Марлен Дитрих

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марлен Дитрих
Марлен Дитрих во 1951
Роден(а) Марија Магдалена Дитрих
27 декември 1901(1901-12-27)
Flag of the German Empire.svg Берлин, Германска Империја
Починал(а) 6 мај 1992(1992-05-06) (воз. 90 г.)
Франција Париз, Франција
Почивалиште Берлин, Германија
Занимање Актерка
Активен период 1919–1984
Сопружник Рудолф Зибер (в. 1923; неговата смрт 1976)
Деца Марија Рива
Роднини
Страница
marlene.com

Марлен Дитрих (Marlene Dietrich; Берлин, 27 декември 1901 - Париз, 6 мај[1] 1992) е германско - американска актерка [2][3][4], пејачка, и забавувачка. Родена е како Марија Магдалена Дитрих, а од 1912 го сменила името во Марлен, име што го добила со спојување на првите две имиња. Се смета за прва германска актерка која успеала во Холивуд. Била муза на режисерот Јозеф фон Штернберг.

За време на нејзината долготрајна кариера, Дитрих постојано се преобмислува себеси[5]: започнала како пејачка во кабаре, хористка и филмска актерка во Берлин во текот 1920тите години за во наредната деценја да биде вистинска холивудска ѕвезда; потоа станала забавувачка на фронтовската линија за време на Втората светска војна и меѓународен сценски изведувач, за на крајот, конечно, да се претвори во култна икона на 20-тиот век.

Во 1920-тите во Берлин, Дитрих глумела во немите филмови. Нејзината изведба како Лола-Лола во Синиот Ангел (1930) ѝ донела интернационална слава и договор со студиото Парамонт Пикчрс. Дитрих била ѕвезда во холивудските филмови како на пример Мароко (1930), Шангај Експрес (1932) и Желба (1936). Таа успешно ја наметнала нејзината гламурозна личност и "егзотичен" изглед, и станала една од највисоко платените актерки на тоа време. Во текот на Втората светска војна, таа била забавувачка во САД од највисок ранг.

Дитрих била забележана за своите хуманитарни напори во текот на војната, згрижување германски и француски бегалци, обезбедување на финансиска поддршка, па дури и во застапување за нивното американско државјанство. За нејзината работа на подигнување на моралот на војниците на фронтот за време на војната, таа добила повеќе признанија од САД, Франција, Белгија и Израел. Иако по војната повремено снимала филмови, Дитрих поголемиот дел од времето во 1950-тите до 1970-тите години го поминала на турнеја низ светот како изведувачка во живо.

Американскиот Филмски Институт ја прогласил Дитрих за деветта најголема женска филмска ѕвезда на сите времиња[6].

Во 2002 година, таа постхумно станала почесен граѓанин на Берлин.

Биографија[уреди | уреди извор]

Родната куќа на Дитрих (Leberstraße 65), Берлин, Германија

Детство[уреди | уреди извор]

Марлен Дитрих е родена на 27 декември 1901 во близина на Роте Инсел во Шенберг, денешна област на Берлин.[7] Нејзината мајка, Вилхелмина Елизабета Џозефина (родена Фелсинг), била од богато берлинско семејството кое поседувало продавница за накит и фирма за изработка на часовници. Нејзиниот татко, Луис Ерик Ото Дитрих, бил полициски поручник. Дитрих имала една сестра, Елизабет, која била една година постара. Таткото на Дитрих починал во 1907 година.[8] Неговиот најдобар пријател, Едуард фон Лош, аристократски прв поручник на гринадирите, се оженил со мајка ѝ во 1916 година, но тој набргу починал од повредите добиени за време на Првата светска војна.[9] Фон Лош никогаш официјално не ги присвоил девојчињата, па презимето Дитрих никогаш не било фон Лош, како што понекогаш се тврдело.[10]

Во семејството ја викале „Лена" и „Лене". На околу 11 годишна возраст, таа ги искомбинирала своите први две имиња за да го добие името „Марлен". Дитрих учела во женското училиште Аугуста-Викторија од 1907 до 1917[8] и дипломирала во школата Викторија-Луиза (денес Берлинска гимназија Гете-Вилмерсдорф) во 1918 година.[8] Учела да свири виолина и како дете се интересирала за театар и поезија. Со повредата на рачниот зглоб ѝ се срушиле соништата да стане концертна виолинистка. Сепак, во 1922 година ја добила првата работа како виолинистка во оркестар за неми филмови во Берлинското кино каде по 4 недели добила отказ[8].

Марлен Дитрих во Синиот анѓел (1930)

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Нејзините најрани професионални настапи на сцена настапи биле со женското забавно кабаре на Гвидо Телшнер и ревиите на Рудолф Нелсон во Берлин.[8] Во 1922 година, Дитрих се појавила на аудиција на драмската академија на Макс Рајнхарт но безуспешно. Сепак, таа наскоро започнала да работи во неговите театри, пеејќи и играјќи мали улоги во драмите. Отпрвин не привлекла посебно внимание. Нејзиното филмско деби било појавувањето во филмот Малиот Наполеон (1923).

Таа го сретнала нејзиниот иден сопруг, Рудолф Зибер, на снимањето на филмот Љубовна трагедија[11] во 1923 година. Дитрих и Зибер стапиле во брак со граѓанска церемонија во Берлин на 17 мај 1923 година.[12] Нејзиното единствено дете, ќерката Марија Елизабет Зибер, се родила на 13 декември 1924 година.

Дитрих продолжила да работи на сцена и на филм, како во Берлин така и во Виена, во текот на 1920-тите години. На сцената, играла најразлични улоги како во Пандорината кутија на Френк Ведекинд[8], Припитомувањето на итрицата и Сон на летната вечер на Вилијам Шекспир како и во Назад кон Метузалемот на Џорџ Бернард Шо. Во мјузиклиле и ревиите како оние во Бродвеј и Цвај Краватен, таа привлекла најмногу внимание. До крајот на 1920-тите години, Дитрих одиграла и улоги на екранот, вклучувајќи ги улогите во филмовите Кафе Електрик (1927), Бакнувам рака, мадам (1928)[13] и Бродот на изгубените души (1929)[14].

Во 1929 година, Дитрих се пробила глумејќи кабаретска пејачка во Синиот Ангел (1930), филм на Јозеф фон Штернберг.

Марлен Дитрих во Шангај Експрес.

Успехот во САД[уреди | уреди извор]

Во 1930 година, благодарение на меѓународниот успех на Синиот Ангел и со поттик и промоција од страна на Јозеф фон Штернберг, кој веќе бил успешен во Холивуд, Дитрих се преселила во САД потпишувајќи договор со Парамонт Пикчрс. Студиото се обидувало да ја наметне Дитрих како германски одговор на шведската сензација на Метро-Голдвин-Мајер, Грета Гарбо. Штернберг ја поздравил со подароци, вклучително и зелен Ролс-Ројс Фантом II. Автомобилот подоцна се појавил и во нивниот прв американски филм Мароко.[15]

Гари Купер и Марлен Дитрих во Мароко.

Дитрих настапила во шест филмови режирани од фон Штернберг во Парамонт помеѓу 1930 и 1935. Штернберг работел ефикасно со Дитрих за да се создаде слика на гламурозна и мистериозна заводничка.Тој ја охрабрувал да ја намали телесната тежина и интензивно ја подучувал да биде актерка. Таа доброволно ги следела препораките за кои голем број други изведувачи давале отпор.[16]

Фотографија на Марлен Дитрих од насловната страна на списанието Њујорк Сандеј Њуз (1936)

Во Мароко (1930)[17], Дитрих повторно била ангажирана како кабаретска пејачка. Филмот најдобро е запаметен по сцената во која таа ја изведува песната облечена во машка бела вратоврска и бакнува друга жена, што било провокативно за тоа време. За филмот Дитрих ја добила нејзината единствена номинација за Оскар.

По Мароко следел филмот Обесчестена (1931)[18], голем успех со улогата на Дитрих како шпионка налик на Мата Хари. Шангај Експрес (1932)[19], кој бил наречен од страна на критичарите „Гранд Хотел на тркала", бил еден од филмовите на Штернберг и на Дитрих со најголема заработувачка. Дитрих и Штернберг повторно соработувале во романтичната драма Русокосата Венера (1932)[20]. Дитрих работела без Штернберг за првпат во три години во романтичната драма Песна на песните (1933)[21], играјќи наивна германска селанка, во режија на Рубен Мамулијан. Последните два филма на Дитрих и Штернберг, Црвената царица (1934)[22] и Ѓаволот е жена (1935)[23] биле нивни филмови со најниска заработувачка.

Штернберг е познат по неговата исклучителна вештина на осветлување и фотографирање на Дитрих до оптимален ефект. Негов потпис била употребата на светлото и сенката, вклучително и влијанието на светлината преку превез или спуштени ролетни (како на пример во Шангај Експрес). Ова во комбинација со скрупулозното внимание за поставеноста на сцена и костимите филмовите што тие ги снимиле заедно ги прави едни од највизуелните стилски филмови во кинематографската историја.[24][25] Критичарите сè уште енергично дебатираат колку од придонесот му припаѓал на Штернберг а колку на Дитрих но повеќето се согласни дека ниеден повторно не достигнал такви височини откако Парамонт го отпуштил Штернберг и тие двајца престанале да работат заедно.[26] Таква соработка на актерка и режисер кои создале седум филмови уште е неспоредлива во кинематографската историја, со исклучок на Кетрин Хепберн и Џорџ Цукор, кои заедно снимиле десет филмови.[27][28]

Мерилин Монро и Марлен Дитрих

Првиот филм на Дитрих по завршувањето на нејзиното партнерство со Штернберг бил филмот Желба (1936) на Френк Борзејги, комерцијален успех кој ѝ дал на Дитрих можност да се обиде да игра во романтична комедија. Нејзиниот следен проект, Сакав Војник (1936), завршил неславно кога филмот бил прекинат по неколку недели продукција заради проблеми со сценариото, конфузија во распоредот и одлуката на студиото да го отпушти режисерот, Ернст Љубич.[29]

Екстравагантни понуди ја тргнале Дитрих од Парамонт за да го направи нејзиниот прв филм во боја, Градината на Алах (1936) за независниот продуцент Дејвид O.Селзник, за кој таа добила 200,000 долари, и за британската продукцијата на Александар Корда, Витез без оклоп (1937), со плата од 450,000 долари, со што таа станала една од најдобрите платени филмски ѕвезди. Иако и двата филма забележале добра заработка на благајните, нејзината популарност во јавноста била во опаѓање.

Додека била во Лондон, претставници на Нацистичката партија ѝ пришле на Дитрих и ѝ понудиле профитабилни договори, за да се врати во Германија како главна филмска ѕвезда на Третиот Рајх. Таа ја одбила нивната понуда и аплицирала за американско државјанство во 1937 година.[30] Таа се вратила во Парамонт да го сними филмот Ангел (1937), уште една романтична комедија во режија на Ернст Љубич. Филмот бил лошо примен, што довело до тоа Парамонт да го откупи договорот со Дитрих.

Подоцна, иако Дитрих никогаш целосно не го повратила својот поранешен успех на екранот, таа продолжила со филмови, меѓу кои и некои со истакнати режисери како Алфред Хичкок, Фриц Ланг, Орсон Велс и Били Вајлдер.

Марлен Дитрих и Рита Хејворд послужуваат доручек на војници во холивудската кантина (1942)

Активност во Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1930-тите, Дитрих заедно со Били Вајлдер и неколку други Германците, создале фонд за помош на Евреите и бегалците од Германија. Во 1937 година, целиот хонорар од филмот Витез без оклоп (450,000 долари) бил ставен за потребите на бегалците. Во 1939 година, таа станала американска државјанка и се откажала од своето германско државјанство.[31] Во декември 1941 година, со учеството на САД во Втората светска војна, Дитрих станала една од првите личности која сакала да помогне. Од јануари 1942 година до септември 1943 имала турнеи за поттик на моралот кај војниците и се појавила пред 250,000 војници на брегот на Пацификот а потоа и на други места.

Дитрих добила Медал на слободата во ноември 1947 година, за "забава на трупите во странство за време на војната"[32] и изјавила дека е најгорда на тоа остварување[33]. Таа исто така била наградена и со Легија на честа од страна на француската влада за нејзините воени заложби[34].

Карикатура на Дитрих од Ханс Георг Фанмилер (1954)
Разгледница со Марлен Дитрих како настапува во хотелот Сахара, во Лас Вегас, во познатиот фустан кој бил тогашна сензација.

Сцена и кабаре[уреди | уреди извор]

Од раните 1950-ти до средината на 1970-тите, Дитрих работела речиси исклучиво како високо платена кабаретска забавувачка, настапувајќи во големи театри во поголемите градови во светот. Во 1953 година, на Дитрих ѝ било понудено да заработува по 30,000 долари[35] неделно за да изведува во живо во Сахара Хотел во Лас Вегас. Шоуто било кратко, се состоело само од неколку песни поврзани со неа. Овој ангажман бил толку успешен што таа наскоро потпишала настапи и во Кафе де Пари во Лондон а воедно ѝ биле обновени и договорите со Лас Вегас.

Марлен Дитрих со градоначалникот на Ерусалим во тек на концертот во Израел во јуни 1960.

Дитрих го вработила Берт Бакарак како нејзиниот музички аранжер на почетокот на 1950-тите години. Нејзиниот репертоар вклучувал песни од нејзините филмови, како и популарни песни. Аранжманите на Бакарак помогнале да се сокрие ограничениот вокален спектар на Дитрих како алт.[36] Тие заедно снимиле четири албуми и неколку синглови меѓу 1957 година и 1964 година[37]. Во ТВ интервју во 1971 година, таа изјавила дека Бакарак ѝ давал "инспирација" да изведува во текот на тие години.

Во 1960-тите Дитрих направила турнеи во Западна и Источна Германија а потоа и во Израел, каде за време на нејзините концерти пеела неколку песни на германски јазик вклучително и германската верзија на антивоената химна на Пит СигерКаде заминаа сите цветови“ (англиски: "Where Have All Flowers Gone"), со што го скршила неофицијалното табу за употребата на германскиот јазик во Израел. Таа станала првата жена и Германка која ќе го добие израелскиот Медалјон за храброст во 1965 година, "како признание за нејзиното храбро почитување на принципот и доказ на пријателството кон еврејскиот народ". Двапати настапила на Бродвеј (во 1967 и 1968) и освоила посебна награда „Тони“ во 1968 година.

Во нејзините шеесеттите и седумдесеттите години, здравјето ја напуштило. Таа преживеала рак на грлото на матката во 1965 и страдала од слаба циркулација во нозете. Станала зависна од лекови против болки и алкохол а во 1973 го повредила колкот а потоа и десната нога, во 1974 година.

Последните години[уреди | уреди извор]

Кариерата на Дистрих во голема мера завршила на 29 септември 1975 година, кога таа паднала на сцената и го скршила колкот за време на настапот во Сиднеј, Австралија.[38] Следната година починал нејзиниот сопруг, Рудолф Зибер, од рак на 24 јуни 1976.[39]

Гробот на Марлен Дитрих во Берлин

Зависна од лекови против болки и од алкохол, Дитрих живеела повлечено во нејзиниот стан на авенија Монтењ број 12 во Париз. Последните 11 години од животот ги поминала сама, овозможувајќи само на неколкумина од пријателите, семејството и вработените да ја посетуваат во станот. Во тоа време, таа пишувала многу писма и зборувала на телефон. Нејзината автобиографија, Земете ми го само животот, била објавена во 1979 година.[40]

Во 1982, Дитрих се согласила да учествува во документарен филм за нејзиниот живот, Марлен (1984), но одбила да ја снимаат. На режисерот на филмот, Максимилијан Шел, му било дозволено само да ѝ го снима гласот. Тој ги користел интервјуата со неа како основа за филмот, поставени на колаж од филмски клипови од нејзината кариера. Филмот освоил неколку европски филмски награди и добил номинација за Оскар за најдобар документарец во 1984 година. Њусвик го нарекол "уникатен филм, можеби најфасцинантниот филм во кој се зборува за некоја голема филмска ѕвезда"[41]

На 6 мај 1992 година, Дитрих умрела од бубрежна инсуфициенција во нејзиниот стан во Париз на 90-годишна возраст. Нејзината погребна церемонија била спроведена во римокатоличката црква Ла Мадлен во Париз, Римокатоличка црква на 14 мај 1992 година[42]. На погребната служба на Дитрих присуствувале илјадници вклучувајќи и неколку амбасадори од Германија, Русија, САД, Велика Британија и други земји.

По падот на Берлинскиот ѕид, Дитрих била погребана во нејзиното родно место, Берлин, во близина на нејзиното семејство[43][44]

Во филмот Трема (англиски: Stage Fright) на Алфред Хичкок

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филмографијата на Марлен Дитрих
Година Наслов на филмот Оригинален наслов Режија
1919 Im Schatten des Glücks Јакоб Флек и Луиза Флек
1923 Малиот Наполеон Der kleine Napoleon Георг Јакоби
1923 Човекот на крајот од патот Der Mensch am Wege
1923 Љубовна трагедија Tragödie der Liebe Џо Меј
1924 Der Mönch von Santarem Лотар Мендес
1924 Скок во животот Der Sprung ins Leben Јохан Гитер
1925 Улица без радост Г.В.Пабс
1925 Танчерот на госпоѓата Der Tänzer meiner Frau Александер Корда
1926 Манон Леско Артур Робисон
1926 Госпоѓата не сака деца Madame wünscht keine Kinder Александер Корда
1927 Модерната Дибари Eine Dubarry von heute Александер Корда
1927 Лажниот барон Der Juxbaron Вили Волф
1927 Главата горе, Шарли Kopf hoch, Charly! Вили Волф
1927 Нејзиниот најголем блеф Sein größter Bluff Хенрик Галин
1927 Кафе Електрик Café Elektric Густав Учицки
1928 Принцезата Олала Prinzessin Olala Роберт Ланд
1929 Опасната веридба Gefahren der Brautzeit Фред Сауер
1929 Бакнувам рака, Мадам Ich küsse Ihre Hand, Madame Роберт Ланд
1929 Die Frau, nach der man sich sehnt.
1929 Бродот на изгубените души Das, Schiff der verlorenen Menschen Морис Турнер
1929 Синиот анѓел Der Blaue Engel Јозеф фон Штернберг
1930 Мароко Morocco Јозеф фон Штернберг
1931 Обесчестена Dishonored Јозеф фон Штернберг
1932 Шангај Експрес Shanghaï Express Јозеф фон Штернберг
1932 Русокосата Венера Blonde Vénus Јозеф фон Штернберг
1933 Песна на песните Song of Songs Рубен Мамулијан
1934 Црвената царица The Scarlet Empress Јозеф фон Штернберг
1935 Ѓаволот е жена The Devil is a Woman Јозеф фон Штернберг
1936 Желба Desire Ернст Љубич
1936 Градината на Алах The Garden of Allah Ричард Болеславски
1937 Витез без оклоп Knight Without Armour Жак Федер
1937 Анѓел Angel Ернст Љубич
1939 Destry Rides Again Џорџ Маршал
1940 Седумте гревови Seven Sinners Теј Гарнет
1941 Пламенот од Њу Орлеанс The Flame of New Orleans Рене Клер
1941 Manpower Раул Волш
1942 The Lady Is Willing Мичел Лизен
1942 The Spoilers
1942 Питсбург Pittsburgh Луис Силер
1944 Следи ги момците Follow the Boys А.Едвард Сатерленд
1947 Златните обетки Golden Earrings Мичел Лизен
1948 Странска афера A Foreign Affair Били Вајлдер
1950 Трема Stage Fright Алфред Хичкок
1951 Нема автопат на небото No Highway in the Sky Хенри Костер
1952 Rancho Notorious Фриц Ланг
1956 Пат околу светот за 80 дена Around the World in Eighty Days Мајкл Андерсон
1957 Приказната за Монте Карло The Monte Carlo Story Семјуел А. Тејлор
1957 Сведок Witness for the Prosecution Били Вајлдер
1958 Допир на злото Touch of Evil Орсон Велс
1961 Нинберг Nuremberg Стенли Крамер

Признанија[уреди | уреди извор]

Одликувања[уреди | уреди извор]

  • 1947 : Медаља на слободата (едно од највисоките одликувања на САД) ;
  • 1949 : витез на Легијата на честа (Франција)
  • 1965 : крст на редот на Леополд (Белгија) ;
  • 1965 : Медаља за храброст (Израел)[45] ·[46] ;
  • 1983 : витез од редот на Уметноста и Книжевноста[47]
  • Орден за заслуги (Франција)[47]

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награди Лорел 1958 : најдобра актерка во драма за „Сведок“
  • Давид ди Донатело 1962 : специјална награда за улогата во Нинберг
  • Награда Тони 1968 : специјална награда за изведби на Бродвеј[48]
  • Deutscher Filmpreis 1980 : почесна награда за придонес на германскиот филм

Номинации[уреди | уреди извор]

Ѕвезди на популарноста[уреди | уреди извор]

  • 8 февруари 1960 - ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд
  • 12 февруари 2010 - ѕвезда на Булеварот на ѕвездите во Берлин.

Почести[уреди | уреди извор]

  • Астероидот (1010) Марлен, откриен во 1923 и тогаш именуван 1923 PF, подоцна бил преименуван во нејзина чест[50].
  • Дојче Пост (германската пошта) објавила поштенска марка со ликот на Марлен Дитрих, со вредност 110 фенинзи за серијата Жените во германската историја.
  • Во 2007, серија пенкала Мон Блан биле направени во нејзина чест[51].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Flint, Peter B.. „Marlene Dietrich, 90, Symbol of Glamour, Dies“, „The New York Times“, 7 мај 1992.
  2. Marlene Dietrich to be US Citizen“, „Painesville Telegraph“, 6 март 1937.
  3. Citizen Soon“, „The Telegraph Herald“, 10 март 1939.
  4. Seize Luggage of Marlene Dietrich“, „Lawrence Journal World“, 14 јуни 1939.
  5. Marlene Dietrich – The Ultimate Gay Icon » The Cinema Museum, London“, „The Cinema Museum, London“.
  6. AFI's 50 Greatest American Screen Legends“, „American Film Institute“ (посет. 30 август 2014 г).
  7. Born as Maria Magdalena, not Marie Magdalene, according to Dietrich's biography by her daughter, Maria Riva (Riva 1993); however Dietrich's biography by Charlotte Chandler cites "Marie Magdalene" as her birth name (Chandler 2011, p. 12).
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Steven., Bach, (2011). Marlene Dietrich : life and legend (1st University of Minnesota Press ed издание). Minneapolis: University of Minnesota Press. ISBN 0816675848. OCLC 741751642. https://www.worldcat.org/oclc/741751642. 
  9. Charlotte., Chandler, (2011). Marlene : Marlene Dietrich, a personal biography (1st Simon & Schuster hardcover ed издание). New York: Simon & Schuster. ISBN 1439188351. OCLC 617550843. https://www.worldcat.org/oclc/617550843. 
  10. "Marlene Dietrich (German-American actress and singer)". Our Queer History.
  11. „Tragodie der Liebe (1923) - Overview - TCM.com“ (на en). Turner Classic Movies. http://www.tcm.com/tcmdb/title/507721/Tragodie-der-Liebe/. посет. 13 февруари 2018 г. 
  12. Steven., Bach, (2011). Marlene Dietrich : life and legend (1st University of Minnesota Press ed издание). Minneapolis: University of Minnesota Press. ISBN 0816675848. OCLC 741751642. https://www.worldcat.org/oclc/741751642. 
  13. Liedtke, Harry; Dietrich, Marlene; Guingand, Pierre de (1929-09-12), I Kiss Your Hand Madame, конс. 2018-02-13 
  14. Kortner, Fritz; Dietrich, Marlene; Irvine, Robin (1930-01-10), The Ship of Lost Men, конс. 2018-02-13 
  15. "The Ex-Marlene Dietrich, Multiple Best in Show Winning 1930 Rolls-Royce Phantom". Bonhams.
  16. See e.g., Thomson (1975), p. 587: "He was not an easy man to be directed by. Many actors—notably [Emil] Jannings and William Powell—reacted violently to him. Dietrich adored him, and trusted him...."
  17. Cooper, Gary; Dietrich, Marlene; Menjou, Adolphe (1930-12-06), Morocco, конс. 2018-02-14 
  18. Dietrich, Marlene; McLaglen, Victor; Seyffertitz, Gustav von (1931-04-04), Dishonored, конс. 2018-02-14 
  19. Dietrich, Marlene; Brook, Clive; Wong, Anna May (1932-02-12), Shanghai Express, конс. 2018-02-14 
  20. Dietrich, Marlene; Grant, Cary; Marshall, Herbert (1932-10-28), Blonde Venus, конс. 2018-02-14 
  21. Dietrich, Marlene; Aherne, Brian; Atwill, Lionel (1933-07-19), The Song of Songs, конс. 2018-02-14 
  22. Dietrich, Marlene; Lodge, John; Jaffe, Sam (1934-09-07), The Scarlet Empress, конс. 2018-02-14 
  23. Dietrich, Marlene; Atwill, Lionel; Horton, Edward Everett (1935), The Devil Is a Woman, конс. 2018-02-14 
  24. See, for example, Thomson (1975). The entry for Dietrich: "With him [von Sternberg] Dietrich made seven masterpieces [i.e., Blue Angel in Germany and the six in Hollywood], films that are still breathtakingly modern, which have no superior for their sense of artificiality suffused with emotion and which visually combine decadence and austerity, tenderness and cruelty, gaiety and despair."
  25. 1941-, Thomson, David, (1975). A biographical dictionary of the cinema. London: Secker & Warburg. ISBN 0436520109. OCLC 1959828. https://www.worldcat.org/oclc/1959828. 
  26. 1941-, Thomson, David, (1975). A biographical dictionary of the cinema. London: Secker & Warburg. ISBN 0436520109. OCLC 1959828. https://www.worldcat.org/oclc/1959828. 
  27. 1941-, Spoto, Donald, (2000). Blue angel : the life of Marlene Dietrich (1st Cooper Square Press ed издание). New York: Cooper Sqare Press. ISBN 9781461624219. OCLC 820829974. https://www.worldcat.org/oclc/820829974. 
  28. Nightingale, Benedict (1 February 1979). "After Making Nine Films Together, Hepburn Can Practically Direct Cukor; Hepburn Helps Cukor Direct The Corn Is Green'" – via NYTimes.com.
  29. Steven., Bach, (1992). Marlene Dietrich : life and legend (1st ed издание). New York: Morrow. ISBN 0688071198. OCLC 26362126. https://www.worldcat.org/oclc/26362126. 
  30. Helm, Toby (24 June 2000). "Film star felt ashamed of Belsen link". The Daily Telegraph.
  31. Flint, Peter B. (7 May 1992). "Marlene Dietrich, 90, Symbol of Glamour, Dies". The New York Times.
  32. "Miss Dietrich to Receive Medal". The New York Times. 18 November 1947.
  33. "A Look Back … Marlene Dietrich: Singing For A Cause". Central Intelligence Agency. 23 October 2008.
  34. "Marlene Dietrich : Biography". Who's Who – The People Lexicon (in German). www.whoswho.de. Retrieved 5 January 2013. Chevalier de la Légion d'Honneur and Officier de la Légion d'Honneur
  35. Steven., Bach, (1992). Marlene Dietrich : life and legend (1st ed издание). New York: Morrow. ISBN 0688071198. OCLC 26362126. https://www.worldcat.org/oclc/26362126. 
  36. Carpenter, Cassie (9 August 2011). "Cassie's Corner: Marlene Dietrich's Top 10 Badass One-Liners". L.A Slush.
  37. 1949-2010., O'Connor, Patrick, ((1992 [printing])). The amazing blonde woman : Dietrich's own style. London: Bloomsbury. ISBN 0747512647. OCLC 59883824. https://www.worldcat.org/oclc/59883824. 
  38. „Act follows suggestion of song's title“, „Toledo Blade“, 7 ноември 1973.
  39. Voss, Joan. „Marlene Dietrich“. Senior Connection. http://seniorconnectionnewspaper.com/features/2015/Jan/hollywood.php. посет. 24 јули 2015 г. 
  40. „Nehmt nur mein Leben ... : Reflexionen / Marlene Dietrich.“. https://lccn.loc.gov/79374253. посет. 11 октомври 2016 г. 
  41. Marlene. Atlas International. архивирано од оригиналот на 5 јануари 2009. https://web.archive.org/web/20090105225841/http://www.atlasfilm.com/00000198640aab305/03227898d60a6720a/03227899d50c45007.htm. посет. 26 јануари 2009 г. 
  42. "I have given up belief in a God." Allen Smith, Warren (2002). Celebrities in Hell: A Guide to Hollywood's Atheists, Agnostics, Skeptics, Free Thinkers, and More. Barricade Books Inc.. стр. 130. ISBN 1-56980-214-9. 
  43. „Obituary for Marlene Magdelene Dietrich“. The Message Newsjournal. http://mes.stparchive.com/Archive/MES/MES05221992P08.php. посет. 9 јуни 2013 г. 
  44. „Obituary of Maria Magdalene "Marlene" Dietrich“. The Message Newsjournal. http://mes.stparchive.com/Archive/MES/MES05221992P08.php. посет. 9 јуни 2013 г. 
  45. (англиски) Herbert G. Luft, « Marlene Dietrich First German to Receive Israel Medallion of Valour »Шаблон:Référence insuffisante.
  46. (англиски) Herbert G. Luft, « Israel's Medallion of Valour Awarded Marlene Dietrich », The Jewish Chronicle, 3 décembre 1965, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article (Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article de l'archive).
  47. 47,0 47,1 (англиски) « The Legendary, Lovely Marlene - Dietrich's War », sur le site Marlene Dietrich.org.uk (consulté le 7 février 2016).
  48. Грешка: no |title= specified при употребата на {{Cite web}}. https://www.broadwayworld.com/tonyawardsyear.cfm?year=1968. 
  49. Шаблон:Article
  50. Lutz D. Schmadel, Dictionary of Minor Planet Names – (1010) Marlene, 2003 Шаблон:Lire en ligne 
  51. « Marlene Dietrich Special Edition »

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

.