Сѐ за Ева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Сѐ за Ева“
Сѐ за Ева - плакат.jpeg
Филмскиот плакат
РежисерЏозеф Л. Манкевиц
ПродуцентДерил Ф. Занук
СценаристЏозеф Л. Манкевиц
НастапуваатБети Дејвис
Ен Бакстер
Џорџ Сандерс
Селест Холм
МузикаАлфред Њумен
КинематографијаМилтон Р. Краснер
МонтажаБарбара Меклин
Дистрибутер„20th Century Fox“
Премиераоктомври 13 1950 (1950-10-13)
Времетраење138 минути
Држава САД
ЈазикАнглиски
Бруто заработка$2.9 милиони (ренти во САД)[1]

Сѐ за Ева (англиски: All About Eve) е американски филм (драма) од 1950, режиран од Џозеф Манкјевиц (Joseph L. Mankiewicz), кој е автор и на сценариото, засновано на расказот на Мери Ор (Mary Orr) и во соработка со Ерих Кестнер (Ericha Kästner). Во главната улога глуми Бет Дејвис (Bette Davis), во тоа време една од најголемите филмски ѕвезди,[2] а во филмот настапуваат и: Ен Бакстер (Anne Baxter), Селест Холм (Celeste Holm), Џорџ Сандерс (George Sanders), Гери Мерил (Gary Merrill), Хју Марлоу (Hugh Marlowe), Грегори Ратоф (Gregory Ratoff), Барбара Бејтс (Barbara Bates), Телма Ритер (Thelma Ritter), Мерилин Монро (Marilyn Monroe) и Волтер Хемпден (Walter Hampden)

Синопсис[уреди | уреди извор]

Додека младата театарска глумица Ева Харингтон (ја игра Бакстер) прима престижна награда за најдобра улога на Бродвеј, Карен Ричардс (ја игра Холм) и влијателниот театарски критичар Адисон Девит (го игра Сандерс) се присетуваат на познанството со неа и на текот на нејзината кариера. Една вечер, по завршената претстава, Карен ја забележува младата Ева и ја внесува во гардеробата на познатата театарска глумица Марго Ченинг (ја игра Дејвис). Ева се претставува како скромна и сиромашна девојка од провинцијата и како голема обожавателка на Марго која сонува да стане глумица. Изненадени со добродушноста на Ева, Карен, нејзиниот сопруг, драматургот Лојд (го игра Марлоу) и љубовникот на Марго, Бил Симпсон (го игра Мерил) успеваат да ја убедат Марго да ја прифати Ева и да ја вработи како своја лична секретарка. И додека Ева ги освојува симпатиите на сите пријатели на Марго, таа постепено заклучува дека девојката воопшто не е наивна, туку дека има скриени планови. Набргу, Марго почнува да се однесува непријателски кон Ева и поради тоа наидува на осуда кај нејзините пријателите. Служејќи се со својот шарм, Ева учествува на една аудиција при што е избрана како замена на Марго. Потоа, Карен ја кани Марго на мал одмор и намерно ја спречува да стигне на театарската претстава. Така, Ева ја презема улогата на Марго, а познатиот критичар Адисон пишува пофална критика за нејзиниот настап при што ја напаѓа Марго. Меѓутоа, сплетките на Ева продолжуваат и таа го убедува Лојд да ѝ ја додели главната улога во неговата нова драма. Притоа, таа е вљубена во него, но Адисон ја уценува (зашто знае за лагите на Ева) и ја става под своја контрола. По примањето на наградата, Ева се повлекува во хотелската соба, а таму затекнува непозната млада девојка која се претставува како нејзина голема обожавателка и веднаш почнува да ѝ служи.[3] [4] [4]

Осврт кон филмот[уреди | уреди извор]

Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во 14 категории (од кои победил во шест) и сè до 1997 година, кога бил надминат од „Титаник“, бил рекордер во бројот на номинации за оваа награда, и се смета за ремек-дело и еден од најважните и најуспешните филмови на сите времиња. Филмот претставува исклучително интелигентната драма со елементи на сатира и се одликува со сликовити ликови, остри дијалози, духовити реплики, маестрална режија, впечатлива фотографија (дело на Милтон. Р. Креснер), фантастична глума и одлична музика (дело на оскаровецот Алфред).[5] Американскиот филмски институт го сместил на списокот на „100 најдобри филмови на сите времиња“,[6] а САД го ставиле под заштита во конгресната библиотека, како културно национално богатство.

Филмот имал големо влијание во современата уметност.[7] Многу сцени од овој филм биле инспирација за актерите и режисерите, а Марго Ченинг станала предмет на имитација и еден од омилените ликови на маскенбалите.[8] И по шест децении, неговата популарност кај геј-популацијата не опаднала, а современите критичари и историчари на уметноста се обидувале да го објаснат овој феномен.[9] Како најдобар филм во кариерата на Бети Дејвис, со „Сè за Ева“ таа стекнала култен статус во круговите на геј-популацијата.[9]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Топ Бокс Офис хитови од 1950The Top Box Office Hits of 1950“, Variety, 3 јануари, 1951
  2. Спада (1993), стр. 257.
  3. HRT, Sve o Evi, američki film - Dupla projekcija: Bette Davis (пристапено на 2.6.2020)
  4. 4,0 4,1 "Сѐ за Ева (1950) - Резиме". Посетено на 11 јули, 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. HRT, Sve o Evi, američki film - Dupla projekcija: Bette Davis (пристапено на 2.6.2020)
  6. "100 години... 100 филма - АФИ". Посетено на 11 јули, 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. "www.amazon.com". Посетено на 11 јули, 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. "направи костум Марго Ченинг за [[Ноќ на вештерките|Ноќта на вештерките]]". Посетено на 11 јули, 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); URL–wikilink conflict (help)
  9. 9,0 9,1 "„Сѐ за Ева" сè уште добар и на 60 години. | „Washington Blade - America's Leading Gay News Source"". Посетено на 11 јули, 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Аудио во живо