Демократска Федеративна Југославија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Демократска Федеративна Југославија
Demokratska Federativna Jugoslavija
Демократска Федеративна Југославија
Demokratična federativna Jugoslavija
Влада под контрола на Комунистичка партија на Југославија
ноември 1942 – 1945
Знаме Грб
Химна
"Хеј, Словени"
Местоположба на Југославија
Демократска Федеративна Југославија во 1945 пред Париските мировни договори
Главен град Белград
Уредување Федерална привремена влада
Национален комитет (1943–45)
Уставна монархија (1943–1945, де јуре)
Претседател на Президиумот на АВНОЈ
 -  1943–45 Иван Рибар
Крал
 -  1943–45 Петар II
Претседател на Владата
 -  1943–45 Јосип Броз Тито
Законодавство Привремено Народно Собрание
Историски период Втора светска војна
 -  Второ заседание на АВНОЈ 29 ноември 1942
 -  Договор Тито–Шубашиќ 16 јуни 1944
 -  Формирана привремена влада 7 март 1945
 -  Прифатена во Обединетите Нации 24 октомври 1945
 -  Избори 11 ноември 1945
 -  Крај на монархијата 29 ноември 1945
Валута Различни
(1943–44): Српски динар, НДХ куна, Бугарски лев, Италијанска лира, Рејхсмарка
(1944–45): Југословенски динар
Повик. бр. +38
Минати
Следни
Независна Држава Хрватска
Територија на воениот командант во Србија
Германска окупирана територија на Црна Гора
Царство Бугарија
Италијанска Социјална Република
Нацистичка Германија
Кралство Унгарија
Кралство Албанија
Југословенска влада во егзил
Федерална Народна Република Југославија

Демократска Федеративна Југославија (ДФ Југославија или ДФЈ), - привремена држава основана за време на Втората светска војна на 29 ноември 1943 година преку Второто заседание на Антифашистичкиот совет за национално ослободување на Југославија (АВНОЈ). Националниот комитет за ослободување на Југославија (НКОЈ) било неговото првобитно извршно тело. Во текот на своето постоење била управувана од маршалот Јосип Броз Тито како премиер.

Земјата била признаена од страна на сојузниците на конференцијата во Техеран, заедно со АВНОЈ како нејзино советувачко тело. Југословенската влада во егзил на кралот Петар II во Лондон, делумно поради притисокот од Обединетото Кралство,[1] ја признала владата на АВНОЈ со Договорот од Вис, потпишан на 16 јуни 1944 година помеѓу премиерот на владата во егзил, Иван Шубашиќ и Тито.[1] Со Договорот од Вис, владата во егзил и НКОЈ се согласиле да се спојат во привремена влада што е можно поскоро. Формата на новата влада била договорена во вториот договор Тито-Шубашиќ потпишан на 1 ноември 1944 година во неодамна ослободениот југословенски главен град Белград. ДФ Југославија станала една од основачките членки на Обединетите нации по потпишувањето на Повелбата на Обединетите нации во октомври 1945 година.

Државата била формирана за да го обедини југословенското движење на отпорот кон окупацијата на Југославија од Силите на Оската. Договорот го оставило прашањето дали државата ќе биде монархија или република намерно неопределено до крајот на војната, па местото шеф на државата било празно. По спојувањето на владите, државата била реформирана во еднопартиска Федеративна Народна Република Југославија со Јосип Броз Тито како премиер и Иван Шубашиќ како министер за надворешни работи.

Историја[уреди | уреди извор]

Административна поделба на Демократска Федеративна Југославија во 1945 г

Второто заседание на АВНОЈ, одржано во Јајце во ноември 1943 година, било отворено со декларација која делумно гласела:

  1. Антифашистичкиот совет за национално ослободување на Југославија да се конституира како врховно законодавно и извршно претставничко тело на Југославија како врховен претставник на суверенитетот на народите и на државата Југославија во целина, и дека Националниот комитет за ослободување на Југославија да се формира како орган со сите карактеристики на национална власт, преку кој Антифашистичкиот совет за национално ослободување на Југославија ќе ја реализира својата извршна функција.
  2. Предавничката „влада“ во егзил да биде лишена од сите права како легална влада на Југославија, особено од правото да ги застапува народите на Југославија каде било или пред било кој.
  3. Сите меѓународни договори и обврски склучени во странство во името на Југославија од страна на „владата“ во егзил да бидат преиспитани со цел нивно поништување или обновување или одобрување, и дека сите меѓународни договори и обврски кои т.н. може на крајот да склучи во странство во иднина не добиваат никакво признавање.
  4. Југославија да се воспостави на демократски федерален принцип како држава на еднакви народи.[2]

АВНОЈ тогаш донела шест уредби, а Президиумот на АВНОЈ, кој продолжил со своите функции и кога не заседавал, следел со четири одлуки. Тие заедно го сочинувле конституирањето на новата држава што се создала во Југославија. На 30 ноември Президиумот му доделил на Тито чин Маршал на Југославија и го назначил за претседател на владата (или вршител на должноста премиер) и министер за национална одбрана. Во НКОЈ биле назначени тројца потпретседатели и тринаесет други министри.[2]

Името „Демократска Федеративна Југославија“ било официјално усвоено на 17 февруари 1944 година. Истиот ден тие го усвоиле амблемот со пет факели на Југославија.[3]

По депонирањето на кралот Петар II, на 29 ноември 1945 година била прогласена Федеративна Народна Република Југославија.

Влада[уреди | уреди извор]

  Неговото законодавно тело, по ноември 1944 година, било Привременото собрание.[4] Договорот Тито-Шубашиќ од 1944 година прогласил дека државата е плуралистичка демократија која гарантира: демократски слободи; лична слобода; слобода на говор, правбо на собирање и религија и слободен печат.[5] Сепак, до јануари 1945 година, Тито го префрлил акцентот на неговата влада подалеку од акцентот на плуралистичката демократија, тврдејќи дека иако ја прифаќа демократијата, тој тврдел дека нема „потреба“ од повеќе партии, бидејќи сметал дека повеќе партии непотребно предизвикуваат поделба во среде воените напори на Југославија и дека Народниот фронт го претставувал целиот југословенски народ.[5] Коалицијата Народен фронт, предводена од Комунистичката партија на Југославија и нејзиниот генерален секретар маршал Јосип Броз Тито, претставувала големо движење во владата. Други политички движења кои се приклучиле на владата го вклучуваа движењето „Напред“ претставено од Миливое Марковиќ.[4]

Демократска Федеративна Југославија била управувана од Привремена влада составена претежно од членови на Унитарниот народноослободителен фронт и мал број други политички партии од поранешното Кралство Југославија. Претседател на Владата бил Јосип Броз Тито. Комунистите имале 22 министерски позиции, меѓу кои финансии, внатрешни работи, правда, транспорт и други. Иван Шубашиќ, од Хрватската селанска партија на Хрватска Бановина, бил министер за надворешни работи, додека Милан Грол, од Демократската партија, бил вицепремиер. Многу некомунистички членови на владата поднеле оставки поради несогласување со новата политика.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Демократска Федеративна Југославија се состоела од 6 сојузни држави и 2 автономни единици: [6] [7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Walter R. Roberts. Tito, Mihailović, and the allies, 1941-1945. Duke University Press, 1987. Pp. 288.
  2. 2,0 2,1 Michael Boro Petrovich, "The Central Government of Yugoslavia", Political Science Quarterly, Vol. 62, No. 4 (1947), pp. 504–30.
  3. Marko Attila Hoare, The Bosnian Muslims in the Second World War: A History (Oxford University Press, 2013), p. 200.
  4. 4,0 4,1 Vojislav Koštunica, Kosta Čavoški. Party pluralism or monism: social movements and the political system in Yugoslavia, 1944-1949. East European Monographs, 1985. Pp. 22.
  5. 5,0 5,1 Sabrina P. Ramet. The three Yugoslavias: state-building and legitimation, 1918-2005. Bloomington, Indiana, USA: Indiana University Press. Pp. 167-168.
  6. Petranović 2002.
  7. Jović 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Bokovoy, Melissa K.; Irvine, Jill A.; Lilly, Carol S., уред. (1997). State-Society Relations in Yugoslavia, 1945-1992. London: Palgrave Macmillan. ISBN 9780312126902.
  • Dimić, Ljubodrag (2011). „Yugoslav-Soviet Relations: The View of the Western Diplomats (1944-1946)“. The Balkans in the Cold War: Balkan Federations, Cominform, Yugoslav-Soviet Conflict. Beograd: Institute for Balkan Studies. стр. 109–140. ISBN 9788671790734.
  • Jović, Dejan (2009). Yugoslavia: A State that Withered Away. West Lafayette: Purdue University Press. ISBN 9781557534958.
  • Pavlowitch, Stevan K. (2002). Serbia: The History behind the Name. London: Hurst & Company. ISBN 9781850654773.
  • Petranović, Branko (2002). The Yugoslav Experience of Serbian National Integration. Boulder: East European Monographs. ISBN 9780880334846.