Видовденски устав

From Википедија
Jump to navigation Jump to search
Првата страна од Уставот

Видовденскиот устав е првиот устав на југословенската држава, поточно Кралството СХС. името го добил по датумот на донесувањето, на 28 јуни 1921. година. Важел до 6 јануари 1929 година.

Усвојување[edit | edit source]

Процесот на усвојување на Видовденскиот устав донесе големи политички борби во новата држава. Иако постоеле претходни планови за донесување на устав (како Крфската декларација, Женевскиот договор итн), уставот на крајот е донесен со тесно мнозинство и прегласување на национална основа. За уставот гласале 223 пратеници на Уставното собрание. Против биле 35 пратеници, додека не гласале 161 пратеник. Со тоа не било претставници од тнр трета зона, која била под окупација на нацистичка Италија. Во името на кралот, согласност дал престолонаследникот Александар, што овој устав го става во категорија устави-пактови.