Лорен Бекол

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лорен Бекол (англиски: Lauren Bacall) (16 септември 1924, Бруклин, Њујорк, САД - 12 август 2014, Њујорк, САД) - американска филмска глумица.

Л. Бекол во Нормандија, Франција, 1989 г.

Животопис[уреди | уреди извор]

Лорен Бекол им се обраќа на американските војници во Втората светска војна.

Бекол е родена како Бети Џоан Перске (Betty Joan Perske), на 16 септември 1924 година во Бруклин, Њујорк, во семејство на еврејски имигранти од Романија и Полска. Во 1945 година, таа се омажила со Хемфри Богарт, со кого останала во брак 12 години, до неговата смрт.[1]

Фотографија на Бекол во армиското списание „Yank, the Army Weekly“, 1944 г.

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Бекол во филмот „Запишано на ветрот“, 1956 г.

Благодарение на убавината, Бекол ја започнала кариерата како модел, а подоцна била забележана од режисерот Хауард Хокс, кој ѝ ја доделил главната улога во филмот „Да се има и да се нема“, во кој таа глумела покрај славниот Хемфри Богарт. Потоа, заедно ги снимиле и филмовите: „Длабок сон“, „Мрачен премин“ и „Островот Ларго“, а Бекол играла и во филмот „Како да се омажиш за милионер“, заедно со Мерилин Монро. Во 2009 година, Бекол била наградена со почесен „Оскар“.[1]

Бекол во филмот „Како да се омажиш за милионер“, 1953 г.
Бекол и Богарт во филмот „Да имаш и да немаш“, 1944 г.
Бекол и Богарт во филмот „Мрачниот премин“, 1947 г.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 12-13.