Кетрин Хепберн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кетрин Хепберн
Katharine Hepburn promo pic.jpg
Кетрин Хепберн во 1941
Роден(а) Кетрин Хјутон Хепберн
Активен 1928 - 1994
Сопружник Ладлоу Огден Смит
(1928-1942)

Кетрин Хјутон Хепберн (12 мај 190729 јуни 2003) беше иконска четирикратна американска оскарвка, општо позната по својата остра духовитост, ново-англиска отменост и бестрашна независност.

Легенда на екранот, Хепберн го држи рекордот за најмногу добиени оскари за најдобра актерка - четири од дванаесет номинации (Мерил Стрип моментално го држи рекордот за најголем број на номинации со четиринаесет). Хепберн има добиено и Еми награда во 1975 година за својата улога во Љубов во урнатините, а исто така номинирана е и за уште четири Емија и две Тони награди во текот на нејзината повеќе од 70-годишна актерска кариера. Во 1999 година, Американскиот Филмски Институт ја прогласува Хепберн за најголема филмска ѕвезда во историјата според својата листа АФИ 100 години... 100 ѕвезди.

Хепберн го избегнувала Холивудскиот публицитет, и одби да конформира на очекувањата за жените. Таа била отворена, наметлива, атлетичарка, и носела панталони пред тоа да биде во мода за жените. Се омажила еднаш, како млада жена, но потоа живеела независно. А 26-годишната афера со Спенсер Трејси била скриена од јавноста. Со својот неконвенционален начин на живот и независен карактер што таа го донесе на екранот, Хепберн ја олицетвори "модерната жена" во Америка во 20-от век и е запаметена како важна културна фигура.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: