Чуетел Еџиофор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чуетел Еџиофор
ЗБИ[1]
Еџиофор на Сан Диего комик-кон интернешенел во 2016 година
Роден(а)10 јули 1977 (1977-07-10) (42 г.)
Лондон, Англија
ЖивеалиштеЛос Анџелес, САД
НационалностБританец
ЗанимањеГлумец
Активен период1995–сè уште

Чуетел Еџиофор,[2] ЗБИ, (/ˈwɨtɛl ˈɛi.fɔr/;[3] роден на 10 јули 1977 г.)[2][4] — англиски глумец.[5]

По запишувањето на националниот младински театар во 1995 година, и добивањето на стипендија за Лондонската академија за музички и драмски уметност, на 19-годишна возраст и поминати три месечни студии, Еџиофор бил избран од Стивен Спилберг да глуми споредна улога во филмот Амистад.[6]

Еџиофор е познат по улогите на Окве во Валкани слатки работи (2002), оперативецот во Серенити: Борба за иднина (2005), Лола во Откачени чизми (2005), Лук во Потомци (2006), Д-р. Адријан Хелмсли во 2012 (2009) и Д-р. Винсент Капур во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Тој го играл Соломон Нортуп во 12 години роб (2013), улога за која добил номинации за Оскар и Златен глобус, како и БАФТА награда за најдобар глумец. Во 2014 година тој бил номиниран за Еми награда за неговата изведба во серијата Играјќи на работ.[7]

Еџиофор е добитник на бројни награди и номинации за глума, вклучувајќи ги наградата БАФТА идна ѕвезда во 2006 година, пет номинации за Златен глобус, и театарската награда Лоренс Оливије за најдобар глумец за неговата изведба во Отело во 2008 година. Истата година, тој бил назначен за офицер на Редот на Британската империја од Кралицата Елизабета II за придонеси кон уметноста.[8] Тој бил унапреден на заповедник во 2015 година.[9]

Рани години[уреди | уреди извор]

Еџиофор е роден во Лондон од нигериски родители.[10] Неговиот татко, Аринзе, бил доктор, а неговата мајка, Обиаџулу, била фармацевт. Неговата сестра, Заин Ашер, е дописник за СНН.[11] Во 1988 година, Кога Еџиофор имал 11 години, за време на семејно патување во Нигерија по повод свадба, тој и неговиот татко возеле за Лагос по прославата кога нивната кола се судрила директно со камион. Неговиот татко загинал, но Еџиофор преживеал. Тој бил тешко повреден, и заработил лузни кои сеуште се видливи на неговото чело.[12][13]

Еџиофор започнал да глуми во школски претстави на 14-годишна возраст на колеџот Далвич и се приклучил на националниот младински театар. Тој добил стипендија за Лондонската академија за музички и драмски уметност, но морал да ги напушти студиите по првата година, откако бил избран да глуми во филмот Амистад, режиран од Стивен Спилберг. Тој ја играл насловната улога во претставата Отело во театарот Блумсбјури во септември 1995 година, и повторно во кралскиот театар во Глазгов, во 1996 година, кога глумел наспроти Рејчел Стирлинг која била Дездемона.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Еџиофор бил во врска со канадската глумица и модел Сари Мерсер.[14] Тој е пријател со глумците Бенедикт Камбербач[15] и Идрис Елба.[16] Во 2015 година, Еџиофор ја добил наградата „Global Promise“ од страна на фондацијата The GEANCO Foundation, непрофитна организација за социјална заштита во Западна Африка за неговата хуманитарна работа во Нигерија.[17]

На 12 септември 2016, Еџиофор, заедно со колегите Кејт Бланшет, Питер Капалди, Кит Харингтон, Даглас Бут, Нил Гејман, Кира Најтли, Џулиет Стивенсон, Џеси Ајзенберг, и Стенли Тучи, учествувал во видео од агенцијата за бегалци УНХЦР на ООН со цел да се зголеми свесноста за светската бегалска криза. Во видеото, со наслов "Што тие земале со себе", глумците читаат поема, напишана од Џенифер Токсвиг и инспирирана од основните профили на бегалците, и е дел од кампањата #WithRefugees на УНХЦР, која исто така вклучува петиција до владите да го зголемат бројот на потврдни азил барања, обезбедувајќи им на бегалците засолниште, можност за работа и образование.[18][19]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
1997 Амистад Џејмс Ковеј
1999 Точно време по Гринич Рикс
2002 Валкани слатки работи Окве Ландер
2003 Всушност љубов Питер
2004 Таа ме мрази Френк Вилс
2004 Црвена прашина Алекс Мпондо
2004 Мелинда и Мелинда Елис
2005 Четири браќа Виктор Свит
2005 Серенити: Борба за иднина Оперативецот
2005 Гори бавно Тај Трипин
2005 Откачени чизми Симон/ Лола
2006 Човек одвнатре Детектив Бил Мичел
2006 Потомци Лук
2007 Зборувај со мене Девеј Хјуз
2007 Американски гангстер Хуеј Лукас
2008 Црвен појас Мајк Тери
2009 Крај на играта Табо Мбеки
2009 2012 Д-р. Адријан Хелмсли
2010 Солт Пибоди
2013 Савана Кристмас Мултри
2013 12 години роб Соломон Нортуп
2013 Половина жолто сонце Оденигбо
2015 З за Закарија Лумис
2015 Марсовец: Спасувачка мисија Винсент Капур
2015 Тајна во нивните очи Реј
2016 Код 999 Мајкл Етвуд
2016 Доктор Стрејнџ Карл Мордо / Барон Мордо Постпродукција

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
1996 Смртоносно патување Ибоу ТВ филм
2001 Убиство во ум ДС Мекоркиндејл Епизода: "Teacher"
2003 Дванаесеттата ноќ Орсино ТВ филм
2003 Доверба Ешли Картер 6 епизоди
2003 Кантербериски приказни Пол Дел: The Knight's Tale
2006 Цунами: Последици Ијан Картер ТВ филм
2007 Поделба: Денот кога Индија изгоре Раскажувач
2011 Граница на темнината Џона Габриел 7 епизоди
2013 Играјќи на работ Луис Лестер 6 епизоди
2013 Фил Спектор Обвинител ТВ филм

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Thomas, Kate. „Royal seal of approval: 12 Years A Slave actor Chiwetel Ejiofor is appointed a CBE for services to drama by the Duke of Cambridge“, „News release“, 27 октомври 2015 (посет. 10 јануари 2016 г).
  2. 2,0 2,1 „BFI | Film & TV Database | EJIOFOR, Chiwetel“. Ftvdb.bfi.org.uk. 16 April 2009. конс. 31 October 2012. 
  3. „Chiwetel Ejiofor“. inogolo.com. конс. 31 October 2012. 
  4. born in 1977, as stated by Ejiofor at http://www.youtube.com/watch?v=l_UDXHRlCRs, at 9:30 mark
  5. Columbite Tantalite: a film that fuses Congo's past and present struggles“, „The Guardian“ (посет. 11 декември 2013 г).
  6. A Season in the Congo: interview with Chiwetel Ejiofor“, „The Telegraph“ (посет. 9 јули 2013 г).
  7. „2014 Emmy Awards: ‘Game of Thrones,’ ‘Fargo’ Lead Nominations“. variety. конс. 25 March 2015. 
  8. 'Kinky Boots' actor Chiwetel receives OBE from Queen“, „Hello“ (посет. 19 декември 2008 г).
  9. „2015 Queen's Birthday Honours“ (PDF). The London Gazette. 
  10. Hattenstone, Simon. „The rainbow's end Arts“, „The Guardian“, 10 јули 2004. „Life, he says, was always precarious for his parents in Nigeria – they belonged to the Christian Ibo tribe...“
  11. Danny Walker (17 January 2014). „Oscars: Watch Chiwetel Ejiofor's sister Zain Asher cry on live TV following Oscar nomination - Mirror Online“. mirror. 
  12. Raphael, Amy. "Almost famous", The Guardian, 3 November 2002. Retrieved 9 July 2007.
  13. Husband, Stuart. „Chiwetel Ejiofor: it's always the quiet ones...“, „The Daily Telegraph“, 11 ноември 2007 (посет. 28 април 2010 г).
  14. „Seven Things You Didn't Know About 12 Years A Slave Star Chiwetel Ejiofor“. entertainment wise. конс. 25 March 2015. 
  15. 'Doctor Strange': Chiwetel Ejiofor Confirms His Appearance, Excited To Work With Benedict Cumberbatch“. IB Times. конс. 12 January 2016. 
  16. I love Idris Elba — we’ve been friends for 20 years, says rival award nominee Chiwetel Ejiofor“, Evening Standard (посет. 13 јануари 2016 г).
  17. Mannie Holmes. „Chiwetel Ejiofor, David Oyelowo Talk Nigeria’s Girls, Uzo Aduba & Diversity at Fundraiser“, variety.com, 22 септември 2015 (посет. 6 мај 2016 г).
  18. „2016 Stories - #WithRefugees“ (en-US). конс. 2016-09-14. 
  19. „What They Took With Them - #WithRefugees“ (en-US). 2016-09-07. конс. 2016-09-14. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]