Дождовен човек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Дождовен човек (Rain Man)“
Дожден човек - плакат.jpg
Филмскиот плакат
РежисерБери Левинсон
ПродуцентМарк Џонсон
НастапуваатДастин Хофман
Том Круз
Валерија Голино
МузикаХанс Зимер
КинематографијаЏон Сили
МонтажаСтју Линдер
ДистрибутерUnited Artists
Премиера16 декември, 1988
Времетраење133 минути
Држава САД
ЈазикАнглиски
Италијански
Буџет$25 милиони
Бруто заработка$354.825.435

Дождовен човек (англиски: Rain Man) е американски филм од 1988 година, режиран од Бери Левинсон, по сценариото на Бери Мороу и Роналд Бас. Главните улоги ги толкуваат: Дастин Хофман како Рејмонд, Том Круз како Чарли Бабит и Валерија Џолино како девојката на Чарли - Сузана. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во осум категории, а победил во четири, и тоа: Оскар за најдобар филм, најдобро сценарио, најдобар режисер и најдобар актер во главна улога за Хофман. Покрај нив, филмот освоил неколку награди „Златен глобус“, како и наградата „Златна мечка“ на Филмскиот фестивал во Берлин.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Чарли Бабит (го игра Круз), дилер на автомобили од Лос Анџелес, е на средината на преговорите за четири луксузни спортски автомобили. Зделката е загрозена од државната агенција и на Чарли му се заканува опасноста да загуби многу пари. По краток разговор со еден од вработените, Чарли оди на викенд во Палм Спрингс, заедно со својата девојка Сузана (ја игра Џолино). Патувањето на Чарли е прекинато од неочекуваните вести за смртта не неговиот отуѓен татко, Стенфорд Бабит. Чарли патува во Синсинати, Охајо за да се погрижи за имотот. Таму, тој дознава дека татко му оставил три милиони долари на фондацијата „Синсинати Траст“, додека тој го добива само автомобилот на татко му од марката „Бјуик“. Подоцна, Чарли дознава дека парите се насочени кон една ментална институција, која е дом на неговиот аутистичен брат Рејмонд (го глуми Хофман). По почетниот шок од сознанието дека има брат за кој не знаел дека постои, Чарли го зема Рејмонд ос себе, со намера да изнуди дел од парите, а поради оваа намера го напушта девојката. Набргу, тој ги дознава чудните способности и навики на Рејмонд, кој не сака да патува со авион и има некои постојани навики, но и неверојатна способност за меморирање бројни податоци. Оттука, Чарли го искористува Рејмонд и со негова помош заработува многу пари во едно казино во Лас Вегас, каде им се придружува и Сузана. Кога пристигнуваат во Лос Анџелес, таму веќе е закажано судско рочиште околу старателството над Рејмонд. Во меѓувреме, Чарли се зближува со својот брат и сака да го задржи кај себе, но не поради наследството, туку воден од братската љубов. Сепак, Рејмонд мора да се врати во институцијата.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
  1. HRT (пристапено на 20.12.2018)
  2. HRT (пристапено на 20.12.2018)