Дража Михаиловиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дража Михаиловиќ
Дража Михаиловиќ во 1943 г.
Изворно имеДража Михаиловић
Родено имеДрагољуб Михаиловиќ
ПрекариЧичко Дража
Роден26 април 1893(1893-04-26)
Иваница, Кралство Србија
Починал17 јули 1946(1946-07-17) (возр. 53)
Белград, НР СРбија, ФНРЈ
ДржаваКралство Србија (1910–18)
Кралство СХС (1918–29)
Кралство Југославија (1929–45)
Род
  • Кралска српска војска
  • Кралска југословенска војска
  • Четници
Служба1910–45
ЧинГенерал на армијата[1]
Заповедал со Четници
Битки/војни
Одликувања

Драгољуб Михаиловиќ - Дража (27 април 1893 - 17 јули 1946), познат како „Чичко Дража“ (Чича Дража) — српски и југословеснки генерал и водач на српските Четници. За време на Балканските војни и Првата светска војна бил офицер на српската војска во Кралството Србија.[4]

По германската окупација на Кралството Југославија, Михаиловиќ се повлекол во планините каде што организирал групи на герилци познати како „четници[5][6] по примерот на Четничката организација, официјално именувана како „Југословенската армија во татковината“, била основана како ројалистичко - националистичко српско движењето на отпорот, но до крајот на 1941 година нејзиното влијание било потиснато од партизаните.[7] Од почетокот на 1942 година, четниците започнале соработка со италијанските сили, а по падот на Италија, со германските окупациски сили.[8]
По војната, генералот Михаиловиќ бил осуден за велепредавство и воени злосторства од страна на комунистичката власт, по што тој бил погубен со стрелање и погребан на тајна локација. Природата, обемот и одговорноста за соработка и етничките масакри остануваат контроверзни.
Михаиловиќ е еден од најодликуваните офицери во историјата на модерната српска држава, а последната награда му била доделена посмртно од страна на американскиот претседател Хари Труман во март 1948 година. Тој му го доделил орденот Легија за заслуга од прв степен, поради организирање и раководење на отпорот против силите на Тројниот пакт во окупирана Југославија, за спасување на соборени американски пилоти и за помош за победата на Сојузниците во Втората светска војна.[9]
На 14 мај 2015 година, вишиот суд во Белград донел одлука за судска рехабилитација на генералот Михаиловиќ, со што ја поништил пресудата донесена на 15 јули 1946 година и нему му биле вратени сите граѓански права. Судот утврдил дека Михаиловиќ бил осуден во незаконски процес, поради идеолошки и политички причини и дека сите одлуки се на Врховниот суд на ФНРЈ се сметаат за ништовни, така што Михаиловиќ се смета за неосудувано лице. Инаку, првото барање за рехабилитација на Михаиловиќ го поднесол неговиот внук Воислав во 2006 година, а подоцна, во 2009 година, на барањето се придружиле уште неколку српски граѓански здруженија, политички партии и професорот Смиља Аврамов. Оваа одлука предизвикала бурни реакции: од една страна, неа ја поздравиле Воислав Шешељ и принцот Александар Караѓорѓевиќ, а од друга страна, таа биал остро осудена од голем број хрватски политичари.[10]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Tomasevich 1975, стр. 271.
  2. 2,0 2,1 2,2 Draža Mihailović – Na krstu sudbine – Pero Simić: Laguna 2013
  3. Miloslav Samardzic: General Mihailović Draža i OPSTA istoriia četničkog pokreta Draža General Mihailović and the general history of the Chetnik movement. 2 vols 4 Ed Novi pogledi, Kragujevac, 2005
  4. Радивој Бојовић, Мала споменица поручника Драгољуба Михаиловића, Графика Јуреш, Чачак, 2003.
  5. Encyclopedia Americana vol. 19 p. 55.
  6. „Spartacus educational article“. Архивирано од изворникот на 2011-11-02. Посетено на 2011-10-22.
  7. http://www.bbc.co.uk/history/worldwars/wwtwo/partisan_fighters_01.shtml#two
  8. David Martin, Ally Betrayed: The Uncensored Story of Tito and Mihailovich, (New York: Prentice Hall, 1946), p. 34
  9. Републичка асоцијација за неговање тековина Равногорског покрета. ravna-gora.org Архивирано на 20 октомври 2011 г.
  10. „Србија го рехабилитира четникот Дража Михајловиќ, Хрватска во шок“, Дневник, година XIX, број 5766, петок, 15 мај 2015, стр. 16-17.