Хенри Фонда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хенри Фонда
Fonda.henry.12am.JPG
Хенри Фонда во класикот од 1957 година - 12 гневни луѓе.
Роден(а)Хенри Џејнс Фонда
ВисинаПредлошка:Infobox person/height
СопружникМаргарет Саливан (25 декември 1931 - 1932) (разведен)
Франсис Сејмур Броко (16 септември 1936 - 14 април 1950) (нејзина смрт) 2 деца
Сузан Бланшард (28 декември 1950 - мај 1956) (разведен) 1 дете
Афдера Франчети (10 март 1957 - јануари 1961) (разведен)
Ширли Фонда (3 декември 1965 - 12 август 1982) (негова смрт)

Хенри Џејнс Фонда (16 мај 190512 август 1982) бил славен американски филмски актер, добитник на наградата „Оскар“, најпознат по своите улоги на едноставен идеалист. Вештиот, натуралистички глумечки стил и пристап на Фонда бил прв чекор кон популаризацијата на методската глума.

Фонда започнал како глумец на Бродвеј, а своето деби во Холивуд го имал во 1935 година. Неговата кариера почнала да се качува по нагорна линија по неговата изведба во филмот Плодовите на гневот, за која бил номиниран за „Оскар“. Во текот на својата шестдецениска кариера во Холивуд, Фонда создал силна, привлечна екранска личност со своите улоги во класиците од типот на Инцидентот кај Окс-Боул, Господин Робертс и 12 гневни луѓе. Подоцна, Фонда започнува да игра во предизвикувачки, мрачни епови како Серџо Леоневиот филм Беше еднаш на Дивиот Запад (како злосторник, кој меѓу другото, убива дете и инвалид) како и во лесни комедии од типот на Твое, мое и наше, каде игра заедно со Лусил Бол.

Тој е зачетник на една лоза познати глумци, вклучувајќи ги ќерката Џејн Фонда, синот Питер Фонда, внуката Бриџит Фонда и внукот Трој Герити.

Во 1999 година, од страна на Американскиот Филмски Институт Хенри Фонда бил прогласен за шестата најголема филмска ѕвезда во историјата.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]