Кореографија
Кореографија[1][2] (грчки: χορογραφία буквален превод — пишување на танц[3]) — посебна уметничка дисциплина во создавањето на сценско-музички танцови дела. Компонирање, аранжирање на сложени танцови елементи во единствена формално содржинска единица усогласена со музичката основа. Во таканаречениот класичен балет, оваа композиција мора да следи многу канони, додека во модерниот танц кореографите користат послободни форми.[4] Кореограф е музичко-сценски уметник кој создава танцови аранжмани (чекори, движења, фигури итн.) за театарска претстава (балет, драма, опера). Најкомплексни поставки се целовечерните балетски претстави. Најчесто, балетаните со богато танцово искуство и особен талент за овој вид креативна работа, кон крајот на својата активна играчка кариера се одлучуваат за кореографска работа.[4]
Етимологија
[уреди | уреди извор]Зборот кореографија (грчки: χορογραφία) буквално значи „пишување танц“ и е формиран од грчките зборови „χορο“ што значи „кружен танц“, или буквално „играм во круг“ и „γραφία“ што значи „пишувам, бележам“.[4] За прв пат се појавил во американско-англискиот речник во 1950-тите,[5] и зборот кореограф (грчки: χορογραφ) за прв пат го користел Џорџ Баланчин во мјузиклот на Бродвеј „На твоите прсти “ во 1936 година.[6] Пред тоа, за сценските или филмските заслуги користеле фрази како „составите спремени од“,[7] „танцовите спремени од“,[8] или едноставно „танцови“ за означување на кореографот.[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „кореографија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кореографија“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Бајић 2006.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Здравковић 2007
- ↑ Frankie Manning: Lindy Hop Pioneer. KUOW Puget Sound Public Radio. 26 октомври 2006.. 12:31 minutes in. “Presented by Amanda Wilde” Архивирано на 12 октомври 2007 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на 2022-10-02.
- ↑ 6,0 6,1 Taper, Bernard (1996). George Balanchine: A Biography. University of California Press. стр. 180. ISBN 978-0-520-20639-7.
- ↑ Cilindar. RKO Radio Pictures. http://www.imdb.com/title/tt0027125/.
- ↑ Наша банда у "Мелодије, старе и нове". MGM. http://www.imdb.com/title/tt0035055/.
Литература
[уреди | уреди извор]- Taper, Bernard (1996). George Balanchine: A Biography. University of California Press. стр. 180. ISBN 978-0-520-20639-7.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Здравковић, Милован (2007). "Речник основних позоришних појмова" (II допуњено. изд.). Народно позориште у Београду, (Београд – КИЗ АЛТЕРА). стр. 79/80. ISBN 978-86-84897-17-8. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help);|access-date=
бара|url=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) - Бајић, Весна (2006). Музика и игра у преради, обради и композицији - друго поглавље дипломског рада. Београд: ФМУ.CS1-одржување: ref=harv (link)
|