Прејди на содржината

Полноќен каубој

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Полноќен каубој“
Филмскиот плакат
РежисерЏон Шлисинџер
ПродуцентЏером Хелмен
Главни улогиДастин Хофман
Џон Војт
Силвија Мајлс
МузикаЏон Бери
КинематографијаАдам Холендер
МонтажаХју Робертсон
ДистрибутерUnited Artists
Премиерамај 25 1969 (1969-05-25)
Времетраење113 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$3.6 милиони
Бруто заработка$44.785.053[1]

„Полноќен каубој“американски драма филм на режисерот Џон Шлезингер (John Schlesinger) од 1969 година. Автор на сценариото е Валдо Солт (Waldo Salt), а тоа е засновано врз истоимениот роман на Џејмс Лео Херлихи (James Lee Herlihy) од 1965 година. Главните улоги ги играат: Дастин Хофман (Dustin Hoffman), Џон Војт (Jon Voight), Бренда Вакаро (Brenda Vaccaro), Џон Мегивер (John McGiver), Рут Вајт (Ruth White), Силвија Мајлс (Sylvia Miles), Барнард Хјус (Barnard Hughes), Џенифер Солт (Jennifer Salt) и Боб Балабан (Bob Balaban). Мачен, жесток, бескомпромисен, но исклучително суптилен, филмот (кој е првото холивудско остварување на британскиот режисер) освоил три „Оскари“: Оскар за најдобар филм, Оскар за најдобар режисер и Оскар за најдобро адаптирано сценарио, а покрај тоа имал уште номинации (глумците Војт, Хофман и Мајлс, како и монтажерот Хју А. Робертсон). Филмот освоил и шест награди БАФТА, а се натпреварувал и во службената конкуренција на Филмскиот фестивал во Берлин. Денес, тој се смета за еден од најдобрите американски филмови од 1960-тите, кој сè уште делува авангардно и провокативно. Истовремено, тој е првиот и единствениот филм со назнаката „Х“ кој е награден со „Оскар“.[2]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Џо Бак (го игра Војт) е млад, сиромашен и амбициозен човек од мало провинциско место во Тексас, кој заминува во Њујорк со намера таму да се збогати како жиголо. Таму, тој налетува на згодната Кес (ја игра Мајлс), но не само што не заработува ништо, туку мора да ѝ позајми пари за такси. Потоа, Џо го запознава ситниот џепарош и измамник Енрико Салваторе Рицо (го игра Хофман), кој му ветува добра заработка, нудејќи му се како менаџер. Меѓутоа, надежите на Џо воопшто не се остваруваат и набргу, тој останува без пари и мора да ја напушти хотелската соба. Подоцна, Џо повторно го среќава Рицо, кој го прима во своето засолниште во една напуштена зграда. Со доаѓањето на зимата, нивниоот живот станува тежок: Рицо е тешко болен, а Џо е принуден да заработува пари на различни начини — од хомосексуални врски до дарување крв. Најпосле, нему му се насмевнува среќата кога го канат на една забава. Таму, Џо запознава една девојка со која води љубов. Тогаш, двајцата заминуваат во Флорида со надеж за посреќен живот, но патем умира Рицо.


  1. „Бокс Офис информации за „Полноќен каубој". „Box Office Mojo“. Посетено на 26 февруари 2012.
  2. Ponoćni kauboj, američki film (пристапено на 23.11.2023)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>