 4217
КодGRD
Составници
Подединица
 1/100лепта (Λ.)
СимболΔρχ., Δρ. or ₯
Банкноти
 Чести100, 200, 500, 1000, 5000, 10,000 Δρ.
 Ретки50 Δρ.
Монети
 Чести5, 10, 20, 50, 100, 500 Δρ.
 Ретки10 Λ., 20 Λ., 50 Λ., 1 and 2 Δρ.
Демографија
Корисник/циниедна, претходно:
Грција
Издавач
Централна банкаНационална банка на Грција
 Мреж. местоwww.bankofgreece.gr
ПечатарНационална банка на Грција
 Мреж. местоwww.bankofgreece.gr
КовачницаНационална банка на Грција
 Мреж. местоwww.bankofgreece.gr
Вредност
Инфлација3,1% (2000)
 ИзворGrecian.net
ЕРМ
 Одмарт 1998
 Врзан курс од19 јуни 2000
=340,750 Δρ.
₯ drachma sign
₯ drachma sign

Модерна грчка драхма (грчки: Eλληνική δραχμή) е некогашна национална валута на Грција.

Помала единица од драхмата била лептата (λεπτό(ν), 100 лепти давале една драхма. ИСО кодот за оваа валута бил GRD. Ознаката на валутата за драхмата е ₯, што често се запишувало како Δρ.

Модерната драхма била воведена во 1831 година како грчка национална валута. Таа го заменила фениксот кој од бил првата национална валута на независна Грција (1828-1831). Името го добила по античката единица за тежина и пари.

Од 1868 година Грција била членка на Латинскиот монетарен сојуз. Со тоа драхмата била поврзана со останатите валути на унијата во однос 1:1. После Првата светска војна овој монетарен сојуз го изгубил практичното значење и е распуштен во 1927 година.

Во 2001 година Грција му се придружила на Европскиот монетарен сојуз, две години подоцна од нејзиното основање. Курсот на драхмата бил врзан со еврото во однос 340,750 GRD = 1 EUR. Во 2002 година, заедно со останатите земји од еврозоната, Грција ги повлекла банкнотите и монетите на драхмата од оптек и го вовела еврото. Ознаката лепта сè уште се користи во Грција како ознака за евроцент и е испишана на опачината на грчките монети на еврото.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]