12 години роб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„12 години роб“
12 Years a Slave film poster.jpg
Постер за филмот
РежисерСтив Меквин
ПродуцентБред Пит, Диди Гарднер, Џереми Клејнер, Бил Похлад, Стив Меквин, Арнон Милчен, Ентони Катагас
НастапуваатЧуетел Еџиофор, Мајкл Фасбендер, Бенедикт Камбербач, Пол Дејно, Пол Џијамати, Лупита Нјонго, Сара Полсон, Бред Пит, Алфри Вудвард
МузикаХанс Зимер
КинематографијаШон Бобит
МонтажаЏо Вокер
СтудиоSummit Entertainment, Regency Enterprises, River Road Entertainment, Film4, Plan B
ДистрибутерFox Searchlight Pictures (САД), Entertainment One (Обединето Кралство)
Премиераавгуст 30 2013 (2013-08-30) (Telluride Film Festival)
ноември 8 2013 (2013-11-08) (САД)
јануари 10 2014 (2014-01-10) (Обединето Кралство)
Времетраење134 минути[1]
ДржаваОбединето Кралство, САД
Јазиканглиски
Буџет[2][3]
$18 милиони
Бруто заработка$172,036,000[4]

12 години роб (англиски: 12 Years a Slave) — британско-американски историски филм од 2013 година, во режија на Стив Меквин, според сценариото на Џон Ридли, засновано врз истоимената книга на Соломон Нордап од 1853 година. Главните улоги ги играат: Чиветел Еџиофор, Мајкл Фасбендер, Бенедикт Камбербач, Пол Дејно, Гарет Дилахант, Мајкл Кенет Вилијамс, Брет Пит, итн. Филмот опишува вистински настани: Соломон Нордап, роден како слободен човек во државата Њујорк, во 1841 година бил грабнат во Вашингтон и продаден како роб, по што поминал 12 години во ропство, работејќи на плантажите во Луизијана. Филмот освоил три награди „Оскар“ (за најдобар филм, најдобра споредна улога и најдобро адаптирано сценарио) при што за првпат во историјата оваа награда ја освоил афроамерикански режисер. Исто така, филмот ја освоил наградата „Златен глобус“ за најдобар филм и две награди на БАФТА (за најдобар филм и најдобар глумец).[5] Првото научно издание на мемоарот на Нортап, издадено во 1968 од страна на Су Икин и Џозеф Логсдон, внимателно ги опишува и верифицира настаните во мемоарот за кои се смета дека се точни и прецизни.[6]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Соломон е слободен човек кому му е направена голема неправда: тој е грабнат, затоа што е Црнец и потоа е продаден како роб при што добива новот има - Плат. Така, тој поминува 12 години работејќи на плантажата за памук во Луизијана при што постојано се истакнува со својата дарба. Работејќи како роб, тој е принуден да ја трпи бруталноста на неговиот сопственик. Бидејќи е разделен од своето семејство, тој сонува да побегне и еден ден сонот му се остварува: на имотот каде што работи доаѓа дрводелец кој, иако е Белец, не го поддржува ропството. Плат го замолува да ги извести неговите пријатели и тие доаѓаат на имотот со потврда дека тој е слободен човек. Така, Соломон најпосле се враќа дома, каде во меѓувреме неговата ќерка се омажила и добила бебе кое го крстиле Соломон.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 12 YEARS A SLAVE (15)“. Fox Searchlight Pictures. British Board of Film Classification. February 19, 2014. конс. February 19, 2014. 
  2. Cieply, Michael (October 28, 2013). „The International Fate of '12 Years': Steve McQueen's Film Is a Box-Office Test Case“. The New York Times. конс. October 29, 2013. 
  3. Horn, John (March 4, 2014). „Oscars: '12 Years a Slave' puts spotlight on Hollywood's approach to race“. Los Angeles Times. конс. March 6, 2014. 
  4. „12 Years a Slave (2013)“. Box Office Mojo. конс. March 23, 2014. 
  5. HRT (пристапено ан 24.2.2018)
  6. doi:10.1353/cwh.1969.0065
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  7. HRT (пристапено на 24.2.2018)