Слобода на говорот
Слобода на говорот — право на слободно зборување и изразување без цензура или ограничување, или пак двете заедно. Слобода на говор како синоним на слобода на изразување понекогаш укажува не само на вербален говор,туку и на барање, примање и пренесување на информации или идеи, без оглед на медиумите кои се користат. Во пракса,правото на слобода на говор не е неограниченo каде и да е, и тоа правото е обично предмет на ограничувања како во однос на „говорот на омраза". “.
Правото на слобода на говорот е признаено како човеково право според членот 19 од Универзалната декларација за човекови права како и во меѓународните закони за човекови и граѓански права во International Covenant on Civil and Political Rights. Оваа организација го признава правото на слобода на говор како „право да се имаа мислења без мешање“. Секој треба да има право за слобода на изразување." Исто така , слободата на говорот е признаена во европското, американското и африканското законодавство.
Ова право„слобода на говор“ е различно и не треба да се меша со терминот слобода на мисла .
Правото на слобода на говор и изразување
[уреди | уреди извор]Различни концепти за слобода на говор се среќаваат уште во првите документи за човекови права како и во модерниот концепт на слобода на говор кој се појавува постепено во периодот на просветителството во Европа.Повелбата за човекови права на Англија во 1689 ја гарантираше „слободата на говор во Парламентот“ и Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот усвоена за време на француската револуција во 1789,посебно ја афирира слободата на говор како неотуѓиво право.Декларацијата обезбедува слободна на изразување во членот 11, во кој се наведува дека:
Слободната размена на идеи и мислења е едно од најскапоцените права на човекот.Според тоа право, секој граѓанин може да говори, да пишува и да печати слободно, но ќе биде одговорен за злоупотреба на оваа слобода како што е утврдено со закон.
Членот 19 од Универзалната декларација за човекови права усвоена во 1948, пропишува дека:
„Секој има право на слобода на мислење и на изразување; ова право вклучува слободна да се има мислење без какви било пречки и да се бара, да се прима и да се пренесуваат информации и идеи преку некој медиум, средство, без разлика на евентуални пречки„.
Денеска слободата на говор или слободата на изразување е признаена во меѓународните и националните закони за човекови права. Правото е пропишано во членот 19 од Меѓународната спогодба за граѓански и политички права,потоа во членот 10 од Европската Конвенција за човекови права,Членот 13 од Конвенцијата на Америка за човекови права и Членот 9 од Повелбата на Африка за човекови права.Врз основа на аргументите на Џон Стјуард Мил ,слободата на говор е прифатена како сеопфатно право што вклучува право да се изрази или да пропагира информација или идеја,од три различни аспекти:
- право на барање информации и идеи;* право за примање информации и идеи право за праќање информации и идеи
Меѓународни, регионални и национални стандарди исто така ја признаваат слободата на говорот, како слобода на изразување, вклучувајќи било кој медиум, и можат да бидат усни, печатени, преку семрежјето или преку уметнички дела. Тоа значи дека заштитата на слободата на говорот како право вклучува не само содржина, туку и средства на изразување.
Односи со другите права
[уреди | уреди извор]Правото на слобода на говор и изразување е тесно поврзано со други права, и може да биде ограничено кога се судира со други права (погледни Ограничувања на слободата на говор) . Правото за слобода на изразување е исто така поврзано и со правото на фер судење и на судските процедури кои можат да ограничат достапот за барање на информации или да ги утврдат погодностите и средствата со кои слободата на изразување се применува во рамките на судските процедури. Како генерален принцип слобода на изразување може да не го ограничи правото на приватност, како и на честа и на углед. Сепак поголем простор е даден во случај кога се работи за критика на јавни личности. Правото на слобода на изразување и особено важно за медиуми кои имаат посебна улога како носители на општото право за слобода на изразување за сите. Сепак, слободата на печатот не значи по автоматизам и слобода на говорот. Џуди Лихтенберг ги пропиша условите во кои слободата на печатот може да ја ограничи слободата на говорот, на пример таму каде што медиумите ги прикриваат информациите или ја гушат разноликоста на информациите. Лихтенберг тврди дека слободатат на печатото е едноставна форма на право на сопственост сумирано според принципот „нема пари, нема вест“
Потекло и академска слобода
[уреди | уреди извор]Слободата на говорот и изразување има долга историја која им претходи на модерните меѓународни инструментите за човекови права. Се смета дека античката демократска идеологија на Атина за слободен говор се појавила во доцните години на 6 век или раните години на 5 век пред нашата ера. Во исламската етика,слободата на говор беше за првпат прифатена во времето на Рашидун од страна на калифот Умар во 7 век од нашата ера. Во периодот на Абазид Калиф ,слободата на говорот беше исто така прифатена од Ал Хашими (роднина на калифот Ал-Мамун),во писмо до еден од верските противници се гледа дека се обидел да се преобрати. Според Џорџ Максиди и Хаг Годард "идејата за академска слобода "на универзитетите беше моделирана според исламскиот обичај во средновековниот систем на медреси од 9 век. Исламското влијание беше "сигурно забележливо во основањето на првиот планиран универзитет" во Европа, на Универзитетот во Неапол Федерико II основан од страна на Фредерик II, Римскиот Император во 1224.
Слобода на говор, разлики во мислења и вистина
[уреди | уреди извор]Откако беше измислена машината за пишување можеше само физички да го забрза мошне напорниот процес кој беше подложен на грешки поради рачното умножување и со разработен систем на цензура и контрола која постоеше врз писарите. Печатењето овозможуваше да се умножи истиот примерок во повеќе копии, што водеше кон побрзо и пошироко ширење на идеи и информации(види култура на печатење)Настанувањето на законот за авторски права во многу европски земји започнува со напорите на црквата и владите да го регулираат и контролираат производот на печатарите. Во 1501 година Папата Александар VI издаде указ против печатење на нелиценцирани книги и во 1559 за првпат беше објавена список на забранети книги Index Expurgatorius. Додека владите и црквите го поттикнуваа печатењето на различни начини за да овозможат ширење на Библијата и владини информации, дела на несогласување и критики можеа побргу да циркулираат. Како последица на тоа, владите востановија контрола врз печатарите ширум Европа., барајќи од нив да имаат официјална лиценца одобрение за трговија и производство на книги.
Идејата за изнесувањето на спротивни мислења или субверзивни гледишта треба да бидат толерирано , да не се цензурира или казнува според закон, што севкупно доведе до развој на печатарството и на печатот(се мисли на медиуми). Areopagitica, во 1644 година беше одговор на Џон Милтон на воведувањето на лиценците од страна на Владата
„Дај ми ја слободата да знам , да изговарам и да тврдам слободно врз основа на убедување , пред сè врз основ на сите слободи.
Милтоновата одбрана на слободата на изразување се засноваше врз протестантскиот поглед на свет и тој сметаше дека Англичаните имаат мисија ја разработат вистина за реформација кое ќе треба да донесе просветување на сите луѓе. Со тоа Милтон ги посочи главните нишки на идните дискусии за слободата на изразувањето . Со дефинирање на обемот на слободата на изразувањето и на „штетата“, говорот на Милтон содржеше ставови против принципите на пред-цензурата и во полза на толеранција за широк дијапазон на гледишта.
Како што се ширеше заканата од развој на печатењето, владите воспоставија централизиран контролен механизам, така сè повеќе се шири и цензурата како владин механизам за контрола на печатењето. Француската круна го потисна печатењето а издавачот, печатарот Етјен Долет беше спален на клада во 1546 година. Во 1557 британската круна за да го запре печатењето еретички книги, го ограничи правото за печатење само за членовите на здружението, односно на цехот на печатари.
Правото за печатење беше ограничено на два универзитета и на 21 постоечки печатари во градот Лондон кои имаа 53 машини за печатење. Откако британската круна ја презеде контролата врз печатењето во 1637 година, печатарите пребегаа во Холандија. Конфронтациите со властите ги направија печатарите да станат радикални и насилни, со 800 автори, печатари и продавачи на книги кои беа затворени во Бастилја, во Париз пред таа да биде нападната во 1789 година.
Серија на англиските мислители почнувајќи со Џон Милтон (1608-1674), потоа Џон Лок (1632-1704) и кулминирајќи со Џон Стујарт Мил (1806-1873) ја развија идејата - право на слобода на говор. Лок го воспостави поединецот како единица на вредност и носител на правата за живот, слобода, имот и остварување на среќа. Улогата на владата беше да ги чува овие права и согласно со тоа прво, да ги вгради во Уставот на Соединетите Американски Држави, со Првиот амандман додавајќи ја гаранцијата дека „Конгресот нема да донесува закон... со кој се крати слободата на говор или на печат“. Џон Стујарт Мил тврдел дека човечката слобода е добра и дека без неа нема да има напредок во науката, правото или пак политиката, за која пак, според Мил е потребна слободна дискусија на мислење. Миловата книга „За слободата“, издадена во 1859 година, стана класична одбрана на правото на слобода на говор. Мил тврдеше дека вистината ја поништува погрешноста и затоа слободниот израз на идеи, вистински или лажни, не треба да стравува. Вистината не е стабилна или фиксирана, но се развива со време. Мил вели дека многу од она што сме го сметале за вистина излегло лага. Затоа погледите не треба да бидат забранети заради нивната очигледна погрешност. Мил исто така смета дека слободната дискусија е потребна за да ја спречи „длабоката дремка на одлученото мислење“. Дискусијата би го придвижила маршот на вистината и со согледувањето на погрешните гледишта би била реафирмирана основата на вистинските гледишта.
Во биографијата за Волтер на Евелин Беатрис Хал, таа ја потенцира оваа фраза за да ги илустрира верувањата на Волтер: „Не се согласувам со тоа што го зборуваш, но ќе го бранам до смрт твоето право да го зборуваш тоа .“ Цитатот на Хал е често цитиран за да се опише принципот на слободата на говорот. Во 20 век Ноам Чомски изјавува: „Ако веруваш во слобода на говор, тогаш веруваш во слобода на говор за погледи на свет кои не ги сакаш. На пример, Сталин и Хитлер биле диктатори во корист на слобода на говор на погледи кои тие ги сакале и ним им биле оправдани. Ако ја сакаш слободата на говор тоа значи дека ја сакаш слободата на говор само за погледи коишто ги презираш.“ Професорот Ли Болингер тврди дека „принципите за слобода на говор вклучуваат посебен чин на изразување на една област на социјална интеракција со невообичаена воздржаност, чија цел е да развие и покаже социјален капацитет за контрола на чувства пројавени низ голем број на социјални средби.“ Болинг тврди дека толеранцијата е посакувана вредност ако не и основна вредност. Но сепак критичарите сметаат дека општеството треба да биде загрижено за оние кои директно ја одбиваат или ја застапуваат преку, на пример геноцидот, (види „ограничување на слободата на говор“). Рамковната одлука за расизам и ксенофобија на Европската Унија гласи дека негирањето или грубата тривијалност на „злосторства на геноцидот“ треба да бидат „казнети во сите земји членки на ЕУ“. Негирањето на холокаустот е нелегално во 16 земји: Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка и Швајцарија. Во 2007 година Уставниот суд на Шпанија донесе одлука дека негирање на холокаустот е заштитено со правото на слобода на говор, а негово казнување според кривичниот закон е неуставно, но не е дозволено и оправдувањето на холокаустот.
Демократија
[уреди | уреди извор]Идејата за слободата на изразувањето е блиско поврзана со политичката дебата и концептот на демократијата. Нормите за лимитирање на слободата на изразување значат дека политичката дебата не мора да биде целосно потисната дури и во услови на опасност. Еден од најпознатите поборници на врската меѓу слободата на говорот и демократијата е Александар Мајклџон. Според него концептот за демократија е оној во кој владее самиот народ. За да функционира овој систем потребен е информиран електорат. Оттаму, за поседување на соодветно знаење за процесот не би требало да има пречки за слободен проток на информации и идеи. Според Мајклџон, вистинска демократија нема да биде верна на основните постулати на идејата доколку оние кои се на власт и ја имаат силата да бидат во состојба да манипулираат со гласачите, со криење на информации или со задушување на критика. Тој тврди дека желбата да се манипулира со мислењето може да произлезе од мотивите за потрага за доброто во општеството.
Ерик Берендт го нарекува ова одбрана на слободен говор врз основа на демократијата што е „веројатно најатрактивна и веројатно најмодерна теорија за слобода на говорот во западните демократии. Томас Емерсон ја прошири оваа одбрана со дебата дека слобода на говорот помага да се обезбеди баланс меѓу стабилноста и промената .
Слободата на говорот дејствува како „безбедносен вентил“ за да пушти пареа во услови кога луѓето се насочуваат кон револуција. Тој тврди дека „принципот на отворена расправа“ е метод за постигнување на морално прилагодлива и воедно стабилна заедница за одржување на рамнотежа меѓу различните мислења и неопходниот консензус.
Истражувањето направено од „Светски показатели за управувањето“ (Worldwide Governance Indicators) е проект направен од Светската банка а кој укажува дека слободата на говорот и процесот на одговорноста кој го следи имаат силно влијание врз квалитетот на власта во земјата. „Гласот на одговорноста “ во рамките на земјата се дефинира како „степенот во кој граѓаните на земјата се во состојба да партиципираат во изборот на владата , како и во однос на слободата на изразувањето , слободата на здружувањето и слободните медиуми, што е една од шестте димензии на владеење, а кои Worldwide Governance Indicators ги мерат во повеќе од 200 земји.
Општествени односи и заедницата
[уреди | уреди извор]Ричард Мур разви полемика околу тоа дека вредноста на слободата на говорот и слободата на изразувањето лежи во социјалните интеракции. Мур пишува дека „Со комуникација поединецот формира односи и здруженија со другите - семејства, пријатели, соработници, црковни организации. Со впуштање во дискусија со останатите, поединецот учествува во развојот на знаењето и на развојот на задницата.
Ограничувања за слобода на говорот
[уреди | уреди извор]На фотографијата е изданието на магазинот „ Национална Географија“ за февруари 2006 и тоа беше спонзорирано од иранската влада. Насловната страница( за спонзорот) беше навредлива со тоа што се однесуваше на темата „љубов“ претставувајќи прегрнат пар и поради тоа таа беше покриена со бел лист хартија.
Според Форумот за слобода на организирањето , легалниот, правниот систем и општеството во целина признаваат ограничувања на слободата на говорот , посебно кога слободата на говорот се конфронтира со други вредности и права. Ограничувањата на слободата на говорот можат да произлегуваат од принципот на штета или пак принципот на навреда, на пример во случај на порнографија или говор на омраза. Ограничувањата на слободата на говорот можат да постојат и низ сосема легалните санкции или преку општествено неодобрување или спротивставување или пак, и двете заедно.
Џон Стјуард Мил во делото „За слободата“ дебатира дека ...„треба да постои целосна слобода во професиите и во дебатирањето како работа која зависи од етичкото убедување. Мил коментира дека е неопходна комплетна слобода на изразување за да ги поттурне аргументите до логичните граници, повеќе отколку до лимитите на општествена непријатност. Мил зборува и за принципот на штета, со ставање на лимити на слободата на изразување кои можат да се приемнат единствено правилно доколку со тоа се спречува нанесувањето штета на другите.
Во 1985 година Џоел Фајнберг воведува термин познат како „принцип на навреда“ со образложение дека принципот на Мил „за штета“ не обезбедува доволно заштита против погрешното однесување на другите. Фајнберг коментира дека принципот на штета ја поставува границата премногу високо и дека некои форми на изразување можат да бидат легално заштитени со закон бидејќи нанесуваат висок степен на навреда. Според него да се навреди некој е помалку сериозен престап, отколку да се нанесе штета, и висината на казните за последнава треба да бидат повисоки. Спротивно, Мил не дава поддршка на воведување легални казни сè додека тие не се засноваат на штета. Со оглед на тоа што степенот на навредата која луѓето можат да ја поднесат , варира или може да биде резултат на неправедни предрасуди. Според да бидат земени предвид Фајнберг, варира бројот на факторите кои треба да бидат семени предвид кога се посочува на навреда , вклучувајќи обем, време на траење и општествената вредност на говорот.
Семрежјето и информатичкото општество
[уреди | уреди извор]Џо Гаврил кој е автор на таканаречениот Показател на цензура (Index on Censorship) тврди дека „семрежјето [интернетот] претставува револуција како за цензурата така и слободата на говорот. Меѓународните, националните и регионалните стандарди признаваат дека слободата на говорот, како една од формите на слобода на изразување е применлива за секој медиум, вклучувајќи го и семрежјето. Така, „Актот за пристојност во комуницирањето Communications Decency Act(CDA) од 1996 година е првиот обид на американскиот конгрес да ги регулира порнографските материјали на семрежјето.
Семрежјето е многу повеќе ја поттикнува комуникацијата отколку стандардните печатени медиуми или поштата. Некои од разговорите на семрежјето со сигурност ги тестираат границите на конвенционалните разговори. Говорот на семрежјето може да биде нефилтриран, неиспеглан, дури и емотивен, сексуално експлицитен, вулгарен или со еден збор „непристоен“ за многу општествени заедници. Ваков говор можеме да очекуваме во медиум во кој граѓани од сите области од животот имаат право на глас. Би требале сигурно да заштитиме автономијата која ваков медиум кој ја дава на обичните луѓе како и на медиумските магнати. Но тоа не значи дека владите се амнестирани од носење на инструменти за заштита на децата од опасностите кои ги носи семрежното општење. Владите треба и натаму да продолжат да ги штитат децата од порнографски содржини на семрежјето преку енергична примена на постојните закони и да ги третира како кривични дејствија блудот и детската порнографија. Постои изразена потреба за образование на јавноста за предностите и опасностите од овој нов вид на медиуми и во таа смисла владите треба да ја исполнат оваа обврска. Отсуство од владина регулатива на семрежните содржини секако дека ќе предизвика хаос.
Декларацијата на Светскиот самиот за информатичко општество (WSIS) усвои принципи во 2003 година во однос на важноста на правото за слобода на изразување за информатичкото општество Information Society со тврдења дека : Ние потврдуваме како основачи на оваа фондација за информатичко општество и како што се наведува во членот 19 од Универзалната декларација за човекови права дека секој има право на слобода на мисла и говор и дека ова право вклучува слобода да се задржат мислења без мешање и да се бара , прима и пренесува информација идеја преку било кој медиум н и без оглед на граници. Комуницирањето е фундаментален општествен процес, базична човечка потреба и основа на сите општествени организирања .
Слобода на информирање
[уреди | уреди извор]Слободата на информирање е проширување на слободата на говор каде што медиум на изразување е семрежјето. Правото за информирање може да се однесува и на правото на приватност во однос на семрежјето и информатичка технологија. Слободата на информирање може да се однесува на цензура во контекст на информатичка технологија, односно можноста за достап до веб содржина без цензура или рестрикции.
Семрежна цензура
[уреди | уреди извор]Концептот на слободата на информирање се појавува се јавува како одговор на државната цензура мониторинг и надзор врз семрежјето. Семрежната цензура вклучува контрола или прикривање на објавување или достапност до информации на семрежјето.
Глобалните сфаќања за слободата на семрежјето тврди дека ќе ги тргне сите блокади за слободен проток на информации во општества што го нарекуваат „затворени“. Според „Репортерите без граници“, семрежјето непријателска листа ги вклучува следниве земји кои имаат семрежна цензура Белорусија, Кина, Куба, Египет, Иран, [[Мјанмар (Бурма), Северна Кореја, Саудиска Арабија, Сирија, Тунис, Туркменистан, Узбекистан и Виетнам.
Познат е примерот на цензура на семрежјето наречен „Огнениот Кинески ѕид“ (Great Firewall of China) — во однос на улогата што овој вид заштита ја има за мрежата, но и во однос на познатиот Кинески ѕид. Системот ја блокира содржината спречувајќи ги IP-адресите да бидат отворени и се состојат од стандардни пречки- одбранбени ѕидови и посреднички опслужувачи на семрежните порти. Системот исто така селективно се активира за компромитирање на податоците на ДНС кога се бараат одредени сајтови. По се судејќи личи дека Владата не врши систематска контрола на семрежните содржини оти тоа е технички непрактично. семрежната контрола во Народна Република Кина се спроведува според различни закони и административни регулативи. Според овие прописи повеќе од 60-тина семрежни контроли ги спроведе Владата на Народна Република Кина и системите за цензура се жестоко се применуваат од страна на регионалните бизнис компании и организации , кои се во сопственост на државата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Забрана на бурки во Белгија
- Дигитални права
- Слободна содржина
- Слобода на говорот по земји
- Иницијатива за глобална мрежа
- Вето
- Размена на слободата на изразување
- Контроверзите со Мухамед во цртаните филмови
- Закони против Холокаустот
- Транспарентност на медиуми
- Пазар за теории на лојалноста
- Специјалниот известувач за слободата на изразувањето
- Политичка коректност
- Право на порнографија
- Шифриран говор
- WALTIC (Writers' and Literary Translators' International Congress)
- Меѓународен конгрес за литературни и писателски преведувачи
- Викиликс
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Freedom of Speech Is It Being Abused? Архивирано на 11 септември 2009 г.
- freeeden Архивирано на 28 август 2019 г.
- Speaking Out for Free Expression: 1987–2007 and Beyond Архивирано на 14 декември 2009 г.
- Timeline: a history of free speech
- UN-Resolution 217 A III Архивирано на 19 мај 2009 г. – (Meinungsfreiheit.org)
- ARTICLE 19, Global Campaign for Free Expression
- Dissent gets dangerous in the USA Архивирано на 11 октомври 2007 г. (The First Post)
- Banned Magazine, the journal of censorship and secrecy. Архивирано на 15 март 2007 г.
- Free Speech Internet Television
- International Freedom of Expression Exchange
- Index on Censorship
- irrepressible.info – Amnesty International's campaign against internet repression Архивирано на 11 октомври 2015 г.
- Organization of American States – Special Rapporteur
- Original Meaning of Freedom of Speech (U.S.A) Архивирано на 23 септември 2010 г.
|