Махершала Али

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Махершала Али
Али во 2016 година
Роден(а)Махершалалхашбаз Гилмор
16 февруари 1974 (1974-02-16) (45 г.)
Оукленд, Калифорнија, САД
ЗанимањеГлумец
Активен период2001–сè уште
СопружникАматус Сами-Карим

Махершалалхашбаз „Машерхала“ Али (роден Махершалалхашбаз Гилмор; на 16 февруари 1974 г.) — американски глумец. Али ја започнал својата кариера играјќи во сериите Преминувајќи ја Јордан и Извештај матрикс пред да ја добие улогата на Ричард Тајлер во научно-фантастичната серија 4400, со која направил важен чекор во кариерата. Својата прва голема филмска улога тој ја добил во романтичната фантастична драма Необичниот случај на Бенџамин Батон. Тој исто така играл во филмовите Предатори, Местото зад боровите, Слободна држава Џонс, Скриени фигури и ја играл улогата на Богс во филмскиот серијал Игри на гладните. Али е исто така познат по улогите во сериите Куќа од карти и Лук Кејџ

За својата изведба како дилерот на дрога Хуан во драмата Месечина (2016), Али добил универзално признание од филмските критичари и добил Оскар за најдобар спореден глумец и номинација за Златен глобус.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога
2003 Револуционер Мак Ласлов
2008 Необичниот случај на Бенџамин Батон Тизи Ведерс
2009 Преку граници Детектив Стрикленд
2010 Предатори Момбаса
2012 Местото зад боровите Кофи Канкам
2013 Повеќе од сестри Дез
2014 Надмоќност Риверс
2014 Игрите на гладните: Мокингџеј – 1 дел Богс
2015 Игрите на гладните: Мокингџеј – 2 дел Богс
2016 Удари Марлон
2016 Слободна држава Џонс Мозес Вашингтон
2016 Месечина Хуан
2016 Скриени фигури Џим Џонсон

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2001–2002 Преминувајќи ја Јордан Д-р. Треј Сандерс 19 епизоди
2002 Прогонуван Алекс Далкур Епизода: "Abby"
2002 Њујоршка полиција Рашард Колман Епизода: "Das Boots"
2003 Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас Обезбедувач Епизода: "Lucky Strike"
2003–2004 Извештај матрикс Џелани Харпер 15 епзиоди
2004–2007 4400 Ричард Тајлер 28 епизоди
2009 Лажи ме Детектив Дон Хјуз Епизода: "Do No Harm"
2009 Закон и ред: Одделение за посебни жртви Марк Фостер Епизода: "Unstable"
2010 Невино осуден Келвин Вилис ТВ филм
2011–2012 Треме Ентони Кинг 6 епизоди
2011–2012 Алфи Нејтан Клеј 12 епизоди
2012 Алкатраз Кларенс Монтгомери Епизода: "Clarence Montgomery"
2013–2016 Куќа од карти Реми Дантон 33 епизоди
2016 Лук Кејџ Корнел Стоукс 7 епизоди

Надворешни врски[уреди | уреди извор]