Зелена книга (филм од 2018)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Зелена книга (англиски: Green Book) - американски филм од 2018 година, во режија на Питер Фарели. Главните улоги ги играат: Виго Мортенсен, Махершала Али и Линда Карделини. Филмот е добитник на 53 награди, а покрај тоа, имал уште 88 номинации. Од нив, поважни се: трите награди „Оскар“ (најдобар филм, најдобра машка споредна улога, најдобро оригинално сценарио), трите награди „Златен глобус“ (најдобро сценарио, најдобар спореден глумец и најдобар филм), една награда БАФТА (најдобра машка споредна улога)[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во 1962 година. Тони Лип (го игра Мортенсен) работи во ноќен клуб, кој привремено е затворен поради реновирање. Така, Тони е принуден да бара нова работа и прифаќа да му биде личен шофер на познатиот пијанист д-р Дон Ширли (го игра Али). Тони го вози пијанистот во јужните држави на САД во кои постои расна дискриминација. Двајцата поминуваат заедно неколку недели во кои имаат прилика меѓусебно да се запознаат. Истовремено, како резултат на дружењето, и Тони и д-р Ширли ги менуваат своите навики и ставови. На почетокот, Тони е насилен, некултурен и има предрасуди кон Црнците, но по неколку недели неговото однесување се подобрува, а тој се однесува заштитнички и пријателски кон д-р Ширли. Обратно, арогантниот и егоцентричен пијанист постепено го запознава реалниот живот, почнува да се дружи со „обичните“ луѓе и станува отворен за нови идеи. На крајот, возејќи по тешки временски услови, Тони и д-р Ширли успеваат да се вратат во Њујорк за Божиќ. Тони доаѓа дома и го прославува празникот со семејството, а набргу им се придружува и д-р Ширли.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]