Јајце (град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Водопадот на Плива

Јајце е град и општина во Среднобосански кантон, Федерација Босна и Херцеговина, ентитет во Босна и Херцеговина. Во 2013 година градот имал население од 30.758 жители. Се наоѓа во регионот на Босанска Краина, на крстосница помеѓу Бања Лука, Мркоњиќ и Долни Вакуф, на сливот на реките Плива и Врбас.

Во Јајце било одржано второто заседание на АВНОЈ на 29 и 30 ноември 1943 година.