Ени Хол
„Ени Хол“ | |
---|---|
![]() Филмскиот плакат | |
Режисер | Вуди Ален |
Продуцент | Чарлс Џофи |
Сценарист | Вуди Ален Маршал Брикмен |
Главни улоги | Вуди Ален Дајан Китон Тони Робертс Керол Кејн Пол Сајмон Шели Дувал Кристофер Вокен Колин Духарст |
Кинематографија | Гордон Вилис |
Монтажа | Ралф Росенблам |
Дистрибутер | „United Artists“ |
Премиера | 20 април 1977 |
Времетраење | 93 минунти |
Земја | ![]() |
Јазик | Англиски |
Буџет | $4 милиони |
Бруто заработка | $38.251.425[1] |
„Ени Хол“ (англиски: Annie Hall) е американски комичен филм од 1977 година, режиран од Вуди Ален, кој е автор и на сценариото, заедно со Маршал Брикмен. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Вуди Ален, Дајан Китон, Тони Робертс, Пол Сајмон, Керол Кејн, Шели Дувал, Кристофер Вокен итн. Филмот, кој се смета за најдоброто остварување на Ален, е снимен на границата меѓу „смешната“ и „озбилната“ фаза во неговото творештво. Станува збор за романтична комедија која ги спојува бурлеската од Аленовите први филмови и слепстик комедијата со стилските експерименти и потребата од вметнување интелектуални референци, а истовремено се работи за веројатно најемотивниот Аленов филм. Голема заслуга за тоа имаат и автобиографските елементи во филмот: за време на снимањето, Ален живеел заедно со Дајан Китон, неговиот пријател во филмот го глуми токму Аленовиот најдобар пријател Тони Робертс, додека насловниот лик на интелектуалниот комичар во голема мера одговара на Вуди Ален. Филмот „Ени Хол“ освоил четири награди „Оскар“, и тоа: за најдобар филм, за режија, за сценарио и за главна женска улога.[2]
Синопсис[уреди | уреди извор]
Невротичниот комичар Алви Сингер (го игра Ален) се присетува на својата најголема љубов Ени Хол (ја игра Китон), преиспитувајќи ги причините за прекинот на нивната врска пред една година. Инаку, Алви веќе 15 години редовно го посетува психијатарот, а уште како дете паѓал во депресии и сметал дека учениците од неговото одделение се кретени. Подоцна, тој бил двапати оженет, а еден брак му се распаднал затоа што тој и либерална сопруга (ја игра Кејн) не можеле да се сложат околу тоа како бил убиен Џ. Ф. Кенеди. Сепак, неговата најголема љубов е Ени Хол, припроста и збунета девојка која ја запознал на тенис. Онака како што се вљубувал во неа, Алви постепено почнал да ја убедува да се посвети на нејзиното хоби — пеењето. Така, Ени започнува да посетува вечерен курс по пеење, но кога таа се развила од девојка во жена, врската со Алви ѝ станала тесна...[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Бокс Офис информации за „Ени Хол"“. „Box Office Mojo“. Посетено на 29 јануари 2012.
- ↑ Annie Hall, američki film (пристапено на 28.10.2023)
- ↑ Annie Hall, američki film (пристапено на 28.10.2023)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Ени Хол на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Ени Хол на Allmovie
- Ени Хол на филмската база TCM
- Ени Хол на Box Office Mojo
- Ени Хол на Rotten Tomatoes.
- Мали добри филмови (Неофицијална Вудипедија и блог)
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>
- Никулци за американски филмови
- Филмови од 1977 година
- Американски филмови
- Добитници на оскар за најдобар филм
- Филмови на англиски јазик
- Филмови на Вуди Ален
- Филмови со Вуди Ален
- Филмови со Дајан Китон
- Филмови со Шели Дувал
- Филмови со Керол Кејн
- Филмови со Тони Робертс
- Филмови со Кристофер Вокен
- Филмови со Пол Сајмон
- Филмови снимени во Њујорк
- Филмови на United Artists
- Филмски комедии