Роки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Роки“
Роки - плакат.jpg
Филмскиот плакат
Режисер Џон Ејвилдсен
Продуцент Роберт Чартоф
Ирвин Винклер
Сценарист Силвестер Сталоне
Настапуваат Силвестер сталоне
Бурџис Мередит
Талија Шири
Бурт Јанг
Карл Ведерс
Музика Бил Конти
Кинематографија Џејмс Крејб
Монтажа Ричард Хелси
Скот Конрад
Дистрибутер United Artists
Премиера 21 ноември, 1976 - Њујорк
Времетраење 119 минути
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик Англиски
Буџет $1 милион
Бруто заработка $225.000.000[1]

Роки (англиски: Rocky) е американски спортски филм од 1976 година, во режија на Џон Ејвилдсен, а по сценариото на Силвестер Сталоне. Главните улоги ги играат: Силвестер Сталоне, Талија Шаер, Берт Јанг, Карл Видерс и Бурџис Мередит. Сталоне го напишал сценариото за само три дена, а продуцентите на филмот сакале главниот лик да го игра Џејмс Кан, но Сталоне не го прифатил тоа. Со овој филм, Сталоне станал голема филмска ѕвезда, а „Роки“ добил награди „Оскар“, и тоа во категориите: најдобар филм, најдобра режија и најдобра монтажа. По успехот на овој филм, Сталоне снимил уште неколку продолженија кои, исто така, имале голем комерцијален успех.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Роки Балбоа (го игра Сталоне) има 30 години и живее во сиромашниот дел на Филаделфија. Одвреме-навреме, тој наплаќа долгови за сметка на некој криминалец. Неговата љубов е боксот, но иако настапил на многу мечеви, тој не успеал да се прослави. Неговиот стар тренер Мики (го игра Мередит) верува дека Роки има голема дарба, но дека самиот се упропастил и затоа го презира. Роки е вљубен во срамежливата Ејдриен (ја игра Шаер), сестрата на својот пријател Поли (го игра Јанг), но нивната врска се врти во круг. Во меѓувреме, светскиот шампион во бокс, Аполо Крид (го игра Видерс), треба да боксува во Филаделфија со својот предизвикувач, но тој е повреден и не може да настапи. Од рекламни причини, Аполо одлучува да боксува со непознат боксер, а случајно изборот паѓа на Роки, можеби поради неговиот прекар „Италијански пастув“. По разговорот со својот тренер, Роки го сфаќа сериозно предизвикот и почнува да тренира. Во текот на мечот, на почетокот Роки губи, но потоа прави пресврт и станува светски шампион.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: