Казабланка (филм)
„Казабланка“ | |
---|---|
Постер за оригиналната премиера. | |
Режисер | Мајкл Куртиз |
Продуцент | Хал Б. Волис |
Сценарист | Џулиус Епстаин Филип Епстаин Хауард Кох |
Главни улоги | Хемфри Богарт Ингрид Бергман Пол Хенрајд Клод Рејнс Конрад Вајт |
Музика | Хуго В. Фридхофер Макс Штајнер |
Кинематографија | Артур Едесон |
Монтажа | Овен Маркс |
Дистрибутер | Warner Bros. |
Премиера | 26 ноември 1942 |
Времетраење | 102 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $1.039.000 |
Казабланка (1942) е култен американски романтичен драмски филм, чие дејство се одвива во француски-контролираното Мароко, во градот Казабланка за време на Втората светска војна. Режисер на филмот е Мајкл Куртиz а главните улоги ги имаат Хемфри Богарт како Рик Блејн и Ингрид Бергман како Илса Лунд. Филмот се фокусира на внатрешниот конфликт на Рик, по зборовите на ликот, меѓу љубовта и моралноста: тој мора да избере меѓу неговата љубов кон Илса и правејќи ја вистинската работа, помагајќи ѝ нејзе и на нејзиниот сопруг Виктор Ласзло, водач на отпорот, да побегнат од Казабланка за да продолжат со нивната борба против фашистите.
Иако филмот претставува едно од најголемите остварувања на седмата уметност, со докажани глумци и првокласни сценаристи, никој за време на продукцијата не очекувал Казабланка да биде нешто повеќе од просечно;[1] Тој бил само еден од многуте филмови создадени од Холивуд секоја година. Филмот имал цврст, спектакуларен успех при првите прикажувања, користејќи го публицитетот на инвазијата на Сојузниците во Северна Африка. И покрај големиот број на различни сценаристи кои напорно и брзо сакале да адаптираат неприкажана театарска претстава на големото платно со цел да се забрза продукцијата, како и првата романтична главна улога на Богарт, „Казабланка“ освои три оскари во 1943, вклучувајќи Оскар за најдобар филм. Ликовите, цитатите и музиката денес имаат статус на легендарност. Филмот постојано се рангира близу врвот на листите на најдобрите филмови на сите времиња.
Содржина
[уреди | уреди извор]За време на втората светска војна, Американецот Рик Блејн, кој претходно војувал во Шпанската цивилна војна на страната на Лојалистите и превезувал оружје во Етиопија, се сретнува и се заљубува во Илза Лунд во Париз. Тие не се знаат многу добро и дури даваат збор да не се прашуваат прашања меѓу себе, но сепак водат љубов за некое време. Но еден ден, додека седаат во еден бар во Париз, фашистите ја окупираат Франција и навлегуваат во Париз, Рик и Илза се решаваат за бегство, тогаш Илза дознава дека нејзиниот сопруг, кој таа го мислела за мртов, е жив. Таа му испраќа писмо на Рик, без никакво објаснување, му вели на Рик сам да избега од Париз, затоа тој е принуден да се качи на воз и да замине без неа. Тој стигнува во градот Казабланка и таму си основа свој њокен клуб "Rick's". Кај неговиот клуб доаѓаат скоро сите, дури и германски и француски војници. Тој се обидува да остане неутрален, иако ги мрази фашистите. Еден ден, се случува убиство на два германски курири и се украдени т.н "писма за транзит", со нив носителите можат слободно да патуваат околу Европа и да стигнаат дури до Португалија, која е неутрална во текот на втората светска војна. Убиецот, Угарте (Питер Лоре), доаѓа во клубот на Рик и планира да ги продаде овие писма за транзит и затоа му ги доверува на Рик за чување. Угарте е набрзо уапсен од полицијата под раководство на корумпираниот француски капетан на полицијата, Луис Ренаулт. Угарте завршува во затвор и таму и умира, без да му каже на никој дека писмата за транзит се кај Рик. Истиот ден, поранешната љубовница на Рик, Илза влегува во неговиот клуб со нејзиниот сопруг, Виктор Лесзло, водач на Чешкиот отпор. Илза го здогледува пријателот на Рик и пијанистот, Сем, кој го придружуваше кога се раздели од Илза во Париз. Таа го моли да ја отсвири и да ја испее песната "As Time Goes By". Во тој момент доаѓа и Рик, кој е бесен бидејќи му наредил на Сем никогаш да не ја свири таа песна, но е изненаден кога ја здогледува Илза. Подоцна таа ноќ, Рик е сам во својот клуб, подоцна го придружува Сем, кој се обидува да го убеди Рик да не ја чека, но Рик се сеќава на старите времиња со неа во Париз и очекува таа да дојде. Кога таа доаѓа, тој ја обвинува за нивната разделба и таа си заминува. Во Казабланка доаѓа и германскиот Мајор Штрасер, кој е по Виктор, поради неговите анти-фашистички дејствија. Виктор сака да си замине со својата сопруга од Казабланка за да ја продолжи својата работа и борбата против фашистите. Тој првин зборува со Ферари, кој има свој клуб и е добар пријател на Рик, но тој го насочува него на Рик, бидејќи Рик ги има писмата за транзит кој ќе му овозможаат на Виктор и на Илза да си заминаат од Казабланка. Тој зборува со Рик, но Рик не сака да ги продаде по никоја цена и му вели да ја праша Илза за причината. За тоа време, група на германски офицери предводени од Мајор Штрасер почнуваат да пеат патриотска песна и откога го слушнува ова, Виктор му наредува на оркестарот во клубот да ја отсвири француската химна. Оркестарот погледнува кон Рик и тој ја климнува главата, давајќи им дозвола. Лезсло започнува да ја пее и потоа и другите го прудружуваат, набрзо ги надвладејуваат фашистите. Штрасер се налутува и го натерува Ренаулт да го затвори клубот на Рик. Подоцна, додека Виктор е излезен на митинг на отпорот, Илза отидува кај Рик и се обидува да ги добие писмата за транзит, но откако Рик одбива да ги предаде, таа му се заканува со пиштол, но не може да пука бидејќи сфаќа дека сè уште го сака и тоа дури му го признава на Рик. Тие тогаш зборуваат во текот на ноќта и се смируваат, Рик одлучува да им помогне на Илза и Виктор. Но, ненадејно доаѓа и Виктор, кој успеал да избега од полицијата после нивното провалување во митингот. Рик му наредува на својот келнер Карл да ја однесе Илза за да може да има збор со Виктор. Виктор е свесен за љубовта меѓу Рик и Илза и се обидува да го убеди Рик да ја однесе Илза на безбедно. Подоцна, Виктор е уапсен но пуштен на слобода од Ренаулт, по барање на Рик, кој го убедува дека може да го уапси Виктор за посериозно криминално дело. Подоцна, се оди според планот на Рик, но кога Ренаулт се обидува да го уапси Виктор, Рик му се заканува со пиштол и го натерува да му се јави на аеродромот за да го овозможи бегството на Илза и Виктор. Кога пристигнуваат на аеродромот, Рик му кажува на Илза дека ќе си замине од Казабланка со Виктор, а не со него, како што претходно таа веруваше. Тој исто така ја убедува да се качи на авионот, велејќи дека ќе се кае ако не се качи на авионот, "можеби не денес, можеби не утре, но наскоро до крајот на животот". Набрзо доаѓа и Мајор Штрасер кој се обидува да го спречи бегството на Илза и Виктор, но Рик го убива кога се обидува да интервенира. Рик и Ренаулт одлучуваат да влезат во борба против фашистите и да заминаат за Бразавиле, Рик му кажува на Луис дека "мисли дека ова е почеток на едно убаво пријателство".
Улоги
[уреди | уреди извор]- Хемфри Богарт како Рик Блејн
- Ингрид Бергман како Илза Лунд
- Пол Хенрајд како Виктор Лесзло
- Клод Рејнс како Капетан Луис Ренаулт
- Конред Вајд како Мајор Хајнрих Штрасер
- Сидни Гринстрит како Синор Ферари
- Питер Лоре како Синор Угарте
- Курт Бојс како ограбувачот
- Леонид Кински како рускиот бармен Сашча
- Маделајне Лабеау како Увоне
- Јој Пејг како Анина Брендел
- Џон Куалин како Бергер
- С. З. Сакал како келнерот Карл
- Дули Вилсон како Сем
- Марсел Далио како Емил
- Хелмут Дантине како Џан Брандел
- Грегори Гаје како германскиот банкар
- Торбен Мејер како холандскиот банкер
- Корина Мура како еден гитарист
- Френк Пуглија како еден марокански теписки трговец
- Дан Сејмур како Абдул.
- Џералд Оливер Смит како англичанецот чиј паричник беше украден
- Норма Варден како англичанката на чиј сопруг беше украден паричникот
Популарност
[уреди | уреди извор]Големината на филмот се гледа во големиот број награди кои ова ремек-дело ги има освоено. Меѓу нив се осум номинации за „Оскар“ од кои освоил три: за најдобар филм, за најдобра режија и за најдобро сценарио. Во 1999 година, филмот бил ставен на второт место (по „Граѓанинот Кејн“), на списокот на 100 најдобри филмови, составен од Американскиот филмски институт. Во 2007 година, при повторното гласање, филмот „Казабланка“ се наоѓал на третото место. Во 2006 година, сценариото на „Казабланка“ било прогласено за најдобро сценарио на сите времиња, во конкуренција на 101 сценарио. Најпосле, репликата од филмот „Play it Sam, play As Time Goes By“, се наоѓа на 28. место на стоте најдобри реплики на сите времиња, избрани од Американскиот филмски институт.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Еберт, Роџер (15 септември 1996). „Казабланка (1942)“. Архивирано од изворникот на 2011-11-05. Посетено на 2008-05-05. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Казабланка на Internet Movie Database (англиски)
- Casablanca на Rotten Tomatoes. (англиски)
- Радио адаптација на Казабланка 26 април, 1943; 30 минути, со оригиналните ѕвезди. (MP3) (англиски)
- Radio adaptation of Casablanca January 24, 1944 на „Lux Radio Theater“; 56 минути (MP3) (англиски)
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>
|
- Никулци за американски филмови
- Филмови од 1942 година
- Американски филмови
- Филмови на англиски јазик
- Црно-бели филмови
- Култни филмови
- Драмски филмови
- Романтични драмски филмови
- Филмови за втората светска војна
- Филмови од втората светска војна направени за време на војната
- Историски романтични филмови
- Воени романтични филмови
- Филмови што се одвиваат во втората светска војна
- Филмови што се одвиваат во 1940
- Филмови што се одвиваат во 1941
- Филмови што се одвиваат во Казабланка
- Филмови чие дејствие се одвива во Париз
- Филмови снимени во Калифорнија
- Добитници на оскар за најдобар филм
- Филмови на Мајкл Куртиз
- Филмови на Warner Bros.
- Филмови произведени од Хал Б. Волис
- Сценарија на Ховард Е. Кох
- Сценарија на Џулиус Џ. Епштајн
- Сценарија на Филип Г. Епштајн
- Филмови со Хемфри Богарт
- Филмови со Ингрид Бергман
- Филмови со Курт Бојс
- Филмови адаптирани во телевизиски програми
- Филмови во Националниот филмски регистер на САД