Одовде до вечноста

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Одовде до вечноста“
Филмскиот плакат
РежисерФред Зинеман
ПродуцентБади Адлер
СценаристЏејмс Џонс (новела)
Даниел Тарадаш
Главни улогиБерт Ланкастер
Монтгомери Клифт
Дебра Кер
Дона Рид
Френк Синатра
Ернест Боргнајн
Филип Обер
Џек Варднер
МузикаЏорџ Данинг
КинематографијаБарнет Гафи
МонтажаВилијам А. Лајон
ДистрибутерColumbia Pictures
Премиераавгуст 5 1953 (1953-08-05)
Времетраење118 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$1,650,000
Бруто заработка$30,500,000[1]

„Одовде до вечноста“ (англиски: From here to eternity) е американски филм (од жанрот драма) од 1953 година, во режија на Фред Зинеман, а заснован врз истоимениот роман на Џејмс Џонс. Главните улоги ги толкуваат: Берт Ланкастер, Монтгомери Клифт, Дебра Кер, Дона Рид, Френк Синатра и Ернест Боргнајн. Филмот ги прикажува неволјите на група војници на Хаваите, неколку месеци пред почетокот на нападот на Перл Харбор. „Одовде до вечноста“ освоил осум „Оскари“, од вкупно 13 номинации, меѓу кои и Оскар за најдобар филм, Оскар за најдобар режисер, Оскар за најдобра адаптација на сценарио, оскар за најдобар глумец во споредна улога (Френк Синатра) и оскар за најдобра глумица во споредна улога (Дона Рид).[2]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во 1941 година. Роберт Ли Пруит бара прекоманда и тој е испратен на Хаваи. Неговиот нов капетан, Дејна Холмс, разбрал дека Роберт добро боксува и го бара во екипата на воената единица. Меѓутоа, Роберт не сака повеќе да се занимава со бокс и поради тоа капетанот Холмс на сите начини се обидува да му го загорчи животот. Во меѓувреме, вондикот Ворден почнува да се гледа со сопругата на капетанот, која е позната по тоа што бара утеха надвор од нејзиниот проблематичен брак. На таквите сложени меѓучовечки односи големо влијание има јапонскиот напад на Перл Харбор.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бокс Офис информации за „Одовде до вечноста“ The Numbers. Проверено на 12 април 2012.
  2. „26 доделување на оскари (1954): номинации и добитници“. oscars.org. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 20 август 2011..
  3. РТС, Одавде до вечности (пристапено на 11.9.2021)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>