Чикаго (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Чикаго“
Чикаго (филм) - плакат.jpg
Филмскиот плакат
РежисерРоб Маршал
ПродуцентБоб Вејнстејн
Харви Вејнстејн
Крег Зедан
Мартин Ричардс
СценаристМаурин Ваткинс
Боб Фоси
Бил Кондон
НастапуваатРене Зелвегер
Кетрин Зита-Џонс
Ричард Гир
Квин Латифа
Џон Рејли
Кристин Барански
Тај Дигс
Луси Лу
МузикаДени Елфмен
КинематографијаДион Биби
МонтажаМартин Валш
ДистрибутерMiramax Films
Премиера27 декември, 2002
Времетраење113 минути
Држава САД
ЈазикАнглиски
Буџет$45 милиони
Бруто заработка$306.776.732[1]

Чикаго (англиски: Chicago) е мјузикл од 2002 година издаден од издавачката куќа „Miramax Films“. Филмот првпат почнал да се прикажува на 27 декември, 2002 во ограничен број на градови, а пошироко почнал да се прикажува на 24 јануари, 2003. Филмот е адаптација на сатиричниот театарски мјузикл, истражува теми на гламурот и скандалот во Чикаго во ерата на џезот. Режисер и кореограф на филмот е Роб Маршал, а адаптацијата за филм е напишана од Бил Кондон. Филмот Чикаго има освоено шест Оскари во 2003 вклучувајќи и оскар за најдобар филм. Овој филм е првиот мјузикл што ја добил наградата најдобар филм по филмот Оливер! во (1968).

Дејствието на Чикаго се врти околу Велма Кели и Рокси Харт, двете осудени за убиство кои чекаат смртна казна во Чикаго од 1920-тите. Велма, која професионално игра во водвиљ, и Рокси, домаќинка со аспирации да биде ѕвезда, се борат за слава која ќе ги држи подалеку од гилотината. Во филмот глумат Кетрин Зета-Џонс, Рене Зелвегер и Ричард Гир.

Приказна[уреди | уреди извор]

Чикаго, околу 1920 година. Наивната Рокси Харт (Рене Зелвегер) оди во посета на ноќен клуб каде настапува Велма Кели (Кетрин Зета-Џоунс), во надеж дека нејзиното момче Фред Касли ќе ѝ најде ангажман како ѕвезда во водвиљот („Сиот тој џез“). По настапот, Велма е уапсена за убиство на нејзиниот неверен сопруг, бидејќи спиел со нејзината сестра Вероника. Откако Рокси сфаќа дека Фред нема да ѝ помогне да влезе во шоу-бизнисот, во момент на бес таа го убива и се обидува дека го намести нејзиниот простодушен сопруг Ејмос. Двете девојки го привлекуваат вниманието на медиумите, но освен за насловните страници на весниците, тие се борат и за наклоноста на нивниот заеднички адвокат познатиот Били Флин (го игра Гир). И покрај ова, полицијата не наседнува на трикот и Рокси е уапсена и испратена во затворот на округот Кук.[2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Top Grossing Movies That Never Hit #1 at the Box Office". Box Office Mojo. конс. July 18, 2010. 
  2. Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 26.
  3. Антена, број 869, 20.2.2015, стр. 20.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: