Хајнрих Ман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хајнрих Ман во 1906

Лујц (Лудвиг) Хајнрих Ман (германски: Luiz (Ludwig) Heinrich Mann; 27 март 1871 во Либек11 март 1950 во Санта Моника, Калифорнија) — германски писател и романописец, кој пишувал дела со социјална тематика. Хајнрих е постариот брат на Томас Ман, во чија сенка останал. Неговите бројни критики за растот на фашизмот го приморале да побегне од Германија поради сопствена заштита откако нацистите дошле на власт во 1933 година.

Живот и дело[уреди | уреди извор]

Хајнрих бил најстаро дете на Томас Јохан Хајнрих Ман и Жулија да Силва Брунс, постар брат на писателот Томас Ман.[1] Неговиот татко доаѓал од буржоаско семејство на трговци на жито и бил сенатор во ханзеатскиот град Либек. По смртта на неговиот татко, неговата мајка го преселила семејството во Минхен, каде Хајнрих ја започнал неговата кариера како слободен писател.

Есејот на Ман на Зола и романот Поданикот („Der Untertan“) му донеле почит во текот на Вајмарската Република, бидејќи изнел сатира на германското општество и објаснил како политичкиот систем довел до Првата светска војна. На крајот, неговата книга Професор Ѓубре („Professor Unrat“) била слободно претворена во легендарниот филм Синиот ангел (The Blue Angel). Карл Цукмајер го напишал сценариото, а Јозеф фон Штернберг бил режисер. Хајнрих сакал неговата девојка, актерката Труде Хестерберг, да ја игра главната улога, но наместо тоа таа ѝ била доделена на Марлен Дитрих.

Заедно со Алберт Ајнштајн и други познати, Ман бил потписник на писмото на „Ургентниот повик за обединување“ по повод убиството на хрватскиот научник Милан Шуфлај на 18 февруари 1931 година.

Податотека:Stamps of Germany (DDR) 1971, MiNr 1645.jpg
Портрет на Ман на германската поштенска марка од 1971 година

Ман станал персона нон грата во Нацистичка Германија и заминал пред пожарот на Рајхстагот во 1933 година. Заминал во Франција, каде живеел во Париз и Ница. Во текот на германската окупација, успеал да помине низ соработничката Вишиевска Франција до Марсеј, каде му помогнал Варијан Фрај во 1940 година да избега во Шпанија. На крајот заминал во Португалија, а оттаму во САД.

Нацистите ги запалиле книгите на Хајнрих Ман како „спротивност на германскиот дух“ во текот на неславното палење на книги на 10 мај 1933 година, кое било поттикнато од нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс.

Во текот на 1930-тите и подоцна во американскиот егзил, популарноста на книжевноста на Ман почнала да се намалува. Сепак, ги напишал „Младоста на кралот Анри Четврти“ (Die Jugend des Königs Henri Quatre) и „Завршувањето на кралот Анри Четврти“ (Die Vollendung des Königs Henri Quatre). Двата романи го прикажувале животот и важноста на Анри IV и биле одобрени од неговиот брат Томас Ман како дела со „голем раскош и динамична уметност“.

Хајнрих Ман умрел во Санта Моника, Калифорнија, сам и без многу пари, само неколку месеци пред да се пресели во Источен Берлин за да стане претседател на Пруската академија на уметностите. Неговата пепел подоцна била донесена во Источна Германија.

Неговата втора жена Нели Ман (1898–1944) извршила самоубиство во Лос Анџелес.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Gross, David: The Writer and Society: Heinrich Mann and Literary Politics in Germany, 1890-1940, Humanities Press, N.J., 1980, (ISBN 0-391-00972-9)
  • Mauthner, Martin: German Writers in French Exile, 1933-1940, Vallentine Mitchell, London, 2007, (ISBN 978-0-85303-540-4).
  • Walter Fähnders/Walter Delabar: Heinrich Mann (1871 - 1950). Berlin 2005 (Memoria 4)
  • Heinrich Mann’s life in California during World War II, including his relationship with Nelly Mann, Thomas Mann and Bertolt Brecht, is a subject of Christopher Hampton’s play Tales from Hollywood where he was played in film by Jeremy Irons (BBC Video “Performance: Tales from Hollywood” (1992)) and on stage by Kier Dullea (Guthrie Theater, Minneapolis, Minnesota 2012).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]