Гранд Хотел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Гранд Хотел“
Гранд Хотел - плакат.jpg
Филмскиот плакат
РежисерЕдмунд Голдинг
ПродуцентИрвинг Талберг
СценаристВилијам А. Дрејк
Бела Балаз
НастапуваатГрета Гарбо
Џон Беримор
Џоан Крафорд
Валас Бери
Лајонел Беримор
Луис Стоун
Џин Хершолт
МузикаВилијам Акст
Чарлс Максвел
КинематографијаВилијам Х. Дениелс
МонтажаБланш Сивел
ДистрибутерMetro-Goldwyn-Mayer
Премиерасептември 11 1932 (1932-09-11)
Времетраење112 минути
Држава САД
Јазиканглиски
Буџет$700,000

Grand Hotel е американски драма филм од 1932, режиран од Едмунд Голдинг. Сценариото од Влијам А. Дрејк и Бела Балаз е направено врз основа на истоимената претстава од 1930, напишана од Дрејк кој ја адаптирал од романот „Menschen im Hotel“ на Вики Баум, издадена во 1929. До 2012, овој филм бил единствениот кој добил оскар за најдобар филм без, притоа, тие кој работеле на него да бидат номнирани во било која друга категорија.

Во 2007 „Grand Hotel“ бил избран за зачувување во библиотеката на националниот филмски регистар на САД како „културолошки, историски или естетски значаен“. Репликата „Сакам да бидам сама“ изречена од Грета Гарбо е рангирана на #30 во листана „100 години... 100 филмски реплики“ на американскиот филмски институт.

Во 1945 филмот бил повторно направен како „Крај на неделата во Валдорф“. Исто така, служел како основа на истоимениот музички филм од 1989 година. Фразата „Гранд Хотел тема“ се користи за секој драматичен филм кој ги следи активностите на различни луѓе во големо, полно, место каде некои личности живеат на необичен начин, а останатите не знаат за постоењето на другите. Вакви „гранд хотел“ филмови се снимаат на аеродроми, на океански крајбрежја, во големи стоковни куќи, како и во хотели.